За 12 дена инженерискиот баталјон го изгради мостот во Порој

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Порој им се заблагодари на припадниците на Армијата на Република Македонија од инженерискиот баталјон кои за 12 дена го изградија мостот кој беше однесен од поплавите кои го зафатија регионот.

„Веќе по втор пат Армијата на Република Македонија, тука во Порој успева да реши сериозен проблем на локалното население. Во вакви ситуации најдобро се покажува врската помеѓу граѓаните и Армијата. Во вакво содејство, во вакво партнерство нема нерешливи проблеми“, рече министерката. Таа ја пофали целата инженериска екипа од Армијата за која рече дека успеала за многу краток период да го реши овој проблем, заради своето знаење, искуство, тимската работа и желбата да се помогне.

Министерката се заблагодари и на општината Тетово, но и на локалното население кое им пружило големо гостопримство на припадниците на Армијата.

Градоначалничката на општината Тетово, Теута Арифи се заблагодари на Министерството за одбрана, на тимот од АРМ и на сите сограѓани кои помагаа во изработката на мостот кој е од витално значење за граѓаните на Порој и додаде дека институциите продолжуваат со блиска соработка и во иднина.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail