Аѓутант на врховниот командант

бригаден генерал Мирче Ѓоргоски

agjutant

Аѓутантот на претседателот Иванов, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, военото образование го започнал во Воената гимназија во Белград, веднаш по завршувањето на основното училиште во Охрид. Воената Академија ја завршил како офицер на родот артилерија во Белград. Дипломирал на командно штабната академија „Генерал Михајло Апостолски” во Скопје, а високи одбранбени студии завршил на Одбранбениот Колеџ на НАТО во Рим. Во текот на воената кариера извршувал бројни должности како командир на артилериски вод, батерија, командир на вод за обезбедување на претседателот, офицер за протокол, командант на питомечки баталјон, офицер за планови и началник на Канцеларија за односи со јавноста и портпарол на Генералштабот на АРМ. Во досегашната војничка кариера има завршено бројни курсеви во Германскиот Бундесвер и во НАТО, а учествувал и на воени вежби во Република Македонија и странство. Изминатите години како портпарол на Генералштабот на АРМ има дадено голем придонес кон изградбата на стандардите за односи со јавноста и транспарентноста на АРМ. Во текот на кариерата, повеќе пати е наградуван и пофалуван. Активно го користи англискиот и германскиот јазик. Во октомври 2015 година со указ на Претседателот на Република Македонија е именуван за Аѓутант на Врховниот Командант на Вооружените сили на Република Македонија, Претседателот д-р Ѓорге Иванов.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail