Започна оценувањето на ,,Средната декларирана чета од борбената група и АБХО одделение на Европската Унија”

Започна НАТО оценувањето Ниво 2 на средната декларирана чета од Баталјонската Група на Европската Унија (ЕУ БГ II/2012) и на одделението АБХО од составот на 1.мпбр според концептот за оперативни способности.

НАТО оценувањето Ниво 2 на единицата започна на ден 19.05.2012 година во касарната ,,Чеде Филипоски-Даме“ во Кичево. Во наредните два дена, согласно концептот за оперативна способност (ОCC) на НАТО, ќе се оценува обученоста, оперативната способност и борбената подготвеност на оценуваните единици.

Според динамиката на работата, првиот дел од оценувањето на четата ЕУ БГ II/2012 и одделението АБХО започна со издавање на Предупредувачка наредба, брифинг на командирот на четата за подготвеноста на четата, по што следеше постројување на единиците со комплетното вооружување, борбената техника, материјално-техничките средства и опремата со која располага четата. Според сценариото, четата ЕУ БГ II/2012 доби задача да изврши марш кон АП ,,Криволак“, при што во текот на маршот колоната се соочи со различни инциденти, а по пристигнувањето на АП „Криволак“ воспостави база.

Согласно планот и сценариото за реализација на вежбата во тек на денешниот ден пешадиската чета предвидено е да ги реализира следните активности: блокада на патот и демонстрации, обезбедување на база, контрола на толпа, постапка при пешадиски напад, мединиска евакуација и мобилна патрола. Оценувањето на двете единици ќе го спроведат заеднички оценувачки тимови на НАТО и АРМ.

Утре, во рамките на вежбата покрај продолжување на активностите за оценување на единиците, ќе се одржи церемонија по повод отварање на вежбата “КООПЕРАТИВНА ДОЛГА СТРЕЛА / ЛАНСЕР 2012”-“COOPERATIVE LONGBOW/LANCER 2012”, на која покрај припадниците на АРМ ќе учествуваат претставници од 15 армии на држави членки на НАТО и Партнерството за мир (ПзМ).

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail