„Конкурс за оригинална македонска чекорница“

Министерството за одбрана на Република Македонија објавува:

„Конкурс за оригинална македонска чекорница“

„Конкурс за оригинална македонска чекорница“ се објавува заради:
• стимулирање на дела од македонското музичко творештво;
• афирмација на композиторите од Република Македонија;
• збогатување на фондот на композиции за Воениот дувачки оркестар на АРМ од домашни композитори.

Право на учество на Конкурост
• На Конкурсот може да учествуваат композитори со диплома по композиција од високообразовна установа.
• Секој композитор има право да конкурира со по една композиција.
• На Конкурсот може да учествуваат само композитори – државјани на Република Македонија.
• Композициите со кои се конкурира не треба да се претходно јавно изведувани, публикувани и презентирани.
• Композициите со кои се конкурира треба да бидат инструментални (без текст).

Рок за учество на Конкурсот
• Конкурсниот рок за поднесување на композициите е до 1 април 2017 година. Пријавите се поднесуваат најдоцна до 16 часот во архивата на Министерството за одбрана.
• Пријавите на Конкурсот треба да се достават во согласност со условите за категориите утврдени во овој конкурс.

Начин на учество на Конкурсот
• Пријавата на Конкурсот се доставува во затворен плик со назнака до:
Министерството за одбрана на Република Македонија
За Конкурсот: „Конкурс за оригинална македонска чекорница“ со шифра (најмногу 5 знаци од букви или броеви) и текстот „НЕ ОТВОРАЈ“.
Архива на Министерството за одбрана на Република Македонија
ул. Орце Николов бр.116.
1000 СКОПЈЕ | РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
• Податоците за композиторот треба да се наведат во посебен затворен плик приложен со пријавата со назнака: „АВТОР“, назначен со истата шифра.
• Пријавата треба да содржи 3 (три) печатени копии од партитурата. Задолжително треба да се достави партитура и во дигитална форма (ПДФ, Сибелиус, Финале). Задолжително треба да се достави и звучен запис (компјутерска демо-снимка) од делото.
• На ниедна од страниците на партитурата не смее да биде запишано името на композиторот или каков било знак што упатува на неговиот идентитет. Исто така, насловот на композицијата не треба да упатува на идентитетот на авторот.

Задолжителна документација
На Конкурсот, композиторот треба кон пријавата да ја достави следнава документација:
• доказ за завршено високо образование заверен на нотар;
• биографија;
• три печатени копии од партитурата;
• партитура во дигитален формат на ЦД, ДВД или УСБ на начин утврден во точката 5 од овој конкурс;
• извод за државјанство на РМ(може и копија);
• изјава дека ги отстапува правата за неограничени изведби, снимање, емитување и издавање на композицијата;

Општ услов за учество на Конкурсот
Композиторите кои доставиле пријави на Конкурсот се смета дека се согласуваат да ги отстапат правата за неограничен број на изведби на композицијата, снимање на изведбата, емитување и издавање на: Министерство за одбрана, без дополнителен надомест.
Посебни услови за учество на Конкурсот
Состав за кој се наменети: Дувачки оркестар
Времетраење на музичките композиции: Не помалку од 2 минути, не повеќе од 4 минути.

Награди
На конкурсот ќе се доделат следните награди: I награда – во висина од 100.000 денари; II награда (две награди) – во висина од 60.000 денари; III награда (две награди) – во висина од 50.000 денари. Комисијата има право да предложи откуп на дел од останатите пријавени композиции во паричен износ од 30.000 денари.
Во сумите е вклучен и откупот на авторските права.

Критериуми
• Доколку пријавените композициите не ги задоволуваат критериумите на комисијата, истата може да одлучи да не додели некои од одредените награди.
Нема да бидат разгледувани пријавите кои:
- се доставени по истекот на рокот на Конкурсот;
- не ги содржат сите потребни податоци и документи што се бараат во Конкурсот;
- не се придржуваат кон пропишаните конкурсни услови.

Резултати
Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени во печатените јавни гласила, најдоцна за 7 дена од датумот на завршување на конкурсниот рок. За резултатите од Конкурсот, Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени и на веб-страницата на Министерството за одбрана.
Композиторите на откупените композиции треба да достават комплетни материјали за изведба на композициите (штимови) најдоцна во рок од 10 дена по соопштувањето на резултатите од Конкурсот.

Доставените партитури на композициите што нема да бидат откупени ќе бидат вратени на композиторите кои доставиле пријава на Конкурсот.
Известување за резултатите од Конкурсот
Во врска со пријавите од Конкурсот ќе одлучува стручна комисија составена од истакнати стручни и компетентни лица именувана од Министерот за одбрана. Одлуката на комисијата е конечна.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail