ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА УПАТУВАЊЕ НА СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ И УСОВРШУВАЊЕ – ШКОЛУВАЊЕ НА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ ЗА АКАДЕМСКАТА 2013/2014 ГОДИНА

Врз основа на член 57 став 1 од Законот за организација и работа на државната управа (Службен весник на Република Македонија бр.58/2000, 44/2002, 82/2008, 167/2010 и 51/2011), Правилникот за упатување на стручно оспособување и усовршување бр.01-1275 од 20.02.2012 година и член 2 став 2 од Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за одбрана и Државниот Универзитет во Тетово бр.02-3054/1 од 31.05.2013 година, министерот за одбрана распишува,

ИНТЕРЕН ОГЛАС
ЗА УПАТУВАЊЕ НА СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ И УСОВРШУВАЊЕ –
ШКОЛУВАЊЕ НА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ
ЗА АКАДЕМСКАТА 2013/2014 ГОДИНА

1. Се распишува интерен оглас за упатување на стручно оспособување и усовршување – школување на втор циклус на студии за вкупно 5 (пет) вработени во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија од областа на општествени, медицински и применети науки на Државниот Универзитет во Тетово.

2. Кандидатите кои ќе конкурираат треба да ги исполнуваат следните општи услови утврдени од страна на организаторот:
2.1. да имаат завршено академски студии од I (прв) циклус (додипломски студии).

3. За школувањето од точка 1 на огласот, кандидатите треба да ги исполнат следните посебни услови:
3.1. да имаат максимум 5 (пет) години до исполнување на услов за пензионирање;
3.2. да не се корисници на друга школарина од ист вид и ист степен од Министерството за одбрана и АРМ.

4. Со Пријавата кандидатите задолжително ги доставуваат документите заедно со кратка биографија (CV).

5. Некомплетните и ненавремено доставените документи по Огласот нема да бидат разгледувани.

6. Пријавите по огласот со потребната документација се доставуваат до Сектор за човечки ресурси.

7. Огласот да се објави истовремено на ден 22.08.2013 година со истакнување на огласната табла на Министерството за одбрана, со доставување до сите организациони единици на Министерството и командите и единиците на Армијата на Република Македонија и да се објави на интернет – страната на Министерството за одбрана.

8. Рокот за пријавување на кандидатите е 8 (осум) работни дена од денот на објавување на Огласот

9. За донесената одлука за избор на кандидатот за упатување на стручно оспособување и усовршување, Секторот за човечки ресурси писмено го известува избраниот кандидат и организационата единица каде истиот е вработен.

Бр.04-4427/2
22.08.2013 година
Скопје

Talat Xhaferi с.р.
министер

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail