Заменикот – министер Максути во посета на Австрија: Македонија е подготвена брзо да чекори кон целосна евроатлантска интеграција

Заменикот – министер за одбрана на Република Македонија, Беким Максути, денеска во Австрија се сретна со генералниот секретар во Федералното министерство за одбрана, Волфганг Бауман, втор по хиерархија во австриското министерство. На средбата стана збор за билатералните одбранбени односи помеѓу двете земји, како и за начините за нивно интензивирање.

На средбата со домаќинот на посетата, директорот за одбранбена политика, генерал-мајор Јохан Франк, заменикот-министер Максути ги претстави достигнувањата на Македонија во изминатиот период, со акцент на добрососедските односи, очекувањата за добивање на покана за членство во НАТО-Алијансата и содржините на Стратегискиот одбранбен преглед.

Се разговараше за унапредување на соработката помеѓу двете министерства, особено во областа на одбранбената политика, стратегиските комуникации како и за можности за школување наши питомци во нивните воени училишта. За време на средбата беше поздравено престојното претседателство со ЕУ од страна на Австрија и беше искажано уверување за поддршка на Република Македонија на патот кон ЕУ. Стана збор за потенцијалите за дополнителен развој на билатералната соработка.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail