КОНКУРС за запишување на лица за стручно оспособување и усовршување со завршен прв циклус на студии за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВОЕНА АКАДЕМИЈА „ГЕНЕРАЛ МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ“ – Скопје

Врз основа на член 25 став 1 од Законот за Воената академија („Сл. Весник на Република Македонија“ бр. 83/2009) и решението на министерот за одбрана бр. 02-5249/1 од 01.09.2016 година, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје објавува

КОНКУРС
за запишување на лица за стручно оспособување и усовршување со завршен прв циклус на студии за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје

Воената академија Скопје распишува конкурс за запишување на 7 (седум) лица на стручно оспособување и усовршување за офицери за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, за следните служби:
1. – за финансова служба 2 (двајца) кандидати;
2. – за техничка служба 2 (двајца) кандидати и
3. – за интендантска служба 3 (три) кандидати.

Стручното оспособување и усовршување е со времетраење од шест месеци.

ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ
На конкурсот може да се пријават кандидати кои ги исполнуваат општите и посебните услови и тоа:
ОПШТИ УСЛОВИ
- да се државјани на Република Македонија;
- да имаат завршено прв циклус на студии, односно стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- да не се постари од 28 (дваесет и осум) години;
- да се психофизички способни (утврдува надлежна комисија формирана од министерот за одбрана).

ПОСЕБНИ УСЛОВИ:
- да не им е изречена мерка на безбедносна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- да ги исполнуваат безбедносните критериуми предвидени со Законот за класифицирани информации, што утврдува надлежен орган во министерството за одбрана;
- за финансиска служба, кандидатите да имаат завршено економски факултет;
- за техничка служба, кандидатите да имаат завршено: машински факултет, факултет за електротехника односно факултет за информатички технологии и
- за интендантска служба, кандидатите да имаат завршено: земјоделски факултет, економски факултет, технолошко-металуршки факултет (прехрамбена или текстилна насока).

Право на учество на конкурсот имаат и кандидати државјани на Република Македонија кои првиот циклус на студии го завршиле во странство.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР И ЗАПИШУВАЊЕ
При изборот за запишување на кандидатите на стручно оспособување и усовршување со завршен прв циклус на студии за офицери за службите за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје покрај општите и посебните услови, при почетното рангирање, во предвид ќе се земат општиот успех на кандидатите од првиот циклус на студии и резултатите од проверката на физичката подготвеност.
При приемот на лица за стручно оспособување и усовршување со завршен прв циклус на студии за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, ќе се почитува принципот на соодветна и правична застапеност на заедниците и родовата застапеност.

ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ
Конкурсот го спроведуваат Конкурсна комисија што ја формира деканот на Воената академија.
Психофизичката способност на кандидатите се утврдува со специјалистички прегледи и оцена од надлежна комисија.
По добивањето на резултатите, кандидатите кои се оценети како психофизички способни се упатуваат на проверка за физичка способност.
Проверката за физичка способност се врши според Тест програмата за проверка за физичката способност.
Проверката за психофизичка способност и проверката за физичка способност имаат елиминаторен карактер.
Со кандидатите кои успешно ќе ги поминат претходните проверки, конкурсната комисија спроведува интрвју.

ВРЕДНУВАЊЕ НА УСПЕХОТ ПРИ ПОЧЕТНОТО РАНГИРАЊЕ
Вреднувањето на општиот успех, успехот постигнат на проверката на физичката подготвеност и интервјуто се изразува во поени.
Максималниот број поени што кандидатот може да ги освои од општиот успех и успехот постигнат на проверката на физичката подготвеност изнесува 100 поени.
Општиот успех на кандидатите постигнат за време на првиот циклус на студии учествува со најмногу 50 поени, интервјуто се вреднува со најмногу 30 поени, а проверката на физичка подготвеност со најмногу 20 поени.
При проверката на физичката подготвеност и интервјуто кандидатите треба да имаат документ за утврдување на идентитетот (лична карта или пасош).
Рангирањето на кандидатите го врши конкурсната комисија.
Во рок од 24 часа по реализацијата на проверката на физичката подготвеност, Конкурсната комисија изготвува и објавува на огласната табла и веб страната на Академијата http://www.ma.edu.mk/ почетна прелиминарна ранг листа на добиените резултати за кандидатите.
Во прелиминарната ранг листа се истакнуваат бројот на поени од општиот успех на кандидатите постигнат за време на првиот циклус на студии, бројот на поени од интервјуто, бројот на поени од проверката на физичката подготвеност и вкупниот број на поени, за секој кандидат.
Кандидатот има право на приговор до Деканатската управата на Академијата преку конкурсната комисија, во рок од 24 часа од објавувањето на прелиминарната ранг листа.
Одлуките по приговорите се објавуваат на огласна табла и веб страната на Академијата http://www.ma.edu.mk/, во рок од 24 часа од истекувањето на рокот за поднесување на приговори.
Одлуката на Управата на Академијата по приговорот е конечна.
Прелиминарната ранг листа станува конечна по истекувањето на рокот за поднесување на приговори.

РОКОВИ
Заинтересираните кандидати за упис на стручно оспособување и усовршување за офицери за службите на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје можат да ги достават потребните документи за пријавување најдоцно 8 (осум) дена од денот на објавувањето на конкурсот.
По утврдување на пријавните листи, пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите од конкурсот ќе бидат повикани за утврдување на психофизичката способност и физичката подготвеност.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ
Кандидатите кои конкурираат на Конкурсот треба да ги поднесат следниве документи:
• пријава (пополнет формулар кој се добива во Воената академија);
• диплома и уверение за завршено високо образование (нострифицирана дипломата за кандидатите кои дипломирале во странство);
• уверение за државјанство;
• извод од матичната книга на родени;
• уверение од надлежен суд за неизречена мерка на безбедносна забрана за вршење професија, дејност или должност и
• кратка биографија (CV).
Документите за пријавување на конкурсот кандидатите треба да ги достават лично во деловодството на Воената академија во Скопје на ул. ,,Васко Карангелески“ бб.

ШКОЛУВАЊЕ, ПРАВА И ОБВРСКИ НА СТУДЕНТИТЕ
Кандидатите кои се примени на Конкурсот за стручно оспособување и усовршување се стекнуваат со статус на слушатели.
Посебните права и обврски на слушателите ќе бидат уредени со договор.
По завршување на стручното оспособување и усовршување, слушателите се произведуваат во чин поручник во соодветната служба и стапуваат на работа во Министерство за одбрана, во согласно со актот за систематизација во министерството и актот за формацијата на Армијата на Република Македонија.

Со почит,
ВОЕНА АКАДЕМИЈА

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail