
Министерката Шекеринска на панелот за проширување на НАТО на Минхенската конференција: Влезот во НАТО ја става Северна Македонија на мапата на бизнис дестинации и отвора пат на домашната економија
Во рамки на Минхенската безбедносна конференција, заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска говореше на Панел дискусијата насловена како „На вратата на НАТО: Осврт на актуелните предизвици во проширувањето“. Шекеринска рече дека со влезот на нашата земја во НАТО значително се засилува безбедноста на овој дел од Европа, и дека […]

Министерката Шекеринска дел од делегацијата предводена од премиерот Заев на Минхенската конференција за безбедност
Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска е дел од владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев на Минхенска безбедносна конференција која започнува денеска и ќе трае до недела, 17 февруари. На ова 55 издание на Минхенската конференција за безбедност, на која учествуваат многубројни претседатели на држави, шефови на влади и […]

Шекеринска од Брисел: НАТО е сојуз на држави со исти вредности кои се поддржуваат и во тешки и во добри моменти
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, во изјавата по денешните сесии на министерскиот состанок во НАТО изрази длабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите во синоќешната несреќа на патот Скопје – Тетово и ги пренесе изразите на сочувство од учесниците на состанокот на Северноатлантскиот совет на Алијансата. „Од генералниот секретар на НАТО, преку високата европска […]

Средба на министерката Шекеринска со грчкиот колега Апостолакис: Нашите влади има храброст да тргнат кон иднината, стануваме сојузници и пријатели
Денеска во Брисел во рамките на министерскиот состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО, министерката Радмила Шекеринска имаше издвоен состанок со нејзиниот грчки колега, министерот Евангелос Апостолакис. Шекеринска и Апостолакис се согласија дека двете земји започнуваат ново поглавје на пријателство и сојузништво. „Ова се историски моменти кои немаше да бидат возможни без лидерството во двете земји, […]

Министерката Шекеринска за прв пат на официјален состанок на НАТО: Ова е историски момент за нас и за Алијансата
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, е првиот наш министер кој денеска во Брисел учествува на официјалниот состанок на министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО. Започнувајќи го состанокот, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и упати добредојде на министерката Шекеринска и изрази задоволство што таа учествува на министерскиот состанок. „Ова е историски момент за […]

Средба Шекеринска – Столтенберг во Брисел: Голем ден за нас, покажавме храброст и затоа сме дел од министерскиот состанок на НАТО
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денеска во Брисел, пред официјалниот министерски состанок на НАТО на ниво на министри за одбрана, се сретна со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Шекеринска пред средбата изрази благодарност до генералниот секретар Столтенберг за искрената поддршка и личното залагање во процесот на пристапување на нашата земја во НАТО. „Чест ми […]

Шекеринска и Царовска во посета на шелтер центар: Нема да се толерира насилство врз жените и децата
Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска посетија еден од шелтер центрите во кои се засолнети жртви на семејно насилство. Целта на посетата беше да им се даде безрезервна поддршка и заштита на жените кои преживеале насилство од своите партнери, но и уверување дека државата […]

Државниот секретар Драган Николиќ во работна посета на Црна Гора
Делегација на Министерството за одбрана на РМ предводена од Државниот секретар, Драган Николиќ на 9. февруари 2019 година престојуваше во работна посета на Црна Гора при што ги посети питомците од 2.година на Воената академија “Генерал Михаило Апостолски” кои својата обука во зимски услови-скијање, ја реализираат во ски центарот Колашин во Црна Гора. За време […]

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска од Тетово: Годинава 12 милиони денари за набавка на спортска опрема за припадниците на АРМ
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска од касарната во Тетово им честиташе на припадниците на Армијата за вчерашниот историски момент во кој нашата татковина после три декади, конечно и заслужено седнува на главната маса на НАТО – Алијансата. „Нашата Армија има најголемо богатство во своите луѓе – војниците, подофицери, офицери во Армијата заслужуваат поголеми инвестиции. […]

Шекеринска: Добрата вест нè обедини сите
„Денеска ми претставува навистина огромна чест како министерка за одбрана да видам дека сите земји – членки на НАТО ни посакаа многу топло, многу силно, многу гласно добредојде во најмоќната воено политичка алијанса во светот. Македонија веќе не е во изолација, Македонија се смета за една од ретките добри вести на европскиот континент. Безбедноста на […]

Средба на министерката за одбрана Шекеринска со хрватскиот министер за одбрана, Крстичевиќ: Колега Дамир, се гледаме во НАТО!
На еден ден до потпишувањето на пристапниот Протокол за членство на Македонија во Алијансата, во посета на нашата земја и на средба со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска пристигна заменик- премиерот и министер за одбрана на Хрватска, Дамир Крстичевиќ. „На примерот на Хрватска гледавме колку членството во НАТО, влијаеше позитивно не само на стабилноста, туку […]

Средба на министерката за одбрана Радмила Шекеринска со Командантот на копнените сили на САД за Европа, генерал-потполковник Кристофер Каволи
Командантот на копнените сили на САД за Европа, генерал-потполковник Кристофер Каволи, во рамките на својата прва официјална посета на Република Македонија и Армијата на Република Македонија, денес во Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, оствари средби со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и НГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски. По пречекот, генералот Каволи оствари […]