ЈАВЕН ОГЛАС 01/2018 за вработување на 5 (пет) лица во Министерството за одбрана

Врз основа на член 5, член 6 став (1) и член 20-г став (1) од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18) и член 22 став (1) точка 1 и член 23 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18), и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 34/15), министерството за одбрана објавува

ЈАВЕН ОГЛАС 01/2018
за вработување на 5 (пет) лица
во Министерството за одбрана

Министерството за одбрана објавува оглас за вработување на 5 (пет) лица на неопределено време на следниве работни позиции:

1. Ракувач со парни котли и чувар во Одделение за одржување во Сектор за услуги и туризам, возен парк, одржување и обезбедување – 1 извршител;
Кандидатите кои ќе аплицираат на јавниот оглас за пополнување на наведеното работно место треба да ги исполнуваат следните:
Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- стекнати 180/240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или средно образование;
- со или без работно искуство во струката.
Работни денови:
- од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40.
Работно време:
- времетраење на работниот ден е осум часа со почеток на работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток помеѓу 15:30 и 16:30 часот.
Паричен нето износ на плата:
- 12.100,00 денари;
Наведеното работно место предвидено е да го пополни лице од албанска етничка припадност.

2. Чувар во Дом на АРМ во Скопје во Одделение за одржување во Сектор за услуги и туризам, возен парк, одржување и обезбедување – 1 извршител;
Кандидатите кои ќе аплицираат на јавниот оглас за пополнување на наведеното работно место треба да ги исполнуваат следните:
Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- стекнати 180/240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или средно образование;
- со или без работно искуство во струката.
Работни денови:
- од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40.
Работно време:
- времетраење на работниот ден е осум часа со почеток на работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток помеѓу 15:30 и 16:30 часот.
Паричен нето износ на плата:
- 12.000,00 денари;
Наведеното работно место предвидено е да го пополни лице од албанска етничка припадност.

3. Помошен работник-набавувач на материјални и технички средства во Одделение за градежно обезбедување во Сектор за недвижности – 1 извршител;
Кандидатите кои ќе аплицираат на јавниот оглас за пополнување на наведеното работно место треба да ги исполнуваат следните:
Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- стекнати 180/240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или средно образование;
- со или без работно искуство во струката.
Работни денови:
- од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40.
Работно време:
- времетраење на работниот ден е осум часа со почеток на работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток помеѓу 15:30 и 16:30 часот.
Паричен нето износ на плата:
- 12.000,00 денари;
Наведеното работно место предвидено е да го пополни лице од албанска етничка припадност.

4. Продавач- касиер во кантина во МО во Одделение за услуги и туризам во Секторот за услуги и туризам, возен парк, одржување и обезбедување – 1 извршител;
Кандидатите кои ќе аплицираат на јавниот оглас за пополнување на наведеното работно место треба да ги исполнуваат следните:
Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- стекнати 180/240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или средно образование – угостителско;
- со или без работно искуство во струката.
Работни денови:
- од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40.
Работно време:
- времетраење на работниот ден е осум часа со почеток на работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток помеѓу 15:30 и 16:30 часот.
Паричен нето износ на плата:
- 12.100,00 денари;
Наведеното работно место предвидено е да го пополни лице од албанска етничка припадност.

5. Келнер во кафеџилница во МО во Одделение за услуги и туризам во Сектор за услуги и туризам, возен парк, одржување и обезбедување – 1 извршител;
Кандидатите кои ќе аплицираат на јавниот оглас за пополнување на наведеното работно место треба да ги исполнуваат следните:
Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- стекнати 180 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или средно образование – угостителско;
- со или без работно искуство во струката.
Работни денови:
- од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40.
Работно време:
- времетраење на работниот ден е осум часа со почеток на работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток помеѓу 15:30 и 16:30 часот.
Паричен нето износ на плата:
- 12.100,00 денари
Наведеното работно место предвидено е да го пополни лице од ромска етничка припадност.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање дадени во овој оглас.
Пријавата за огласот може да се подигне од деловодството на Министерството за одбрана како и од интернет страницата на министерството.
Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена кај нотар и тоа:
- Уверение за државјанство;
- Доказ дека не им е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност;
- Уверение/диплома за завршен степен на образование;
- Кратка биографија;
- Лекарско уверение од Институт за медицина на труд и
- Мотивациско писмо.
Спроведувањето на постапката за селекција опфаќа четири фази и тоа:
- Фаза I – административна селекција (проверка на исполнувањето на општите и посебните услови барани со јавниот оглас);
- Фаза II – проверка на потребните работни компетенции за извршување на работите (тест и интервју);
- Фаза III – рангирање на кандидатите и
- Фаза IV – избор на кандидати.

Изборот на кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став (2) од Законот за работните односи. Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 3 работни дена сметано од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавата со потребната документација треба да се достави до деловодството на Министерството за одбрана или по пошта на следната адреса: „ул. Орце Николов бр.116“ – 1000 Скопје, деловодство на Министерство за одбрана, со назнака „за јавен оглас за вработување“.
Ненавремените пријави нема да се разгледуваат.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail