Одбележување на 20-годишен јубилеј

Logo-20-g-ARM

Химна на АРМ

Свечена парада по повод јубилејот „20 години АРМ“

Свечена академија по повод јубилејот „20 години АРМ”

ЈУБИЛЕЈ „20-ГОДИНИ АРМИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Хронологија на имплементацијата на активностите од Годишната програма
Чествувањето на јубилејот е можност да го согледаме дводеценискиот развој на нашата армија, која започна да функционира во крајно тешки и сложени политички и воени услови, со скромни средства, кога практично се започнуваше од почеток.

Со бројни пригодни активностите, Армијата на Република Македонија достојно го одбележи јубилејот „20 години АРМ“. При планирањето на активностите и нивната реализација во целост беа почитувани појдовните насоки и инструкции во делот на достапноста до вработените во министерството за одбрана и армијата, граѓаните на Република Македонија и меѓународната јавност, а посебен акцент беше даден на медиумско покривање на настаните.

За успешна реализација на активностите, со Решение на Министерот за одбрана и Наредба на НГШ на АРМ се формирано Координативно тело кое ги менаџирање активностите во процесот на подготовки и реализација.
Почнувајќи од 19.02.2012 година, по успешната промоција на годишната програма, реализирани се следниве активности:

  • Промоција на активностите од Годишната програма, логото на јубилејот „20 години АРМ“ и изработена промотивна брошура. Извршено ажурирање на интернет страница на МО со промотивната брошурата и логото,
  • Одредени се носители за секоја поединечна активност од МО и АРМ и воспоставен систем на комуникација, координација, известување и меѓусебна размена на информации
  • Иницирани постапки за обезбедување на предвидените материјално технички средства за покривање на трошоците за реализација за секоја активност посебно,
  • координативните состаноци се реализира по потреба и според договорената динамика,
  • насоките од раководната структура на МО и ГШ беа благовремени и во функција на успешна реализација на активностите,
  • остварени координативни состаноци со градоначалниците на Штип, Берово, Кавадарци, Куманово, Кичево и Тетово. На средбите покрај промоцијата на клучните активности од годишната програма, посебен осврт беше даден на активностите кои посредно или непосредно се поврзани со локалните самоуправи (предавања во основни и средни училишта, отворени денови во касарните, подготовки за одржување на подофицерски кросови, активно учество на екипи од локалната самоуправа во сеармиските спортски натпревари, организирање на национална стручна трибина, одржување на промотивни концерти на воениот оркестар и разгледување на можностите за отстапување на рекламен простор во централните делови на градовите),
  • Конференцијата на министри за одбрана на САД-Јадранска Повелба „Заеднички предизвици и здружени решенија“, се реализира во период од 28. – 30.03.2012 година во Скопје. Армијата на Република Македонија беше вклучена во активностите од административно протоколарниот карактер. Сите задачи и обврски реализирани плански, квалитетно и според барањата на носителот на активноста,
  • Успешно промовирана нова химна на Армијата и најавни фанфари.
  • целосно комплетирани постапките за измена и дополнување на државниот закон за одликувања со предлог медали за припадниците на безбедносните сили и Правилникот за признанија на Армијата на Република Македонија (документите објавени во службен весник на Република Македонија и се во сила),
  • планираниот меѓународен биатлон се реализира плански и според дадените насоки и инструкциите во месец февруари 2012 година во градот Крушево,
  • пристигнувањето на првите регрути во Армијата на Република Македонија плански и организирано се реализира на 12.04.2012 година. Претставник од ГШ на АРМ учествуваше на одбележувањето во гарнизонот Кичево, каде официјално е пристигнат првиот регрут,
  • активноста „20 садници за 20 години АРМ“ се реализира во сите гарнизони на АРМ. Централната активност се реализира во кругот на МО и ГШ на АРМ на 12.04.2012 година со присуство на поранешни и активни генерали, воените аташеи акредитирани во Република Македонија и раководителот на НАТО советодавниот тим и претставници од раководната структура на МО на РМ.
  • Планираната меѓународна меѓународна научно – стручна конференција на тема: Улогата на активниот состав и на резервата на вооружените сили во подршката на нивните мисии и задачи во регионалната и глобалната безбедносна средина во 21-от век, се реализира на 23.04.2012 во Домот на Армијата на Република Македонија во Скопје. Подготовките се реализираат плански и координирано со Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија,
  • сеармиските спортски натпревари по гарнизони со вклучување на една до две екипи од локалните самоуправи се реализирани во целост. Финалните и ревијалните натпревари се реализира во гарнизонот Скопје,
  • Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија ја реализира втората активност – национална стручна конференција во повеќе градови на Република Македонија на тема „Армија на Република Македонија 1992 – 2012“ – формирање, развој и предизвици.
  • изработен каталог на предвидените МТС за централната манифестација, односно за свечено дефиле и воена парада во касарната Илинден.
  • Медиумското покривање се реализираше плански и според насоките на раководната структура и одговорните во МО и ГШ на АРМ за односи со јавноста,
  • Во соработка со одговорните, односно носителите на активностите од МО на РМ се реализираа плански и координирани подготовки за издавање на Бела книга на одбраната и празнично издание на списанието Штит,
  • воениот оркестар плански ги реализира промотивните концерти во повеќе градови во Република Македонија. Турнејата на воениот оркестар се предвидува да финишира со голем концерт на плоштадот Македонија во Скопје. Во соработка со локалните самоуправи добиена согласност и понудени можни локации за одржување на концертите,
  • Реализирана хуманитарна акција за донирање на облека и обувки од вработените во АРМ,
  • Акција за доброволно дарување на крв,
  • Отворени денови во касарните – упатување покана до основните и средните училишта за посета на единиците низ Македонија,
  • Централен тактичко – технички збор на Воениот стадион во Скопје,
  • Свечена академија и прием проследен со концерт на воениот оркестар и доделување на одликувања и признанија за посебни заслуги од интерес на Армијата.

Централна манифестација во касарната Илинден – 18.08.2012 година.

Во касарната „Илинден“ во Скопје по повод Денот на Армијата на Република Македонија и јубилејот „20 години АРМ“ во парада предводена од началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески беа претставени единиците на Армијата на Република Македонија.

Пред државно-воениот врв – претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, Претседателот на Собранието Трајко Вељановски, Премиерот Никола Груевски, министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими и останатите членови на Владата, воено дипломатскиот кор акредитиран во Република Македонија, како и пред многубројните граѓани, продефилираа ешалони од сите родови на АРМ и ешалон припадници на Армијата на САД.

Военото воздухопловство, односно Воздухопловната бригада како атрактивен сегмент од Армијата на Република Македонија, беше претставена од борбено-транспортните хеликоптери Ми-24, транспортните хеликоптери Ми-8/17 и авионите Злин 242Л.

Претставувањето, пак, на над 100 воено – технички средства и возила кои се дел од вооружувањето на Армијата на Република Македонија започна со ешалон возила од родот врски, опремени со модерни и високософистицирани комуникациско-информатички средства, а по нив следеше ешалон борбени возила „Хамви“, средства за против-воздушна одбрана, главно ракетните системи „Стрела 10“ и „Игла“, ешалон оклопни транспортери „Хермлин“ и ешалон артилериски средства – хаубици од 105 mm, 122 mm, повеќецевниот лансирен ракетен систем БМ-21 „Град“ и повеќецевните лансерни ракети „Пламен“.

Артилериските средства беа следени од оклопни транспортери БТР-80 и БМП-2, а она што предизвика огромен интерес, секако, беше ешалонот тенкови Т-72 кое поседува голема огнена моќ и маневарски способности во таа мера што претставува ударна сила во борбените дејства.

Со повторен прелет на воздухопловите во составот на Армијата на Република Македонија, официјално беше завршена парадата по повод Денот на Армијата и јубилејот „20 години АРМ“.

Приказот на високо софистицираните средства, како и професионалните припадници на АРМ докажа дека Армијата во текот на двете декади постоење успева да одржи континуиран раст и напредок, факт кој е потврден и преку несебичната контрибуција на припадниците на АРМ во меѓународните мировни мисии во светски рамки.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail