Пријави корупција

Korupcija-250-mkПочитувани граѓани, Министерството за одбрана на Република Македонија отвори анонимна бесплатна телефонска линија и електронско пријавување на мито и корупција во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.

Анонимноста и дискрецијата на корисниците е важен услов за граѓаните да се охрабрат и да бидат наши сојузници во борбата против корупцијата.

За таа цел е назначено лице кое ќе може да се контактира преку бесплатниот телефонски број 0800-50030, или, пак, да остават говорна порака на истиот телефонски број.

Воедно, граѓаните ќе може да поднесат пријава анонимно по електронски пат преку веб-страницата на Министерството за одбрана morm.gov.mk или со испраќање e-mail на следнава адреса: prijavikorupcija@morm.gov.mk

Целта на проектот „Пријави корупција“ е спречување и превенција на ризиците од корупција, како систем за ефикасна превенција во борбата против корупцијата.

ПОВИКОТ Е БЕСПЛАТЕН И АНОНИМЕН
0800-50030


ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВА НА КОРУПЦИЈА

Исправете ги грешките и обидете се повторно
The temporary folder for the attachment field is not writable.
* Означува задолжително поле

Прифатлив вид датотеки: doc,docx,pdf,txt,gif,jpg,jpeg,png.
макс.: 1mb


facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail