АГЕНДА НА МО – РЕФОРМИ ЗА ЕВРОАТЛАНТСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА

АГЕНДА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА – РЕФОРМИ ЗА ЕВРО-АТЛАНТСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА

Мирот и стабилноста се основа за одржлив развој, а глобализацијата и интеграциите се императив на современиот свет. Во тој поглед, Евро-атлантските интеграци се најдобрата алтернатива за иднината на Република Македонија и Балканот, а членството во НАТО и ЕУ се наш стратешки приоритет.

Ние, во областа на одбраната, посветени кон целта и по одбележување на 20 години од формирањето на Армијата на Република Македонија ќе продолжиме да ра­бо­тиме на сите ни­воа, односно на ме­ѓу­на­ро­дно ниво, на др­жа­вно ниво и на ни­во на Армијата на Република Македонија. По одбележувањето на 20 годишнината од формирањето на АРМ, промовираме Агендата на Министерството за одбрана каде се дефинирани следните три столбови кои воедно претставуваат насоки по кои ќе се движи динамичната план за трансформација на Армијата и одбраната:

  1. Ме­ѓу­на­род­но во однос на членс­тво­то во НА­ТО, дејствуваме во спро­ве­ду­ва­њето на си­те ре­фор­ми и го­ле­ми­от при­до­нес на Република Ма­ке­до­ни­ја кон гло­бал­ни­от мир, пре­ку во­е­ни­те ми­сии, и ви­зи­бил­нос­та на др­жа­ва­та во си­те ме­ѓу­народо­ни ин­сти­ту­ции.
  2. На држав­но ни­во и понатаму ќе ра­бо­тиме на за­јак­ну­ва­ње на ме­ѓу­себ­на­та ме­ѓу­ет­нич­ка и ме­ѓу­ре­ли­ги­оз­на до­вер­ба.
  3. На ниво на Ар­ми­ја­та на Република Ма­ке­до­ни­ја, продолжуваме со создавање на модерна и високо професионална војска, по­до­брување на стан­дардот за при­пад­ни­ци­те на Армијата, како и доб­ли­жување на вој­ска­та до гра­ѓа­ни­те.

Со цел целосно транспарентно и одговорно да ја вршиме функција, цениме дека е значајно да го презентираме тоа што го планираме за идниот период.

Министерството за одбрана по заокружување на 20 години од формирањето на Армијата на Република Македонија се фокусира на забрзување на реформите во одбраната преку конкретна Агенда во која се изразува јасната визија на Министерството за одбрана дека Евроатланските интеграции се единствената алтернатива за Република Македонија!

Во Новата Агенда на Министерството за одбрана се наведени над 50 проекти и иницијативи кои ќе го покренат Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ да работат со полна пареа, со уште поголемо темпо за да се одговори на законските обвски и да се остане постојан и кредибилен партнер на НАТО .

Ние во Министерството за одбрана динамично работиме за да останеме институција со најголема доверба дома, а воедно и почитувани во Брисел заради стандандардите и професионализмот.

(1)   Македонија препознатлива по својот придонес за глобалниот мир. Македонија како партнер за стабилноста и подготвена за НАТО

Продолжуваме со промоција на подготвеноста на Република Македонија за членство во НАТО. Ќе продолжиме активно со средби, посети и соработка на меѓународно ниво за промоција на подготвеноста на Република Македонија за интеграција во Евро-атлантските структури.

  • Продолжуваме со учество во меѓународни мировни мисии. Продолжува учеството во ИСАФ (Авганистан), АЛТЕА (Босна и Херцеговина), КФОР (Косово) и УНИФИЛ (Либан). За идните иницијативи ќе се следи одлуката на земјите членки на НАТО.
  • Донесување на Стратегија за одбранбена дипломатија. Донесување на нова стратегија, организациона и кадровска поставеност на одбранбената дипломатија.
  • Иницијатива за основање Регионален центар за мир. Во соработка со кабинетот на Претседателот на Р. Македонија и Владата на Р. Македонија ќе се почне иницијатива за основање на Регионален центар за мир со цел да се промовираат најдобрите практитки за демократските вредности и мировните инициативи за стабилност и просперитет.
  • Промоција на Бела книга на одбраната. Зголемување на транспарентноста на работењето на министерството за одбрана.
  • Иницијативи, проекти и активности:

- Прераснување на Регионалниот тренинг центар за комуникации во Центар на Партерството за мир;

- Интензивна Регионална соработка и иницијатива за Заеднички тим на Јадранската група земји во Школата за воена полиција во Кабул;

- Балкански регионален пристап за противвоздушна одбрана;

- Регионален центар за обука „Криволак“;

- Регионален центар за обука со несмртно оружје;

- Регионални медицински наменски сили. Министерството за одбрана во соработка со Министерството за здравство на Република Македонија ќе разговара за формирање на тим на медицински персонал во функција на постигнување оперативна готовност на декларираната подвижна полска болница на ниво 2 за учество во мисии за поддршка на мирот;

- Школата за пилоти ќе прерасне во Регионална школа за пилоти.

(2)   Одбраната и армијата гарант на мирот и стабилноста, институции со висок кредибилитет  и модел за меѓусебно почитување

  • Функционална анализа за Министерство за одбрана и Генералштабот на АРМ. Подготовка и донесување на Студија и функционална анализа за организацијата, функцијата и поставеноста на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ во системот за одбрана на Република Македонија согласно потребите и искуствата од земјите-членки на НАТО. Студијата и, потоа, Акциониот предлог План ќе даде придонес кон понатамошно унапаредување на систематизацијата на Министерството за одбрана и формацијата на АРМ во функција на поддршка на мисиите и задачите од Стратегијата за одбрана и трансформација на МО и АРМ во ефективни, ефикасни, економични и добро функционални организации подготвени да се справат со предизвиците воедно во согласност со заклучоците кои ќе произлезат од студијата ќе се воведе нова организациска структура на МО и предлози до Претседателот на Република Македонија за унапредување на новата формација на АРМ.
  • Правична застапеност и еднакви можности во армијата. Ќе продолжи унапредувањето на правичната застапеност на сите етнички заедници во број и во раководни структури почитувајќи ги професионалните потенцијали според стандардите на НАТО. Исто така, ќе се промовира еднаквата можност за припадниците на женскиот пол во АРМ.

- Донесување на Програма и Акционен план за соодветната и правична застапеност на етничките заеднии во Република Македонија.

  • Паметна (интелигентна) одбрана. Планирање и имплементација на рационализација на трошоците, подобро планирање и регионална соработка за модернизација на армијата согласно стандардите на НАТО.

- Донесување на стратегија за паметна програма;
- Донесување и имплементација на нова програма за рационализација на трошоците во одбраната.

  • Концепт за Резервни сили на АРМ. Донесување на Концепт и Акционен план за формирање на резервни сили на Армијата на Република Македонија од 1.800 лица до 2015 година.
  • Воведување нови софтверски апликации за  поефикасни деловни процеси и практики. Со нив ќе се обезбеди вертикална и хоризонтална комуникација, координација и проток на информациите низ АРМ и МО, како и меѓу нив. Овие алатки и процеси вклучуваат: информатички систем за менаџирање со персоналот; логистички информациски систем; глобален комуникациско-информациски систем;  систем за менаџирање на документи;  систем за планирање, програмирање, буџетирање и извршување;  компјутерски базирана обука; развој на стратегии и планови.
  • Воена академија со модерни програми и која ќе прерасне во институција со регионално значење. Воената академија  „Генерал Михаило Апостолски“ ќе го унапредува образовниот процес и професионалниот развој на офицерите преку: развој на Академија во Регионална Академија со школување на питомци од земјите од регионот, учество на реномирани професори од странство во предавањата и образовниот процес на Воената академија, гостување како предавачи на високите преставници и авторитети од НАТО и земјите-членки и партнери на Алијансата во споделувањето на искуствата и новите случувања со наставно соработниот кадар и студентите на Академијата, воведување на нови современи образовни методи и технологии, вклучувајќи примена на симулации и користење на информатички технологии; интензивирање на научно-истражувачката работа; акредитирање на најмалку една студиска програма на III циклус на студии; воведување и унапредување на студиските програми за школување на пилоти;  интензивирање на меѓународната соработка во областа на военото образование; заедничка соработка со другите високообразовни институции во државата;
  • Воениот музеј како дел од меѓународната мрежа на музеи на мирот. Воен музеј ќе прерасне во Служба за Музеологија-Институт за одбранбени и безбедносно-историски истражувања.
  • Соработка со други институции во Република Македонија за поефикасно функционирање на одбраната и безбедноста. Подготовка и иницирање на заеднички вежбовни активности меѓу припадниците на АРМ и МВР за примена на стандардните оперативн процедури согласно Законот за управување со кризи и зацврстување на новата улога на Армијата.
  • Промоција на цивилна контрола на одбраната. Промоција на демократската и цивилна контрола во одбраната преку размена на искуства во соработка со Центарот ДИКАФ од Швајцарската конфедерација.
  • Иницијативи, проекти и активности:

- Ажурирање и имплементација на Долгорочниот План за развој на одбраната 2020 г.

- Проект за имплементација, ажурирање и дополнување на сите програми, политики, концепти и стратегии кои произлегуваат од Стратегискиот одбранбен преглед разгледувајќи ја потребата од негово дополнување.

- Проект ОФ-СЕТ со кои ќе се дадат модалитете и можностите за воведување на оф-сет програмите во набавките на опрема и вооружување во Армијата на Република Македонија.

- Проект „Одбраната за економијата, економија за поголема стабилност“ преку воспоставување на соработка со Стопанската Комора на Македонија, Сојузот на стопански комори и Стопанската комора на северозападна Македонија за вклучување во Агенциите на НАТО и организрање на заеднички активности на Министерството за одбрана.

- Зголемување на Издавачката дејност на Министерството за одбрана на РМ.

(3)   Престижна, професионална и модерна армија. Војници со достоинствен стандард.

  • Модернизација и опремување на одбраната. Воената опрема на Армијата мора постепено да се модернизира во текот на претстојната декада и потоа. Притоа, максимално ќе се користат регионалните и мултинационалните иницијативи за развој на заеднички распоредливи способности во духот на Концептот на НАТО за „паметна одбрана“. Во согласност со Долгорочниот план за развој на одбраната 2011-2020 ќе ги оствариме следните главни проекти за модернизација и опремување на АРМ: Развој на интегрирани капацитети и способности за  воздушно набљу­дување и јавување; Набавка на тридомензионален радар/и; Центар за обука на пилоти; Логистичко-информациски систем; Опрема и инфраструктура за обука; Модернизација на хеликоптерите; Опрема за индивидуална и колективна атомско-биолошка и хемиска заштита; Комуникациска опрема; Неборбени моторни возила; Оклопни транспортери на тркала за два средни пешадиски баталјони во согласност со Кодот на НАТО за капацитети и способности; Тактички комуникациски систем за еден среден пешадиски баталјон; Напредни индивидуални борбени системи; Системи за противвоздушна одбрана на мали височини.
  • Персонален менаџмент. Имплементација на новата формација на АРМ. Обуки, опремување и подготовка на професионална армија според стандардите на НАТО. Зголемување на ефикасноста на проектот Лепеза за продолжување со цивилна кариера по завршување на воената служба од страна на војниците и старешините.
  • Стандард на војници и старешини. Ќе се реализира проектот Армијата мој вистински дом за регулирање на станбеното прашање на војниците. Ќе се продолжи со прокетот „Стандарт“ за континуирано следење и подобрување на условите за работа и живот на вработените во АРМ и Министерството за одбрана.
  • Општествена одговорна одбрана. Учество и придонес на армијата во цивилни активности од општествен интерес. Промоција на улогата и значењето на армијата и зближување на армијата до граѓаните.
  • Иницијативи, проекти и активности:

- Анализа за донесување на Докторина на АРМ;
- Донесување на Концепт за логистичка поддршка;
- Проект СТАНДАРТ за континуирањето подобрување на условите за работа и живот на вработените во АРМ и Министерството за одбрана;
- Доизградба на полигонот „Криволак“ преку продолжување со изградба на различни предвидени содржини со што значително ќе се пдообрат условите за обука на овој полигон и за негова употреба од страна на АРМ, но и од страна на други Армии од странство;
- Доизградба на Регионалниот Центар за обука во зимски услови на Попова Шапка со сместувачки капацитети и рекреативни содржини наменети за обука за припадниците на АРМ и достапни за граѓаните;
- Доизградба на капацитетите за спорт и рекреација за припадните на Министерството за одбрана и АРМ во Свети Наум и Крушино;
- Развој на главните одбранбени програми (администрација, персонал и образование, функции и обука а Армијата, логистика, опремување и модернизација, објекти и инфраструктура и мировни и хуманитарни операции);
- Дивестирање на несуштинските објекти согласно одлуката на Владата на РМ и потребите на АРМ;
- Реализација на Проектот „АРМ мој вистински дом“;
- Проект за преставување на законската можност Доброволно служење на воениот рок;
- Правилник за унапредување на офицерите и подофицерите во АРМ;
- Целосна поддршка на подготовките пред распоредување и извршување на ротациите на АРМ во меѓународни мисии;
- Воведување на алатка месечен преглед на следење на постигнувањата во трансформацијата на АРМ;
- Имплементација на годишниот план за обука и вежби на АРМ и нивна стандардизација;
- Евалуација и сертифицирање на декларираните единици согласно на Концептот на НАТО за оперативни способности;
- Проект за менаџирање со човечките ресурси, исто така ќе се фокусираат на: ажурирање и спроведување на Стратегијата за човечки ресурси; спроведување на програмите за еднакви можности и правична и соодветна етничка застапеност; развивање на Програма за професионален развој на лидери/менаџери; континуитет во спроведувањето на Програмата за транзиција на воен и цивилен персонал „ЛЕПЕЗА“; донесување на Концепт за психолошка поддршка на воениот и на цивилниот персонал при упатување во мировни мисии и операции; поддршка на семејствата на персоналот кој е распореден во меѓународни мисии и операции.
- Ослободување од вишокот и неперспективната опрема, како и дивестирање на несуштинска инфраструктура.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail