Заменик-министерот Максути во посета на Бугарија

Заменик-министерот за одбрана на Република Македонија, Беким Максути престојува во дводневна посета на Министерството за одбрана на Бугарија, каде се сретна со неговиот бугарски колега, заменик-министерот Атанас Запријанов.

На средбата замениците министри Максути и Запријанов разговараа за можностите за продлабочување на соработката во областа на одбраната, а го потпишаа и Планот за билатерална соработка за 2018 година.

Максути во Бугарија ја посети и Воената академија „Г.С. Раковски“ во Софија, Националниот воен универзитет „Васил Левски“ во Велико Трново и полигонот за обука во Ново Село каде разговараше за можноста за дефинирање на конкретни активности од заеднички интерес.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail