Исправка на јавниот оглас за прием на професионални војници во служба на Армијата на Република Македонија

Врз основа на член 31, 36, 39 и 40 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/10, 23/11, 47/11, 148/11, 55/12, 29/14, 33/15, 193/15 и 71/16), член 1 од Правилникот за начинот на спроведување на постапка за прием на кандидати за офицери, односно подофицери, професионални војници и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 57/18), Министерството за одбрана на Република Македонија

ОБЈАВУВА
ИСПРАВКА НА ЈАВЕН ОГЛАС
(од 01.11.2018 година)

1. Во Јавниот оглас за прием на професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија објавен во „Слободен Печат“ на 01.11.2018 година, се врши измена во точка 1 од истиот, каде текстот „125 (сто дваесет и пет)“ СЕ МЕНУВА И ГЛАСИ: „130 (сто и триесет)“.
2. Останатите елементи остануваат непроменети, вклучително и рокот од 15 дена за доставување на пријави на заинтересираните кандидати согласно огласот на кој се врши исправка.
3. Исправката има дејство со денот на објавување на огласот за кој се однесува.

Јавен оглас за прием на професионални војници во служба на Армијата на Република Македонија од 01.11.2018

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail