ИНТЕРЕН ОГЛАС за прием на кандидати за подофицери на служба во Армијата

Врз основа на член 55 став (1) од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 176/10 и 51/11), член 30, 31, 33, 45 став (4) од Закон за служба во Армијата на Република Македонија (36/10, 23/11, 47/11, 55/12, 29/14, 33/15, 193/15, 193/15, 71/16), и Правилникот за начинот на прием на кандидати за офицери и подофицери на служба во Армијата на Република Македонија по пат на интерен оглас (бр. 01-2054/1 од 17.03.2015 година), министерката за одбрана распишува

ИНТЕРЕН ОГЛАС
за прием на кандидати за подофицери на служба во Армијата

Се распишува интерен оглас за прием на 100 (сто) подофицери на служба во Армијата на Република Македонија (во натамошен текст „Армијата“) и тоа:
• 25 кандидати пешадија,
• 8 кандидати артилерија,
• 2 кандидати инженерија,
• 25 кандидати специјални сили,
• 7 кандидати врски,
• 3 кандидати ЕИ и ПЕД,
• 7 кандидати техничка служба,
• 7 кандидати воздухопловно-техничка служба,
• 5 кандидати интенданска служба,
• 6 кандидати санитетска служба,
• 1 кандидат ветеринарна служба,
• 2 кандидати сообраќајна служба и
• 2 кандидати финансиска служба.

На интерниот оглас може да се пријават професионални војници на служба во Армијата кои ги исполнуваат условите утврдени во огласот и тоа:
Општи услови:
1. да е државјанин на Република Македонија;
2. да е полнолетен; и
3. да има посебна здравствена и физичка способност.
Посебни услови:
1. да има потреба да се постави на должност утврдена со актот за формација на Армијата за која е утврдено да ја извршува подофицер;
2. да ги исполнува критериумите предвидени за формациското место;
3. да има минимум четири години работен стаж во Армијата и најмалку чин десетар;
4. да заврши стручно оспособување и усовршување (во натамошниот текст: СОиУ) за подофицери.

Предност при приемот имаат кандидатите со најдобрите резултати при службеното оценување.
СОиУ за подофицери се организира и спроведува во Командата за обука и доктрини при ГШ на АРМ. Рокот за пријавување на интерниот оглас е 15 дена од денот на неговото објавување 08.02.2019 година.

Заинтересираните кандидати доставуваат пријави до командите и единиците на Армијата кои се проследуваат до Секторот за човечки ресурси при Министерството за одбрана. Кон пријавите доставуваат доказ за:
- завршено образование, диплома во оригинал или заверена копија,
- последните три службени оценки.
Постапката за избор на кандидати ја спроведува Комисија за прием на кандидати за подофицер за служба во Армијата која ја формира министерката за одбрана, согласно Правилникот за начинот на прием на кандидати за офицери и подофицери на служба во Армијата на Република Македонија по пат на интерен оглас (бр. 01-2054/1 од 17.03.2015 година).
Кандидатите кои имаат поднесено комплетни и веродостојни документи ќе бидат упатени на здравствени прегледи за утврдување на нивната посебна здравствена и физичка способност потребна за вршење служба во Армијата и проверка на познавање на англискиот или друг светски јазик.
По извршената селекција, Комисијата за прием на кандидати за подофицер за служба во Армијата изготвува ранг листа која се доставува до министерката за одбрана која врши избор на кандидати за подофицери на служба во Армијата.
Со избраните кандидати министерката за одбрана склучува договор за СОиУ на подофицери.
По завршувањето на СОиУ на подофицери, во зависност од потребите на Армијата, лицата се произведуваат во почетен чин за подофицери во соодветна служба и се поставуваат на должност согласно актот за формација на Армијата.
Интерниот оглас се објавува на интернет страницата на министерството за одбрана и на Армијата и на огласни табли во командите и единиците на Армијата.

Бр. 04-1167/2 од 08.02.2019 година

МИНИСТЕРКА ЗА ОДБРАНА
Радмила Шекеринска Јанковска

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail