ОБЈАВА бр.01/2018 за давање во закуп на недвижни ствари – деловни простории по пат на електронско јавно наддавање

Согласно член 39 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (Сл. Весник на РМ бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18) и Одлуките на Владата на Република Македонија за давање во закуп на недвижни ствари бр. 44-2980/1, 44-2982/1, 44-2985/1, 44-3107 и 44-8296/1-17 од 20.03.2018, 44-3108/1 од 10.04.2018 и 44-3946/1 од 02.05.2018 година (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 53, 54/18, 68/18 и 84/18), Решението на министерката за одбрана бр. 02-3505/1 од 28.05.2018 година, Комисијата за недвижни и движни ствари на Министерството за одбрана објавува

ОБЈАВА бр.01/2018
за давање во закуп на недвижни ствари – деловни простории
>по пат на електронско јавно наддавање

1.      Предмет на давање во закуп се недвижни ствари – деловни простории утврдени со Одлуките на Владата на Република Македонија за давање во закуп на недвижни ствари бр. 44-2980/1, 44-2982/1, 44-2985/1, 44-3107 и 44-8296/1-17 од 20.03.2018, 44-3108/1 од 10.04.2018 и 44-3946/1 од 02.05.2018 година (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 53, 54/18, 68/18 и 84/18) и Решението на министерката за одбрана бр. 02-3505/1 од 28.05.2018 година и тоа:

Ред.

Бр.

Катастарски податоци на недвижните ствари

Површина

м2

Проценета вредност

во денари

Почетна месечна закупнина

во денари без ДДВ

Рок на давање во закуп

ул. А. Димовски во Скопје, зграда број  3, влез 1,  кат ПР, број 1, намена на посебен/заеднички дел од зграда ДП, и тоа: ДП1, ДП2, 01 и WC1, со внатрешна површина од 114м2, од вкупно 414м2 , на КП бр.747/1, КО Кисела Вода 2,  ИЛ бр.105974 КО Кисела Вода 2, сопственост на РМ корисник Министерство за одбрана

114

4.589.345

22.947

7 години
ул. Јосиф Јосифовски бр.1 во Битола, зграда број 1,  влез 1,  кат ПР, намена на посебен/заеднички дел до зграда  ДП, со површина од 128м2, КП 8968/3, ИЛ бр.30639 КО Битола 3, сопственост на РМ корисник Министерство за одбрана

128

8.733.492

43.667

7 години
ул. Партизанска бр.96/98 во Битола зграда бр.1, влез 4,  кат ПР, со површина од 104м2, КП бр.14618, КО Битола 3, ИЛ бр.91955, сопственост на Република Македонија, корисник Министерството за одбрана

104

5.495.640

27.478

7 години
Зграда број  2, влез 1, на КП бр.3374/1, КО Кичево 6,  ИЛ бр.2165, сопственост на Република Македонија, корисник Министерството за одбрана

324

8.480.235

42.401

7 години
бул. „Ослободување“ бб во Кичево,

-зграда број 1, влез 1, кат ПР, број  ДП1, со површина од 45м2 ,

-зграда број 1, влез 1, кат ПР, број  1, помошни простории со површина од 14м2,. на КП бр. 2094/2, КО Кичево 8, ИЛ бр.56090, сопственост на Република Македонија, корисник Министерството за одбрана

59

2.048.503

10.243

7 години
Кантина во касарната Кузман „Јосифовски Питу“, зграда број 28, влез 1, кат ПР, број 1, со површина од 128 м2, која се наоѓа на КП број 727, КО Тетово 1, евидентирана во Имотен лист бр.14, сопственост на Република Македонија, корисник Министерството за одбрана.

128

2.375.886

11.879

7 години
Дом на АРМ во Тетово на улица „Борис Кидрич“ -, на КП број 2077 КО Тетово 1, евидентирани во Имотен лист бр.6335, сопственост на Република Македонија, корисник Министерството за одбрана, со вкупна површина од 896 м2,

896

83.566.077

417.830

7 години

2.       Постапката за давање во закуп на недвижните ствари од точка 1 од ова решение ќе ја спроведе Комисија за недвижни и движни ствари на Министерството за одбрана, формирана со решение бр. 02-768/3 од 01.03.2018 година по пат на електронско јавно наддавање.

3.        Увид на недвижните ствари – деловни простории заинтересираните лица ќе им биде обезбеден од страна на вработените на месната подрачната единица на Министерството за одбрана секој ден, за време на траење на објавата. Контакт телефони: Скопје 070-209-811, Кичево 071-326-516, Битола 071-294-380, Тетово 070-478-353.

4.       Цената за месечната закупнина  на недвижните ствари – деловни простории, е утврдена со проценки од страна на Бирото за судски вештачења – Скопје бр. СВ 5 23/15, СВ V 18/18, СВ V 17/18, СВ 5 15/18, СВ 5 16/18, СВ 5 22/18 и СВ 5 13/18.

5.         Пријавувањето за учество на јавното наддавање се врши електронски на следната интернет адреса: е-aukcii.finance.gov.mk.

Право на учество на јавното електронско наддавање имаат сите  домашни и странски физички и правни лица кои ќе достават:
-            Пријава за учество, (во слободна форма)
-            Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2% од проценетата вредност на недвижните ствари, со рок на важење 90 дена од издавањето во корист на Министерство за одбрана, трезорска сметка 100000000063095, сметка на МО 050010011663115, приходна шифра на Министерството за одбрана  725939, програма 10. Банкарската гаранција се доставува во оригинал во архивата на Министерството за одбрана со назнака за Комисија за недвижни и движни ствари на МО  – Објава 1/2018.
-            Тековна состојба на правното лице од единствениот трговски регистар и регистарот на други правни лица или копија од лична карта за физички лица.

Сите документи се прикачуваат електронски на софтверот, а банкарската гаранција за сериозност на понудата треба да се  достави и во писмена форма -оригинал. Тековната состојба  да не биде постара од 3 (три) месеци.

6.        За учество на јавното наддавање, учесниците се должни електронски да се пријават на системот и да ја достават банкарската гаранција до Министерство за одбрана до 29.06.2018 23:59 часот.

Комисијата на подносителите кои во системот за електронско јавно наддавање се пријавиле со комплет документи во прилог, наведени во точка 5 од објавата, во рок од три дена по истекот на времетраењето на објавата ќе им достави корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.

7.        Јавното електронско наддавање ќе се изврши на интернет страницата

е-aukcii.finance.gov.mk на 05.07.2018 година (четврток) со почеток во 11.00 часот.

8.       Начин и постапка за спроведување на јавното наддавање:

-            Јавното наддавање се спроведува во согласност со одредбите во член 26 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (Сл. Весник на РМ бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18).
-            За да се одржи  јавното наддавање, потребно е да има најмалку еден учесник.
-            За најповолен понудувач на јавното наддавање се смета учесникот кој понудил последна цена, која претставува највисока цена за закуп на недвижните ствари.
-            Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од приемот на писменото известување за избор, да уплати средства согласно постигнатата крајна цена од наддавањето, во спротивно нема да се пристапи кон склучување на договор, а банкарската гаранција за сериозност на понудата ќе биде активирана и понудувачот во период од 1 година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната недвижна ствар.
-            Носителот на правото на сопственост со најповолниот понудувач, ќе склучи договор за закуп во рок од 15 работни дена по извршената уплата на постигнатата крајна цена од наддавањето.
-            Данокот за додадена вредност од 18% и нотарските трошоци за договорот за закуп ќе паднат на товар на  закупувачот.

9.       Учесниците на јавното наддавање имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното наддавање. Приговорот се доставува до Комисијата во рок од 3 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање. Комисијата одлучува по приговорот со решение во рок од 5 дена од приемот на приговорот.

Против решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

За поблиски информации заинтересираните лица може да се обратат до Министерството за одбрана, лице за контакт Елвин Ејуб тел. 02/328-2377 и 070-403-123.

Комисија за недвижни и движни ствари
на Министерство за одбрана

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail