Воената академија објави Конкурс за пилоти

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска објави конкурс за запишување на слушатели на стручно оспособување и усовршување на родот авијација.

Ги повикуваме младите граѓани на Република Македонија кои имаат завршено високо образование, не се постари од 28 години и сакаат да бидат идните воени пилоти во Армијата на Република Македонија, да ги достават своите апликации со потребните документи од денеска, најдоцна до 09 март.

При приемот предвид се зема успехот на кандидатите од завршеното високо образование и проверките за физичка подготвеност.

Натамошната селекција се состои од проверка на познавање на англискиот јазик, здравствени проверки и селекција на земја и во воздух која се врши во Центарот за обука на пилоти, кој претставува еден од најусовршените центри за обука на пилоти во Југоисточна Европа.

Конкурсот може да се најде во дневните весници во Република Македонија, како и на веб-страниците на Министерството за одбрана, www.morm.gov.mk и Воената академија, www.ma.edu.mk.

Овој конкурс отвора уникатна можност за секој млад граѓанин на Македонија да ги тестира своите можности, капацитети и знаење и да биде воен пилот во Армијата на Република Македонија.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail