Заменик – министерот Максути на примопредавање на функцијата Командант на Командата на копнените сили на САД за Европа

Заменик-министерот за одбрана Беким Максути денеска во Визбаден, Германија присуствуваше на церемонијата за примопредавање на функцијата командант на Командата на копнените сили на САД за Европа.

Позицијата командант на копнените сили на САД за Европа од генерал-потполковник Бен Хоџис ја презема генерал-мајор Тимоти Мекгваер.

Церемонијата беше одржана и во чест на пензионирањето на генералот Хоџис.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail