ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА УПАТУВАЊЕ НА РАБОТА ВО СТРАНСТВО НА РАБОТНО МЕСТО ШТАБЕН ОФИЦЕР ВО ПОСТОЈАНА МИСИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРИ НАТО И ЕУ ВО БРИСЕЛ, КРАЛСТВО БЕЛГИЈА

Врз основа на член 7 став 1 од Правилникот за упатување на работа во странство бр.03-4557/1 од 19.09.2014 година, министерот за одбрана распишува

ИНТЕРЕН ОГЛАС
ЗА УПАТУВАЊЕ НА РАБОТА ВО СТРАНСТВО НА РАБОТНО МЕСТО
ШТАБЕН ОФИЦЕР ВО ПОСТОЈАНА МИСИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРИ НАТО И ЕУ ВО БРИСЕЛ, КРАЛСТВО БЕЛГИЈА

1. Се распишува интерен оглас за избор и упатување на работа во странство на работно место Штабен офицер во Постојана мисија на Република Македонија при Нато и ЕУ во Брисел, Кралство Белгија за период до 4 години, со можност во исклучителни случаи за продолжување за уште 1 година. Штабниот офицер учествува во работата на Бордот за командување, контрола и комуникација, неговите главни групи и подгрупи, активно се вклучува во работата на агенцијата за комуникациско информатички системи.

2. За работното место од точката 1 на овој оглас, кандидатите треба да ги исполнат следните услови:

  • да е воен старешина во чин потполковник со личен ВЕС која предвидува завршена КША;
  • активно познавање на англискиот јазик SLP 3333 (STANAG 6001);
  • пријавениот кандидат и членовите на неговото потесно семејство (кои би го придружувале) да се државјани на Република Македонија и да немаат државјанство на друга држава;
  • на пријавениот кандидат и членовите на неговото потесно семејство (кои би го придружувале), да не им е изречена казна – забрана за вршење на професија, дејност или должност со правосилна судска пресуда и против истите да не се води кривична постапка за кривично дело кое се води по службена должност;
  • да поседува возачка дозвола за управување со патничко моторно возило и активно да вози;
  • да поседуваат безбедносен сертификат и тоа национален најмалку строго доверливо и NATO/EU Secret;
  • да бидат оценети најмалку со службена оценка се истакнува по четирите критериуми и позитивна оценка од физичките проверки во последната година (доколку подлежат на истите);
  • општата здравствена и психофизичка способност, да ја потврдат со лекарско уверение не постаро од една година, односно со важечки документ за извршен систематски преглед од тековната или претходната година, издаден од Воено медицинскиот центар;
  • пред првото упатување на работа во странство да поминале на работа во Министерството/Армијата најмалку две години;
  • на денот на објавување на огласот за упатување да поминале најмалку 24 месеци од денот на завршување на претходниот мандат при повторно упатување.

3. За предност на кандидатите ќе се смета доколку:

  • завршиле обука за воена дипломатија;
  • го познаваат јазикот на земјата домаќин во која се упатуваат на работа;
  • имаат работно искуство на работи и задачи односно должности од областа во која се упатуваат на работа во странство.

4. Кандидатот кој ќе биде избран за работното место од Огласот ќе треба да одговори на следните работни задачи:

  • Активно се вклучува во работата на агенцијата за комуникациско информатички системи;
  • Прибира соодветни НАТО стандарди и сојузнички публикации заради достигнување на неопходен степен на интероперативност во доменот на К3;
  • Во рамките на регистарот на Националниот безбедносен авторитет при Военото преставништво врши евиденција на распоредување НАТО доверливи документи а воедно е безбедносен офицер за работа со класифицирани документи;
  • Во рамките на Мисијата на РМ при НАТО и НОС, евидентира и проследува безбедносни сертификати а како офицер за безбедност задолжен е за правовремено доставување на барања до НАТО Канцеларијата за безбедност за издавање на адекватни пропусници за преставници од РМ за влез во НАТО Штабот и учество на ЕАПС/ПзМ планирани активности.

5. Огласот да се објави на ден ________2017 година во _______часот со истакнување на огласната табла на Министерството за одбрана, достави до сите организациони единици на Министерството, до командите и единиците на Армијата на Република Македонија и објави на веб – порталот на Министерството за одбрана.

6. Рокот за пријавување на кандидатите е десет работни дена од денот на објавување на огласот.

7. Со пријавата, кандидатите задолжително да ги достават потребните документи наведени во точка 2 од огласот, лично до деловодството на Министерството за одбрана или по пошта како препорачана пратка до Министерството.

8. Пријавите по огласот се собираат во Секторот за човечки ресурси, кој заедно со Секторот за меѓународна соработка обезбедува услови за работа на Комисијата за спроведување на постапката по огласот.

9. Некомплетните и ненавремено доставените документи по огласот нема да бидат разгледувани;

10. Постапката по огласот ја спроведува Комисија формирана со решение од министерот за одбрана;

11. Одлуката за избор на лице за упатување на работа во странство по објавениот оглас се објавува на огласната табла во Министерството за одбрана, на веб-порталот на Министерството и се доставува до организационите единици во Министерството и до командите и единиците на Армијата.

изработил: Тони Костески
контролирал: Ирена Станковска
согласен: полковник Маријо Јуришиќ
одобрил: Васил Зимбаков

с.р. МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА
Радмила Шекеринска Јанковска

Доставено до:
- Сектор за поддршка на министерот
- Заменик министер
- Кабинет на НГШ (командите и единиците на АРМ)
- Државен секретар
- Државни советници
- Секторите и службите во МО
- Воена Академија
- Архива

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail