Максути: преку дијалог со младите до поголем развој и подобра иднина

Заменик министерот за одбрана, Беким Максути денеска на покана на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија присуствуваше и се обрати на трибината дел од Проектот „Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во духот на Евро-атлантските интеграции“ која се одржа на Државниот универзитет во Тетово.

На трибината заменик министерот Максути истакна неколку работи кои се значаен сегмент од процесот при интегрирањето во НАТО и ЕУ и тоа:

Факт е дека младите се движечка сила на секое демократско општество, на секоја прогресивна идеја и токму затоа потребен ни е развојот на дијалогот на младите, студентите кои можат да дадат свој придонес токму во процесот на интеграциите;

Инвестирањето во образованието, подигнување на стандардите, условите за живот, можноста за вработување се она кон кое како држава се стремиме да го реализираме и со тоа да спречиме одлив на млади и способни кадри кои се најзначајни за иднината на нашата земја;

Изминативе 25 години, Република Македонија инвестираше многу на својот пат кон интеграциите со што се овозможи младите слободно да се движат, да стекнуваат знаење, да разменуваат идеи со своите колеги од европските држави. Токму затоа потребно е проактивно да се вклучат младите, своето стекнато знаење и својата иднина да ги гледаат во сопствената држава, посочи Максути.

Денешната јавна трибина, прва од планираните четирите има за цел активно да придонесе во процесот на евроатлантските интеграции преку развивање на дијалогот, градењето капацитети и вмрежување на младите и младинските организации и студентите и студентските организации.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail