Започна мултинационалниот „Летен Кампус 2015“

voen-muzej-header

Со свечена церемонија на 30 јуни во центарот за обука „Пепелиште” официјално беше отворен шестиот по ред „Летен кампус 2015“ на кој голем број питомци и студенти од 10 различни земји ќе имаат можност да се обучат и научат како да соработуваат во мултинационална средина и да го покажат и докажат своето искуство стекнато на Воената академија.

Деканот на Воената академија полковник д-р Орце Поповски во своето обраќање на свеченоста истакна: „Навистина се радувам што ве гледам во овој број овде и што благодарение на вклучените лица во подготовката на овој летен кампус успеавме да го организираме со најмасовна посета, за што сега јавно им честитам. Со особена радост можам да истакнам дека и на овој кампус ја задржавме традицијата, покрај питомците како униформирани учесници, свое учество да земат и цивилни студенти од Универзитетите во Република Македонија.“
Во претстојните денови, додаде деканот, питомците и студентите од 10 земји, меѓу кои дел се полноправни членки на НАТО, а дел членки на Партнерството за мир, ќе се запознаат, ќе учат заедно, ќе се обучуваат заедно сè со цел еден ден рамо до рамо да застанат во одржување и поддршка на мирот на регионално и глобално рамниште.
На отворањето на Летниот кампус 2015 на присутните им се обрати и проф. д-р Емилија Јаневиќ-Ивановска, проректор за настава на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, која изрази голема благодарност за поканата да учествува на оваа свечена манифестација, ги поздрави присутните и ја потенцираше досегашната успешна соработка на Воената академија со универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
На кампусот свое учество земаат питомци и студенти од Република Бугарија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Косово, Црна Гора, Република Полска, Република Турција, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави како и студенти од Факултетот за безбедност, Европски универзитет и УКИМкампус ние ќе ја продолжиме нашата веќе традиционалната соработка со Црвениот крст на Република Македонија и Дневниот центар Порака од Неготино.
Во рамките на 10-те работни дена, акцент ќе биде ставен на пост–конфликтно дејствување и оспособување на капацитетите на државата како последна фаза од новиот стратегиски концепт на НАТО, како и континуирано усвојување на научените лекции од досегашните пост-конфликтни операции на Алијансата.
Кампусот ќе се затвори со еднострана тактичка вежба на армискиот полигон во Криволак.
facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail