КОНКУРС за запишување студенти/питомци за потребите на военото воздухопловство на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Македонија на прв циклус студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ − Скопје во учебната 2016/2017 година

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВОЕНА АКАДЕМИЈА „ГЕНЕРАЛ МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ“ − СКОПЈЕ

Врз основа на член 21 став 1 од Законот за Воената академија („Службен весник на Република Македонија“ бр.83/2009), Воената академија во Скопје објавува

К О Н К У Р С
за запишување студенти/питомци за потребите на военото воздухопловство на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Македонија на прв циклус студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ − Скопје во учебната 2016/2017 година

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ − Скопје (во натамошниот текст: Академијата), распишува Конкурс за запишување на 12 студенти/питомци на редовно школување, за родот авијација, за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Македонија на прв циклус студии, со стекнати најмалку 120 ЕКТС кредити на високообразовните институции од областа на техничко-технолошките науки во Република Македонија или на Академијата.
Студиите на прв циклус студии се организираат според студиски програми акредитирани со закон, според нормативите, стандардите и методологијата прифатени од единствениот европски простор за високо образование, вреднувани со кредити по ЕКТС. Студиските програми на прв циклус на студии на Академијата содржат 240 кредити и траат четири години. Секоја година на студиската програма содржи 60 кредити.

ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРС
На Конкурсот може да се пријавуваат кандидати што ги исполнуваат општите услови:
- да се државјани на Република Македонија;
- да имаат стекнати најмалку 120 ЕКТС кредити на високообразовните институции од областа на техничко-технолошките науки во Република Македонија или на Академијата;
- да не се постари од 23 година на денот на пријавување и поднесување документи и
- да се психофизички способни (утврдува военолекарска комисија).
Покрај општите услови, кандидатите треба да ги исполнат и посебните услови:
- да не им е изречена мерка на безбедносна забрана за вршење професија, дејност или должност;
- да ги исполнуваат безбедносните критериуми според Законот за класифицирани информации, што ги утврдува надлежен орган во Министерството за одбрана;
- успешно да го положат тестот за физичка способност во согласност со Тест-прог-ра¬мaта за проверка на моторните способности на студенти/питомци и на студенти на акре¬ди¬тираните студиски програми на прв циклус студии во Академијата и
- успешно да ја поминат селекцијата на земја во Центарот за обука на пилоти.
При изборот на кандидатите за школување на Академијата се води сметка за соодветна и правична застапеност на припадниците на етничките заедници и развој на родовата перспектива, со почитување на принципите на стручност и компетентност.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
При изборот за запишување на студенти/питомци за родот авијација за потребите на военото воздухопловство на Армијата на Република Македонија покрај општите и посебните услови, при почетното рангирање, ќе се земат предвид следните критериуми:
1. општиот успех за време на студиите на другите високообразовни институции од областа на техничко-технолошките науки или општиот успех за време на студирање на Воена академија „Генерал Михаило – Апостолски“;
2. успехот постигнат на проверката за утврдување на психофизичката способност;
3. успехот постигнат на проверката на физичката способност;
4. успехот постигнат на селективните проверки, и тоа:
- проверка на познавање на англиски јазик;
- проверка/селекција на земја;
- проверка на здравствена способност (физичка и психичка), што се врши за персоналот во воздухопловството и другиот стручен персонал и
- проверка/селекција во воздух.
Сите селективни проверки имаат елиминаторен карактер. Кандидатот што нема да помине на една селективна проверка го губи правото да учествува на следните проверки, а со тоа го губи и статусот на кандидат за студент/питомец.

ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ
Конкурсот го спроведува Конкурсна комисија што ја формира деканот на Академијата.
Психофизичката способност на кандидатите се утврдува со специјалистички прегледи и оценка од надлежна Воено-лекарска комисија во Воено-медицинскиот центар во Скопје. При спроведување на проверка на психофизичката способност, кандидатите треба да имаат документи за утврдување на идентитетот (лична карта или пасош).
По добивањето на резултатите од Воено-лекарската комисија, кандидатите што се оценети како психофизички способни се упатуваат на проверка за физичка способност.
При спроведување на проверка на физичката подготвеност кандидатите треба да имаат документи за утврдување на идентитетот (лична карта или пасош).
Проверката за физичка подготвеност се врши според Тест-програмата за проверка за физичката способност.
Постапката за спроведување на тестот за физичка подготвеност се состои од проверка на физичката подготвеност, од следните дисциплини:

 

Скок во далечина од место

Згиб на вратило

Стомачни подигања

Трчање

 

М

Ж

М

Ж

М

Ж

М

1600 m

Ж
800 m

Поени за минимум

сантиметри

репетиции

Издржај во згиб/сек.

подигања

минути

 

180

120

3

3

25

25

8,00

6,00

Проверката на физичката подготвеност има елиминаторен карактер и во понатамошната постапка нема да се рангираат кандидатите што не ги задоволуваат предвидените норми, односно што не освоиле најмалку 50% од поените предвидени за секоја дисциплина поединечно, односно вкупно 5 поени од можните 10 поени за сите дисциплини.

Вреднување на успехот при почетното рангирање
Вреднувањето на критериумите од општиот успех за време на студиите на другите високообразовни институции од областа на техничко-технолошките науки или општиот успех за време на студирање на Воената академија „Генерал Михаило – Апостолски“ и успехот постигнат на проверката на физичката подготвеност се изразува во поени.
Максималниот број поени што кандидатот може да го освои според критериумите од општиот успех и успехот постигнат на проверката на физичката подготвеност изнесува 100 поени.
Општиот успех на кандидатите постигнат за време на студиите учествува со најмногу 80 поени.
Рангирањето на кандидатите го врши Конкурсната комисија.
Во рок од 24 часа по реализацијата на проверката на физичката подготвеност, Конкурсната комисија изработува и објавува на огласната табла и на веб-страницата на Академијата http://www.ma.edu.mk/ почетна прелиминарна ранг-листа на добиените резултати за кандидатите.
Во почетна прелиминарна ранг-листа се истакнуваат бројот на поени од општиот успех за време на студиите на другите високообразовни институции од областа на техничко-технолошките науки или општиот успех за време на студирање на Академијата, бројот на поени од проверката на физичката подготвеност и вкупниот број поени, за секој кандидат.
По завршеното почетно рангирање кандидатите продолжуваат со селективните проверки по англиски јазик, проверка – селекција на земја, посебна здравствена способност и проверка – селекција во воздух.
По завршување на секоја селективна проверка Комисијата определена за вршење на селективната проверка до Конкурсната комисија доставува листа на лица што ја поминале селекцијата.
Во рок од 24 часа по реализацијата на секоја селективна проверка, Конкурсната комисија објавува на огласната табла и на веб-страницата на Академијата http://www.ma.edu.mk/ листа на кандидати што ја поминале проверката.
На секоја листа од селективните проверки кандидатот има право на приговор до Деканатската управата на Академијата преку Конкурсната комисија, во рок од 24 часа од нејзиното објавување.
Одлуките по приговорите се објавуваат на огласна табла на Академијата, во рок од 24 часа од истекувањето на рокот за поднесување приговори.
Одлуката на Деканатската управа на Академијата по приговорот е конечна.
Листите од селективните проверки стануваат конечни и по истекувањето на рокот за поднесување приговор.
По објавување на конечната ранг-листа, Наставно-научниот совет на Академијата доставува предлог-мислење за истата и ја доставува до министерот за одбрана, кој врши избор на кандидатите.

РОКОВИ
Заинтересираните кандидати можат да ги достават потребните документи за пријавување од денот на објавувањето на Конкурсот до 16.01.2017 година.
По утврдување на пријавните листи, пријавените кандидати што ги исполнуваат условите од Конкурсот ќе бидат повикани за утврдување на способностите на кандидатите согласно критериумите за избор.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ
Кандидатите што конкурираат на Конкурсот треба да ги поднесат следните документи:
• пријава (пополнет формулар што се добива во Академијата);
• доказ за освоени најмалку 120 ЕКТС кредити на високообразовните институции од областа на техничко-технолошките науки во Република Македонија или на Академијата;
• уверение за државјанство;
• извод од Матичната книга на родени;
• уверение од надлежен суд за неизречена мерка на безбедносна забрана за вршење професија, дејност или должност и
• кратка биографија (CV).
Документите за пријавување на Конкурсот кандидатите треба да ги достават лично во деловодството на Академија на ул. ,,Васко Карангелески“ бб во Скопје.

ШКОЛУВАЊЕ, ПРАВА И ОБВРСКИ НА СТУДЕНТИТЕ

Кандидатите што се пријавиле за прв циклус на студии за потребите на Армијата на Република Македонија по завршување на студиите се стекнуваат со статус студент/питомец.
За време на школувањето на студентите/питомци им се обезбедува: интернатско сместување, исхрана, униформа, долна облека и обувки, учебници и други предмети и помагала потребни за студирањето, без надомест, здравствено и инвалидско осигурување, месечни примања за подмирување на најнеопходните лични потреби, патни трошоци за доаѓање на Академијата и враќање на почетокот и крајот на секоја учебна година и при школскиот распуст, како и патни трошоци за упатување на пракса од Воената академијата.
Посебните права и обврски меѓу студентите/питомци и Воената академија се уредуваат со договор во согласност со Законот за Воена академија и Статутот на Воената академија.
По завршувањето на школувањето студентите/питомци се произведуваат во чин потпоручник од родот авијација и се примаат на служба во Армијата на Република Македонија, односно на работа во Министерството за одбрана.

Со почит,
ВОЕНА АКАДЕМИЈА

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail