К О Н К У Р С за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Македонија на прв циклус студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје во учебната 2018/2019 година

Врз основа на член 21 став 1 од Законот за Воената академија („Службен весник на Република Македонија“ бр.83/2009), Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје објавува

К О Н К У Р С
за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Македонија на прв циклус студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје во учебната 2018/2019 година

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје, распишува Конкурс за запишување на студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Македонија на прв циклус студии на Воената академија за 25 кандидати.
Студиите на прв циклус студии се организираат според студиски програми акредитирани со закон, според нормативите, стандардите и методологијата прифатени од единствениот европски простор за високо образование, вреднувани со кредити по ЕКТС. Студиските програми на прв циклус на студии на Академијата содржат 240 кредити и траат четири години. Секоја година на студиската програма содржи 60 кредити.

ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРС
На Конкурсот може да се пријавуваат кандидати што ги исполнуваат општите услови:

  • да се државјани на Република Македонија;
  • да положиле државна матура, меѓународна матура, училишна матура во ги-мназиско образование или завршен испит по завршено стручно средно образование со четиригодишно траење;
  • да не се постари од 21 година на денот на пријавување и поднесување документи и
  • да се психофизички способни (утврдува военолекарска комисија).

Покрај општите услови, кандидатите треба да ги исполнат и посебните услови:

  • да не им е изречена мерка на безбедносна забрана за вршење професија, дејност или должност;
  • да ги исполнуваат безбедносните критериуми според Законот за класифицирани информации, што ги утврдува надлежна служба во Министерството за одбрана;
  • успешно да го положат тестот за физичка способност во согласност со Тест-прог-ра¬мaта за проверка на моторните способности на студенти/питомци и студенти на акре¬ди¬тираните студиски програми на прв циклус студии во Академијата.

Кандидатите државјани на Република Македонија што средното образование го завршиле во Република Македонија, или што дел од средното образование го завршиле во странство, како и кандидатите што завршиле меѓународна матура, се запишуваат под еднакви услови и критериуми на прв циклус на студии.
При изборот на кандидатите за запишување на Академијата се води сметка за соодветна и правична застапеност на припадниците на етничките заедници и развој на родовата перспектива, со почитување на принципите на стручност и компетентност.
Согласно Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, децата на загинат или починат припадник на безбедносните сили и децата на воен инвалид од I до VII група воен инвалидитет ќе имаат предност при запишувањето на Академијата, под услов да ги исполнат општите и посебните услови, како и да исполнат минимум бодови утврдени со Конкурсот.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
При изборот за запишување на кандидатите на прв циклус студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје во учебната 2018/2019 година, покрај општите и посебните услови се земаат предвид и следните критериуми:

  • општиот успех на кандидатите по сите предмети постигнати во средното образование;
  • успехот од државната матура;
  • успехот од спроведениот приемен испит по математика;
  • успехот од спроведениот приемен испит по англиски јазик, и
  • успехот постигнат на тестот за физичка способност.

ВРЕДНУВАЊЕ НА УСПЕХОТ
Вреднувањето на критериумите се изразува во поени.
Максималниот број поени што кандидатот може да ги освои според сите критериуми изнесува 100 поени.
Општиот успех на кандидатите по сите предмети, постигнат во средното образование учествува со најмногу 35 поени.
На општиот успех постигнат во средното образование, како критериум за запишување, се додава:

  • успехот од државната матура или меѓународната матура, со најмногу 25 поени;
  • успехот од приемниот испит по математика, со најмногу 15 поени;
  • успехот од приемниот испит по англиски јазик, со најмногу 15 поени;
  • успехот од проверката на физичката подготвеност се вреднува со најмногу 10 поени.

Вреднувањето на успехот од средното образование се врши на следниот начин: се собираат сите оценки што се внесени во свидетелствата од сите години, добиениот збир се дели со бројот на оценки и вака добиениот среден успех се множи со 7. На ваков начин може да се добијат максимум 35 поени.

За кандидати што полагале државна матура во учебната 2015/2016, 2016/2017 и 2017/2018 година вреднувањето на државната матура се врши на следниот начин: за сите кандидати задолжителен екстерен испит од државната матура е предметот мајчин јазик (Е1). Другите предмети (екстерни и интерни) кои кандидадите ги избираат при полагање на државната матура, а коишто се значајни за запишување на Академијата се следните:
Екстерен изборен предмет (Е2): математика (основно ниво), математика (напредно ниво) или странски јазик.
Екстерен изборен предмет (Е3):

  • за гимназија: математика (ако не е избран како Е2), странски јазик (ако не е избран како Е2), информатика, физика, хемија, историја, социологија и географија.
  • за средно стручно образование: математика (ако не е избран како Е2), странски јазик (ако не е избран како Е2), бизнис, информатика, физика, хемија, историја и еден стручен предмет.

Интерен предмет (И1):

  • за гимназија: математика (ако не е избран како екстерен предмет), странски јазик (ако не е избран како екстерен предмет), информатика, физика, хемија, историја, социологија и географија;
  • за средно стручно образование: математика (ако не е избран како екстерен предмет), странски јазик (ако не е избран како екстерен предмет), бизнис, информатика, физика, хемија, историја и еден стручен предмет.

За трите екстерни предмети:

  • за кандидатите што на државната матура полагале екстерен предмет што е значаен за студиската програма на која конкурираат, оценката од секој екстерен предмет се множи со коефициент 0,4 и кон тоа се додава перцептилниот ранг на кандидатот (изразен во проценти) за соодветниот предмет поделен со 25;
  • за кандидатите што на државната матура како екстерен предмет полагале математика (напредно ниво), пресметаните поени се удвојуваат;
  • за кандидатите што на државната матура полагале екстерен предмет што е незначаен за студиската програма на која конкурираат, поените од тој предмет, добиени според горната методологија, се множат со фактор 0.

Според оваа основа може да се добијат најмногу 18 поени за сите три екстерни предмети, односно 24 поени за кандидатите што полагале математика (напредно ниво).

За интерниот предмет:

  • оцената за интерниот предмет што се полага на државната матура, а е значаен за студиската програма на којашто кандидатот конкурирал, се множи со коефициент 0,8;
  • за кандидатите што на државната матура како интерен предмет полагале математика (напредно ниво), пресметаните поени за овој предмет се удвојуваат;
  • оценката од интерниот предмет што се полага на државната матура, а е незначаен за студиската програма на којашто кандидатот конкурира, се множи со коефициент 0.

Според ова основа можат да се добијат најмногу 4 поени, односно 8 поени за кандидати што полагале математика (напредно ниво).

За проектната задача:
Оценката од проектната задача се множи со коефициент 0,6. По оваа основа можат да се добијат најмногу 3 поени.

За кандидатите што полагале меѓународната матура, вреднувањето на успехот од матурата се врши на следниот начин: за четири предмети се собираат оценките, добиениот збир се дели со четири, а потоа количникот се множи со 4 (со што се добиваат најмногу 20 поени) и се додава оценката од матурската тема (5 поени).
На ваков начин може да се добијат 25 поени.

ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ
За спроведување на Конкурсот за запишување на прв циклус студии на Академијата се формира конкурсна комисија, комисија за спроведување на приемниот испит по математика и англиски јазик, комисија за спроведување на проверка на физичката подготвеност, комисија за прием на документи и за обработка на податоците.
При спроведување на приемниот испит, кандидатите треба да имаат документи за утврдување на идентитетот (лична карта или пасош).
Пред отпочнувањето на тестот за физичка подготвеност, се врши утврдување на психофизичката способност на кандидатите. Оваа проверка има елиминаторен карактер.
Психофизичката способност на кандидатите се утврдува со специјалистички прегледи и оцена од военолекарска комисија.
Военолекарска комисија врши утврдување на психофизичка способност во согласност Правилникот за мерилата за оценување на посебната здравствена и физичка способност за служба во Армијата на Република Македонија.
Постапката за спроведување на тестот за физичка подготвеност се состои од проверка на физичката подготвеност, по следните дисциплини:

 

Скок во далечина од место

Згиб на вратило

Стомачни подигања

Трчање

 

М

Ж

М

Ж

М

Ж

М

1600 m

Ж
800 m

Поени за минимум

сантиметри

репетициии

издражани во згиб/сек.

подигања

минути

 

180

120

3

3

25

25

8,00

6,00

Проверката на физичката подготвеност има елиминаторен карактер и во понатамошната постапка нема да се рангираат кандидатите што не ги задоволуваат предвидените норми, односно што не освоиле најмалку 50% од поените предвидени за секоја дисциплина поединечно, односно вкупно 5 поени од можните 10 поени за сите дисциплини.
При проверка, кандидатите треба да имаат документи за утврдување на идентитетот (лична карта или пасош).
Рангирањето на кандидатите го врши Конкурсната комисија. Услов за избор на кандидатите за прием на Академијата се освоени најмалку 60 поени, добиени по сите основи, од можните 100 поени.
Во рок од 24 часа по реализација на проверките на физичката подготвеност, Конкурсната комисија изготвува и објавува на огласната табла и на веб страницата на Академијата прелиминарна ранг-листа на добиените резултати за кандидатите за запишување на прв циклус на студии на Академијата.
Во прелиминарната ранг-листа се истакнува бројот на поени од средното образование (среден успех), бројот на поени од државна матура (среден успех), бројот на поени од спроведените приемни испити по математика и англиски јазик, бројот на поени од проверка на физичката подготвеност и вкупниот број поени за секој кандидат.
На прелиминарната ранг-листа, кандидатот има право на приговор до Деканатската управа на Академијата преку Конкурсната комисија, во рок од 24 часа од нејзиното објавување. Приговорот се доставува лично во деловодството на Воената академија во Скопје на ул. ,,Васко Карангелески“ бб.
Одлуките по приговорите се објавуваат на огласната табла и на веб страницата на Академијата, во рок од 24 часа од истекување на рокот за поднесување приговори.
Одлуката на Управата на Академијата по приговорите е конечна, по што Конкурсната комисија ја објавува конечната ранг-листа на огласната табла и на веб страницата на Академијата.
Во случај да нема поднесени приговори, прелиминарната ранг-листа станува конечна по истекување на рокот за поднесување приговори.
Во случај два или повеќе кандидати да имаат еднаков број поени и да не може да се изврши избор на предвидениот број кандидати за прием на Академијата, предност при изборот ќе имаат кандидатите-добитници на награди и признанија на државни и на меѓународни натпревари во области значајни за соодветната студиска програма. Видот и соодветноста на наградите и на признанијата ги утврдува Конкурсната комисија.
По објавување на конечната ранг-листа, Наставно-научниот совет на Акаде¬ми¬јата, донесува предлог-мислење за истата и го доставува до министерката за одбрана, која донесува конечно решение за прием на кандидатите од листата.

РОКОВИ
Заинтересираните кандидати за упис на Воената академија за учебната 2018/2019 година може да се пријават на првиот пријавен рок во деновите 15 и 16.08.2018 година, во време од 08,30 до 16,30 часот. Доколку во првиот пријавен рок не бидат примени кандидати во планираниот број, Воената академија ќе организира втор уписен рок на ден 11.09.2018 година.
По утврдувањето на пријавните листи, пријавените кандидати што ги исполнуваат условите од конкурсот ќе бидат повикани за утврдување на психофизичката способност, физичката подготвеност и за полагање на приемните испити по математика и англиски јазик.

ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

Кандидатите треба да ги поднесат следниве документи:

  • молба, што се добива во Воената академија;
  • пријавен лист, што се добива во Воената академија;
  • свидетелства за сите четири години од средното образование во оригинал;
  • диплома за положен матурски испит во оригинал;
  • уверение за државјанство во оригинал;
  • извод од матичната книга на родени во оригинал;
  • уверение од надлежен орган за неизречена мерка на безбедносна забрана за вршење професија, дејност или должност и
  • потврда од матичен лекар за здравствената состојба на кандидатот.

Кандидатите кои матурскиот испит го полагале во учебната 2017/2018 година, дипломата за положен матурски испит можат да ја достават дополнително, а најдоцна до 31.08.2018 година.
Кандидатите државјани на Република Македонија што средното образование или што дел од средното образование го завршиле во странство треба да достават документ издаден од надлежно министерство за нострификација на свидетелства за сите години, за дел од годините што ги завршиле во странство или диплома за завршено средно образование добиена во странство.
Документите за пријавување на конкурсот кандидатите треба да ги достават лично во деловодството на Воената академија во Скопје на ул. ,,Васко Карангелески“ бб.

ШКОЛУВАЊЕ, ПРАВА И ОБВРСКИ НА СТУДЕНТИТЕ
Кандидатите што се пријавиле за прв циклус на студии за потребите на Министерството за одбрана, односно за Армијата на Република Македонија по запишувањето на студиите се стекнуваат со статус студент/питомец.
За време на школувањето на студентите/питомци им се обезбедува: интернатско сместување, исхрана, униформа, долна облека и обувки, учебници и други предмети и помагала потребни за студирањето, без надомест, здравствено и инвалидско осигурување, месечни примања за подмирување на најнеопходните лични потреби, патни трошоци за доаѓање на Академијата и враќање на почетокот и крајот на секоја учебна година и при школскиот распуст, како и патни трошоци за упатување на пракса од Воената академијата.
Посебните права и обврски меѓу студентите/питомци и Воената академија се уредуваат со договор во согласност со Законот за Воена академија и Статутот на Воената академија.
По завршувањето на школувањето студентите/питомци се произведуваат во чин потпоручник од соодветен род и се примаат на служба во Армијата на Република Македонија, односно на работа во Министерството за одбрана.

Со почит,
ВОЕНА АКАДЕМИЈА

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail