ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА УПАТУВАЊЕ НА СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ И УСОВРШУВАЊЕ – ШКОЛУВАЊЕ НА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ ЗА АКАДЕМСКАТА 2017/2018 ГОДИНА

Врз основа на член 55 став (1) од Законот за организација и работа на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), Правилникот за постапка за избор и упатување на школување, обука, стручно оспособување и усовршување и специјализација на вработените за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија бр. 01-4565/1 од 19.09.2014 година, како и член 2 став (1) и (2) од Меморандумот за соработка меѓу Министерството за одбрана и Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Факултет за безбедност бр. 02-1053/2 од 22.02.2010 година, министерството за одбрана распишува,

И Н Т Е Р Е Н   О Г Л А С
ЗА УПАТУВАЊЕ НА СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ И УСОВРШУВАЊЕ
ШКОЛУВАЊЕ НА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ ЗА АКАДЕМСКАТА 2017/2018 ГОДИНА

1. Се распишува интерен оглас за упатување на стручно оспособување и усовршување – школување на втор циклус на студии за 1 (еден) вработен во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија од областа на безбедноста  на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Факултет за безбедност.

2.   Кандидатите може да конкурираат за упатување на следните студиски програми:

  • Безбедност (едногодишни студии);
  • Криминалистика  (едногодишни студии);
  • Кризен менаџмент  (едногодишни студии);
  • Форензички науки  (едногодишни студии);
  • Безбедност и финансиска контрола (двегодишни студии); и
  • Безбедност (двегодишни студии).

3.  Кандидатите кои ќе конкурираат треба да ги исполнуваат општите услови утврдени од страна на организаторот, и тоа:

3.1. на втор циклус академски студии во времетраење од една година (60 европски кредити) може да се запише лице кое завршило прв циклус академски студии во траење од  4 (четири) години (240 европски кредити);

3.2. на втор циклус академски студии во времетраење од 2 (две) години (120 европски кредити) може да се запише лице кое завршило прв циклус академски студии во траење од  3 (три) години (180 европски кредити);

4.  За школувањето од точка 1 и 2 на огласот, кандидатите треба да исполнат и посебни услови, и тоа:

4.1. до исполнување на условите за редовно пензионирање да им остануваат повеќе од 5 (пет) години;

4.2. да не се корисници на друга школарина од ист вид и ист степен од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.

5.  Со Пријавата кандидатите задолжително ги доставуваат следните документи:

  • Диплома или Уверение за завршени додипломски, односно прв циклус на студии;
  • Кратка биографија (CV); и
  • Мотивационо писмо.

6.   Некомплетните и ненавремено доставените документи по Огласот нема да бидат разгледувани.

7.  Пријавите по огласот со потребната документација се доставуваат до Сектор за човечки ресурси.

8. Огласот се објавува истовремено на ден __________ во ________ часот со истакнување на огласната табла на Министерството за одбрана, со доставување до сите организациони единици на Министерството и командите и единиците на Армијата на Република Македонија  и со објавување на интернет – страната на Министерството за одбрана.

9Рокот за пријавување на кандидатите е 5 (пет) работни дена од денот на објавување на Огласот.

10. За донесената одлука за избор на кандидатот за упатување на стручно оспособување и усовршување, Секторот за човечки ресурси писмено го известува избраниот кандидат и организационата единица каде истиот е вработен.

Акт бр: 04-6352/1
20.11.2017 година

Изработил:       м-р.Билјана Аврамоска Ѓореска
Контролирал:  Никица Јовановска
Согласен:           Васил Зимбаков
Одобрил:            Катерина Ставреска

с.р. МИНИСТЕРКА ЗА ОДБРАНА
Радмила Шекеринска Јанковска

Доставено до:
- Кабинет на министерката за одбрана;
- Заменик на министер;
- Кабинет на НГШ (командите и единиците на АРМ);
- Државен секретар;
- Државни советници;
- Сите организациони единици во МО;
- Воена Академија;
- Архива.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail