Билтен на АРМ

Билтен на АРМ бр 4

Со цел за поголема транспарентност и подобро информирање на јавноста во Република Македонија за активностите на командите и единиците на АРМ, ве информираме дека во периодот од 15 до 31.07.2012 година покрај редовните задачи ги реализираше и следните:

  • На ден 27.07.2012 година во касарната „Кузман Јосифовски Питу“ во гарнизонот Тетово со почеток во 10.00 часот се одржа свеченост по повод враќањето на контингентот од мировната мисија „ИСАФ“ на која присуствуваа министерот за одбрана на РМ, Началникот на ГШ на АРМ, Заменик на началникот на АРМ, Командантот на ЗОК и командантот на 1.мпбр.
  • Реализирана е активност – семинар на тема „Цивилно-воена соработка“, врз основа на Програмата на здружени контакт тимови на САД, периодот од 23-27 јули 2012 година во просториите на ЗОК на кој учествуваа вкупно 22 припадници од ЗОК и потчинетите единици.
  • На барање на сојуз на борци од НОБ од Крива Паланка извршена е санација на споменик на Чупино Брдо од страна на 1 поф и 4 пфв од составот на 1.мпбр, Штип на ден 24.07.2012 година.
  • На ден 23. 07. 2012 година се положи свежо цвеќе на гробот од Миле Гиновски – Гина во с. Пополжани- Кичево. (1.мпбр-4. механизиран пешадиски баталјон), Кичево
  • Од страна на 1.мпбр (инжинериски баталјон) Скопје изведувани се инжинериски работи на крајбрежјето на Дојранско Езеро.
  • Од страна на 1.мпбр (инжинериски баталјон) Скопје обезбедена е асистенција и поддршка за пренасочување на река Бабуна во атарот на с. Богомила во Општина Чашка.
  • Од страна на 1.мпбр (инжинериски баталјон) Скопје превезувано е гориво со цистерна за потребите на Општините во РМ согласно Акциониот План на Владата на РМ за 2012 година.
  • На Здружението на граѓани „Христо Узунов“ од Охрид за периодот од 28.07. до 12.08.2012 година дадена испомош во вреќи за спиење и шатори за потребите на персонал од здружението кој учествува на „Илинденскиот марш“ од Охрид до Крушево по повод прославата на празникот Илинден и Крушевската република .
  • На Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија – Битола обезбедена е логистичка поддршка за традиционалната погранична средба на здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија во с.Трново на ден 29.07.2012 година.
  • Учество на персонал од ЗОК во турнир во стрелање „Илинденска средба – 2012 “ на стрелиштето Камник во Скопје во деновите 28 и 29.07.2012 година.

Билтен на АРМ бр 3

Со цел за поголема транспарентност и подобро информирање на јавноста во Република Македонија за активностите на командите и единиците на АРМ, ве информираме дека во периодот од 01 до 15.07.2012 година покрај редовните задачи ги реализираше и следните:

• На 05 Јули во Велес започна Вардарска регата „ГЕМИЏИИ“ Регатата покрај главниот дел пловење по водите на Вардар има цел промовирање на Вардарскиот регион и престој на учесниците во природа. Учесниците на регатата (Гемиџиите) на 05 Јули преноќеваа во капацитетите на логорот „Стрела -1“на АП Криволак. Командата за обука и доктрини и оваа година во рамките на своите капацитети и можности го даде својот допринос во давање логистичка поддршка при реализацијата на регатата, за што има голема благодарност од локалната самоуправа на градот Велес.

• На 06 Јули во касарната „ Алексо Демниевски – Бауман “ во Велес, во Командата за обука и доктрини во присуство на многубројни гости, претставници од единиците на АРМ, родители, роднини и пријатели на младите војници, се реализира уште една заклетва на граѓаните кои доброволно пристапија на служење на воениот рок. Вкупно 254 војници меѓу нив 14 припаднички од женскиот пол, на свечен и достоинствен начин изговарајќи го текстот на заклетвата се заколнаа дека ќе ги извршуваат должностите и обврските како бранители на најсветото, слободата и независноста на својата татковина. Командант на свеченоста во својот пригоден говор на војниците истакна дека оваа генерација ќе ја има честа да биде дел од историјата на АРМ, како војници во строј при чествувањето на јубиларната дваесет годишнина.

• На ден 10.07.2012 година во организација на Холанската Амбасада во Република Македонија во просториите на Регионалниот тренинг центар за комуникации се реализираше „Работилница за комуникациски вештини и презентации“. Обуката е реализираше екипа од компанијата „Македонија Експорт“ а учество ззедоа 20 офицери на АРМ. Во еднодневната работа беа опфатени темите за интерперсонална комуникација, презентација, ефективна комуникација итн.

• Во Воено-медицинскиот центар во период од 09.07-12.07.2012 година се одржа Главна планирачка конференција за теренската вежба “Safe path 2012”(Сигурен пат 2012) чија цел е тестирање на оперативната готовност на Полската болница ниво 2. Вежбата ќе се изведува во Центарот за обука “Пепелиште” од 22-26.10.2012 година за кога е планирано и примопредавањето на Полската болница ниво 2 како донација на Кралството Норвешка на Министерството за одбрана на Р.Македонија. Покрај главните носители на вежбата Р.Македонија и Кралството Норвешка присуствуваа и 4 претставници од Р.Србија како советодавен тим.

• На ден 12.07.2012 година во посета на Центарот за Електронско Извидување беа претставници од Америчката амбасада во Република Македонија полковник Карл Шулер и потполковник Брис Грешман. За време на посетата гостите беа запознаени со мисијата и организациско формациската структура на единицата.

Билтен на АРМ бр 2

Со цел за поголема транспарентност и подобро информирање на јавноста во Република Македонија за активностите на командите и единиците на АРМ, ве информираме дека во периодот од 15 до 30.06.2012 година покрај редовните задачи ги реализираше и следните:

• Во периодот од 18 до 20.06.2012 година во Воено-медицинскиот центар на АРМ, се одржа иницијална планирачка конференција за вежбата ,,SAFEPATH 2012”. На конференцијата присуствуваа и претставници од војските на Кралството Норвешка и Република Србија. Во текот на конференцијата се досенсоа иницијативни предлози и заклучоци за организацијата на вежбата како и програмата за главната планирачка конференција. За време на конференцијата се изврши и извидување на ЦО „Пепелиште“ каде е планирано да се реализира самата вежба.

• Во рамките на активностите за одбележување на јубилејот „ 20 години АРМ“ во касарната “Чеде Филипоски – Даме” во Кичево во периодот од 19 до 21.06.2012 година беа организирани спортски натпреварувања во дисциплините: мал фудбал, кошарка, одбојка, пинг – понг, шах и стрелаштво. На натпреварите покрај персоналот од касарната “Чеде Филипоски – Даме” во Кичево зедоа учество и 60 (шеесет) лица од цивилните структури од општините Кичево и Осломеј. Натпреварите поминаа во спортски дух и меѓусебно дружење.

• На ден 22.06.2012 година во организација на единицата на локална самоуправа – Кичево се спроведе акцијата “Чисто Кичево”, односно уредување на кејот на реката Сушица во централното градско подрачје. Во акцијата “Чисто Кичево” се приклучија и околу 200 припадници на АРМ од Кичевската касарната “Чеде Филипоски – Даме”.

• На 25 Јуни во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, во Центарот за индивидуална обука беше примена Јунската генерација на граѓани на доброволно служење на воениот рок, во која пристигнаа 261 граѓани на доброволно служење на воениот рок од различни краеви на нашата држава. Меѓу нив и 14 припаднички од понежниот пол. Знаењето што ќе го стекнат војниците во идните три месеци ќе биде основа за понатамошниот развој како припадници на АРМ.

• Како резултат на одличната соработка со територијалната противпожарна екипа Тетово (ТППЕ), а со цел подигнување на нивото на обученост во постапките при справување со пожар на отоврен простор, во деновите 26.06 и 27.06.2012 година се реализираше заедничка обука на ПП одредот од гарнизонот Тетово и ТППЕ Тетово. Обуката ја реализираа професионални пожарникари од ТППЕ Тетово, кои имаат поминато процес на обука со инструктори од Манчестер, Велика Британија и истите се во процес на обука за сертифицирани инструктори за пожарникари според меѓународно усвоени стандарди. На обуката, од составот на АРМ, учествуваше клучниот персонал од ПП одредот од гарнизонот Тетово

Билтен на АРМ бр 1

Со цел за поголема транспарентност и подобро информирање на јавноста во Република Македонија за активностите на командите и единиците на АРМ, од денес ГШ на АРМ започнува со објавување на двонеделен преглед-билтен на активностите во командите и единиците на АРМ. За таа прилика, ве информираме за периодот од 01. до 15.06.2012 година.

• Во период од 04 до 07.06.2012 во Загреб, Република Хрватска Главниот подофицер на АРМ, наредникот Драган Стојановски учествуваше на 6-та Конференција на Главните подофицери на Европските армии. Конференцијата беше организирана од страна на командата на Европските сили на Армијата на Соединетите Американски дршави USAREUR (United States Army-Europe Command) и Вооружените сили на Република Хрватска, каде учество зедоа главните подофицери од 38 армии од Европа.Во текот на конференцијата беа презентирани регионалните ресурси за обука на подофицери, НАТО школите за подофицери понудени од USAREUR и предизвиците при воспоставување на подофицерскиот кор.

• Припадниците на бригадата за логистичка поддршка (брЛП) на АРМ на 1-ви јуни организираа хуманитарна акција, со која тие донираа значителна количина на прехрамбени продукти на Центарот за социјална работа во Кавадарци.

• На 7-ми јуни е реализирана инспекција на Командата за обука и доктрини (КОД) на АРМ во Велес од страна на инспекцискиот тим од Војската на Црна Гора. Оваа активност се спроведува согласно Виенскиот документ за контрола на вооружувањето, како планска активност во рамките на ОБСЕ. Република Македонија, Виенскиот договор го има потпишано во 1999 година и според него МО како репрезент на државата, редовно учествува во активностите за контрола на вооружувањето на армиите потписнички на овој договор.
• Од 29.05. до 08.06.2012 година, во Вилдфлекен, СР Германија се одржа меѓународната вежба „EUROPIAN ENDEAVOUR 2012“ (ЕЕ-12) на која учествуваа 15 офицери и 3 подофицери на АРМ. ЕЕ-12 е копјутерски поддржана вежба на која покрај припадниците на АРМ учество зедоа и претставници од армиите на СР Германија, Република Чешка, Република Хрватска, Австрија и Република Ирска. На вежбата, од страна на припадниците на АРМ беше покажан висок степен на интероперабилност со останатите учесници, со кои е предвидено заедничко учество во EUBG II/2012.

• Во Центарот за медицинска обука при Воено-медицинскиот центар на АРМ, на 8-ми јуни заврши курсот за самоспасувачи (,,Combat Live Saver”). Курсот се изведе во рамките на подготвителната обука со персоналот од следната ротација за мисијата ИСАФ во Авганистан, која е планирано да биде упатена во првата половина од месец јули 2012 година.

• Во рамките на активностите за одбележување на јубилејот „ 20 години АРМ“ во организација на КОД на АРМ, на 9-ти јуни беше организирано искачување на врвот Солунска Глава. На маршот, покрај припадниците на КОД учествуваа и претставници од Министерството за одбрана, Здружената Оперативна Команда, полкот за специјални операции, питомци од Воената Академија ,,Михаило Апостолски“, СВР Велес и локална самоуправа на градот Велес. И покрај високата температура, сите 56 учесници на маршот, за три часа успешно се искачија на највисокиот врв на планината Јакупица – Солунска Глава.

• Припадниците на брЛП на 9-ти јуни ја поддржаа традиционалната манифестација „Поречки културен панаѓур“ која се одржа во село Девич, општина Македонски Брод, при што подготвија војничко гравче за 1500 лица, а на 13-ти јуни по повод одбележувањето на денот од загинувањето на народниот херој Кочо Рацин во село Лопушник, ја помогнаа општина Другово со поставување на војнички шатори и подготовка на војничко гравче за 250 лица.

• Од 12 до 15.06.2012 година Главниот подофицер на АРМ, наредникот Драган Стојановски учествуваше на третата Конференција на главните подофицери на армиите од земјите членки на Јадранската група (А – 5), која се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина. На конференцијата, наредникот Стојановски покрај останатото имаше успешно презентирање на Армискиот полигон ,,Криволак“, а беа разгледани и можностите за реализација на предупатна обука за мисии предводени од НАТО.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail