Запознавање со културно-историското богатство на Македонија – дел од „Летниот кампус 2014“

Во рамките на четвртата фаза, учесниците на овогодинешниот „Летен кампус 2014“, имаа можност да се запознаат со културното и историско богатство на Република Македонија, а воедно и подобро да се запознаат меѓу себе и да стекнат нови пријателства.

Имено, како дел од организирана тура, учесниците ја посетија Битола, каде имаа можност да се запознаат со дел од културно-историската понуда на овој град. Тие го посетија музејот на Мустафа Кемал Ататурк, а своето слободно време го исполнија и со прошетка низ познатиот Широк Сокак.
Турата продолжи во „бисерот на Балканот“, Охрид, каде на свечена вечера, присуствуваше и деканот на Воената академија, полковникот д-р Орце Поповски, по што учесниците преку вечерна прошетка на градот можеа да се запознаат со долгата македонска традиција и убавините на земјата.

Следниот ден, амбасадорот на Обединетото Кралство во Тирана, како и одбранбените аташеи на Обединетото Кралство во Скопје, Белград и Сараево, заедно со деканот на Воената академија, по прошетката во стариот дел на градот, Самуиловата тврдина и комплексот на црквата „Св. Јован Канео“ изразија големо задоволство од организацијата на Кампусот и порачаа и во иднина да се организираат исти или слични активности.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail