ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на 1 (еден) посебен советник во Кабинетот на министерката за одбрана на Република Македонија, на определено време

Врз основа на член 22 став (1) алинеја 6, став (5) и став (8) од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18), а во врска со член 22 и член 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18), министерката за одбрана на Република Македонија, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на 1 (еден) посебен советник во Кабинетот на министерката за одбрана на Република Македонија,
на определено време

1. Министерството за одбрана има потреба од вработување на 1 (еден) посебен советник во кабинетот на министерката за одбрана.

Кандидатот треба да ги исполнува следните општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија,
- да има општа здравствена способност,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Кандидатот покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:
- да има завршено најмалку високо образование VII/1 или студии со стекнати 240 кредити ЕКТС.
- со работно искуство.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат наведените услови.

Кандидатот кон пријавата треба да ги достави доказите за исполнување на условите наведени во јавниот оглас, во оригинална форма или копија заверена кај нотар и тоа:

- Доказ за државјанство на Република Македонија;
- Доказ за општа здравствена способност за работното место;
- Доказ со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;
- Уверение/диплома за завршен степен на образование;
- Кратка биографија;
- Мотивациско писмо.

Распоред на работно време:
- работни часови во неделата: 40;
- работно време: од 08:30 до 16:30;
- работни денови: од понеделник до петок.

Како посебни услови за работата во кабинетот се предвидуваат: работа за време на неделен одмор, работа за време на празници утврдени со закон, заради извршување на итни и неодложни работи.

Паричен износ на основната нето плата изнесува од 35.000 денари до 50.000 денари.

Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за вработување на определено време.

Вработувањето на советникот трае најдолго до истекот на мандатот на министерката за одбрана на Република Македонија.

Рокот за доставувањето на пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Изборот на кандидатот ќе се изврши во рок од 5 (пет) дена по истекот на рокот на пријавувањето во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Пријавата со потребните документи да се достави до архивата на Кабинетот на министерката за одбрана на Република Македонија, ул. „Орце Николов “ бр.116, 1000 Скопје, со назнака „за огласот за посебен советник“

Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во архивата на Кабинетот најдоцна до денот на завршувањето на рокот на јавниот оглас.

Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.

2. Постапката за вработувањето од точка 1 на овој јавен оглас ја спроведува Комисија за селекција и избор на кандидати по јавен оглас.

3. Јавниот оглас за вработување на наведеното работно место, да се објави во најмалку два дневни весници од кои најмалку во по еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и во весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail