КОНКУРС за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Македонија што ќе се школуваат во Република Турција, во Република Србија и во Република Хрватска во учебната 2017/2018 година

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ВОЕНА АКАДЕМИЈА „ГЕНЕРАЛ МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ“ − СКОПЈЕ

Врз основа на член 21 став 1 од Законот за Воената академија („Службен весник на Република Македонија“ бр.83/2009), Воената академија во Скопје објавува

К О Н К У Р С
за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Македонија што ќе се школуваат во Република Турција, во Република Србија и во Република Хрватска во учебната 2017/2018 година

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ − Скопје, распишува Конкурс за запишување на студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Македонија и тоа:

а) 1 (еден) студент/питомец на школување во Република Турција на Военомедицински факултет;
б) 1 (еден) студент/питомец на школување во Република Србија на Военомедицинска академија, Универзитет за одбрана во Белград и
в) 1 (еден) студент/питомeц на школување во Република Хрватска на програмата Военоинжинерство на Воената академија „д-р Фрањо Туџман“.

ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРС

На Конкурсот може да се пријавуваат кандидати што ги исполнуваат следниве услови:
- да се државјани на Република Македонија;
- да се психофизички способни (утврдува военолекарска комисија).
- да не им е изречена мерка на безбедносна забрана за вршење професија, дејност или должност;
- да ги исполнуваат безбедносните критериуми според Законот за класифицирани информации, што ги утврдува надлежна служба во Министерството за одбрана;
- успешно да го положат тестот за физичка способност во согласност со Тест-прог­ра­мaта за проверка на моторните способности на студенти/питомци и студенти на акре­ди­тираните студиски програми на прв циклус студии во Академијата

Покрај општите услови, кандидатите треба да ги исполнат и посебните услови:

а) За школување во Република Турција

- да не се постари од 20 година на денот на пријавување и поднесување документи и
- да ги положат приемните испити по биологија и по хемија.

Студиите траат 6 (шест) години.
Доколку биде избран кандидат кој не го познава турскиот јазик ќе биде упатен на задолжителна јазична обука во траење од 1 (една) година.

б) За школување во Република Србија

На Конкурсот може да се пријавуваат кандидати што ги исполнуваат општите услови:
- да се родени 1997 година или подоцна и
- да ги положат приемните испити по биологија и по хемија.

Студиите траат 6 (шест) години.

в) За школување во Република Хрватска

На Конкурсот може да се пријавуваат кандидати што ги исполнуваат општите услови:
- да се родени 1995 година или подоцна и
- да ги положат приемните испити по математика и по англиски јазик.

РОКОВИ
Заинтересирани кандидати, документите за пријавување на Конкурсот да ги достават најдоцна до 01.05.2017 година до Воената Академијата на ул. ,,Васко Карангелески“ бб во Скопје.

По завршување на студиите кандидатите им се гарантира прием во АРМ и имаат обврска да поминат во АРМ најмалку двојно подолго од времетраењето на студиите.

Заинтересираните кандидати дополнителни информации за Конкурсот за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Македонија што ќе се школуваат во Република Турција, во Република Србија и во Република Хрватска во учебната 2017/2018 година можат да добијат на веб-страницата на Академијата http://www.ma.edu.mk/.

Со почит,

ВОЕНА АКАДЕМИЈА

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail