Воениот камп во Охрид ги отвора вратите за граѓаните вознемирени од серијата земјотреси

Министерството за одбрана ги понуди капацитетите на воениот камп „Васко Карангелески“ во Свети Наум, Охрид, за сместување на граѓаните вознемирени од серијата земјотреси што го зафатија градот и околината во последните две недели.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на овој начин одговори на повиците на граѓаните упатени до неа преку социјлните мрежи, да се отворат вратите на воениот камп, бидејќи таму граѓаните би се чувствувале побезбедни.

Министерството за одбрана ги известува граѓаните кои имаат штета од досегашните потреси и чувствуваат потреба да се засолнат во воениот камп додека земјата во Охрид не се смири, дека вратите на кампот се отворени.

Пријавите за сместување во кампот може да се направат на телефонскиот број 070 403 392. Лице за контакт – Ристе Спасовски, раководител на секторот за услуги, туризам, одржување и возен парк во МО.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail