КОНКУРС за запишување студенти на втор циклус на студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје во студиската 2017/2018 година

Врз основа на член 21 од Законот на Воената академија („Службен весник на Република Македонија“ бр.83/2009), член 88 став 1 од Статутот на Воената академија бр.07-876/1 од 17.10.2011 година и Правилникот за начинот и постапката за спроведување на конкурс за запишување и избор на кандидати за втор циклус на студии на Воената академија бр.01-628/1 од 26.01.2010 година, Воената академија распишува

К О Н К У Р С
за запишување студенти на втор циклус на студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје во студиската 2017/2018 година

Воената академија ,,Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје (во понатамошниот текст: Академија), распишува конкурс за студенти на втор циклус на студии за студиската 2017/2018 година за студиската програма:

  • Сајбер безбедност и дигитална форензика (35 кандидати)

Студиите од втор циклус – магистратура се организираат во Академијата според академиски студиски програми акредитирани со закон, нормативите, стандардите и методологијата прифатени од единствениот Европски простор за високото образование, вреднувани со кредити по ЕКТС. Студиските програми на втор циклус на Академијата траат една година и со нивното завршување се стекнуваат 60 кредити.

ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРС
Право на учество на Конкурсот имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните услови:

  • да завршиле прв циклус на соодветни или сродни студии во времетраење од 4 (четири) години (8 семестри), односно со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС;
  • право да се запишат во втор циклус на академски универзитетски студии имаат и странски државјани, според условите утврдени со закон и
  • да исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за втор циклус студии на соодветната единица на Универзитетот

ТРОШОЦИ ЗА СТУДИИТЕ

а) Студентите на втор циклус на студии – магистратура се запишуваат со кофинансирање на студиите. Износот на кофинансирањето по семестар изнесува 400 ЕУР и за одбрана на магистерскиот труд 300 ЕУР во денарска против вредност по среден курс на Народна банка на Република Македонија на денот на уплатата.
б) Странските државјани кои се запишуваат на втор циклус на студии – магистратура плаќаат 100% поголема партиципацијата од партиципацијата што ја плаќаат студентите кои се државјани на Република Македонија.
в) Странските државјани кои завршиле прв циклус на студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје се запишуваат на втор циклус на студии под исти услови како студентите-државјани на Република Македонија.

ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

Конкурсот за запишување на втор циклус на студии во Академијата го спроведува Конкурсна комисија што ја формира министерот за одбрана. Конкурсната комисија изготвува ранг-листа на примените кандидати која се објавува на огласната табла на Академијата, како и на веб-страниците на Министерството за одбрана и Академијата.
Предност при рангирањето ќе имаат кандидатите кои имаат завршено прв циклус на соодветни или сродни или работно искуство од областа на програмата за која се врши уписот.
Против ранг-листата кандидатот има право на приговор до Деканатската управа на Академијата, преку конкурсната комисија, во рок од 24 часа од денот на објавувањето на резултатите на огласната табла на Академијата.
Одлуката по приговорот се донесува во рок од 24 часа од поднесувањето на приговорот. Одлуката му се соопштува на подносителот на приговорот со истакнување на огласната табла, а воедно се објавува на веб-страницата на Министерството за одбрана и Академијата.
Ранг-листата станува конечна по истекот на рокот за поднесување на приговори. Посебните права и обврски на кандидатите примени за студенти на втор циклус на студии на Академијата се уредуваат со договор во согласност со Статутот на Академијата.
Кандидатот го остварил правото на запишување доколку се наоѓаат на ранг-листата до бројот што е предвиден со конкурсот за запишување.
Кандидатот којшто го остварил правото на запишување, а во предвидениот рок нема да го изврши запишувањето го губи правото и наместо него правото на запишување го стекнува наредниот кандидат од ранг-листата.
При изборот на кандидатите за школување на Воената академија ќе се води сметка да бидат соодветно и правично застапени лица кои припаѓаат на сите етнички заедници во Република Македонија, полова еднаквост, како и да се почитува принципот на стручност и компетентност.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ

За пријавување на втор циклус на студии кандидатите ги доставуваат следните документи:

  • пријава за запишување која се добива во Воената академија – Скопје;
  • доказ за завршени прв циклус на студии (диплома оригинал или фотокопија заверена кај нотар). Кандидатите кои завршиле во странство и кандидатите странски државјани да достават решение за еквиваленција и признавање на високобразовната квалификација стекната во странство за завршен прв циклус на студии;
  • уверение за положени испити со оценки и кредити (оригинал или фотокопија заверена кај нотар). Кандидатите кои завршиле во странство и странските државјани доставуваат решение за еквиваленција на оценките;
  • кратка биографија (CV);
  • извод од матична книга на родени;
  • уверение за државјанство;
  • потврда за познавање на странски јазик;
  • препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку има);
  • награди, признанија и други документи.

Документите за пријавување на втор циклус на студии се доставуваат лично во деловодството на Воената академија ,,Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје на адреса: ул. ,,Васко Карангелески“ бб.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
За запишување на втор циклус на студии (магистерски студии), кандидатите ги доставуваат следните документи:
1. индекс;
2. 3 фотографии (2 фотографии од 6cm х 9cm и 1 фотографија од 4cm х 5cm);
3. странските студенти доставуваат и потврда за завршена настава по македонски јазик;
4. оригинал уплатници како доказ за уплатени средства за студирање на втор циклус на студии – магистратура, надоместоци за образование и административни трошоци.

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати за школување на втор циклус на студии во студиската 2017/2018 година е 30 дена од денот на објавувањето на конкурсот.
Ако во првиот пријавен рок не се пријават и не бидат примени кандидати во планираниот број, Академијата ќе организира втор пријавен рок 3 (три) дена по објавувањето на конечната ранг листа.

ВОЕНА АКАДЕМИЈА

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail