Најчесто поставувани прашања

Прашање 1: Кога ќе биде распишан конкурсот за запишување на кандидатите на прв циклус на студии на Воената академија?

Конкурсот за упис се распишува според Законот за Високо образование по предходна одлука на Владата на РМ за бројот на питоцмите/студенти кои треба да бидат запишани. Вообичаено тоа е во текот за месеците јуни или јули.

Прашање 2: Каде ќе биде објавен конкусот за запишување на кандидатите на прв циклус на студии на Воената академија?
Конкрусот се објавува во најмалку два печатени весници и на веб страницата на Воената академија. Линкот е:

http://www.morm.gov.mk/portal/channel/?m=25E364E9DD86CFD0C11CDCEE85A5BAB29BC98787

Прашање 3: Како тече целата постапка за спроведување на конкурсот?
Конкурсот го спроведува Конкурсна комисија. Постапката се одвива во следните 12 чекори:
1. Прием на документите.
2. Проверка на комплетноста и валидноста на документите.
3. Проверка на психофизичката способност на кандидатите со специјалистички прегледи и оценка од Воено – лекарска комисија во Воено медицински центар во Скопје.
4. Проверка на компетенциите (физичката подготвеност).
5. Проверка на исполнување на безбедносните критериуми според Законот за класифицирани информации од надлежна Служба во Министерството за одбрана.
6. Објавување на прелиминарна ранг-листа со поените од средното образование (среден успех), поените од од државната матура (среден успех) и резултатите од проверката на компетенциите (физичката способност).
7. Право на приговор во рок од 24 часа од објавувањето на резултатите.
8. Одлучување на Деканската управа по однос на приговорите.
9. Објавување на одлуките по приговорите на огласна табла на Воената академија.
10. Подготвка и објавување на Конечната ранг-листа.
11. Наставно-научниот совет на Воената академија донесува предлог мислење за конечната ранг-листа и го доставува до министерот за одбрана
12. Министерот во рамките на своите надлежности утврдени со закон донесува конечно решение за прием на кандидатите.

Прашање 4: Кои документи се потребни за пријавување на конкурсот?
Документите кои се потребни за пријавување точно се наведуваат во конкурсот кој се објавува. На досегашните конкурси беа потребни следните документи:

  • молба; (напишана во слободна форма)
  • формулар (се добива во Воената академија);
  • свидетелства за сите четири години од средното образование (во оригинал);
  • диплома за положен матурски испит (во оригинал);
  • уверение за државјанство;
  • извод од матичната книга на родени;
  • уверение од надлежен суд за неизречена мерка на безбедносна забрана за вршење професија или дејност или должност.

Напоменуваме дека во следните конкурси може да се направи измена на потребната документација, затоа ве упатуваме претходно внимателно да го прочитате конкурсот за тековната година и да се информирате за потребните документи.

Прашање 5: Кои се критериумите за пријавување на конкурсот за запишување на кандидатите на прв циклус на студии на Воената академија?
На Конкурсот можат да се пријавуваат кандидати кои ги исполнуваат општите услови:

  • да се државјани на Република Македонија,
  • да положиле државна матура, меѓународна матура, училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено стручно средно образование со четиригодишно траење,
  • да не се постари од 21 година и
  • да се психофизички способни.
  • Покрај општите услови, кандидатите треба да ги исполнат и посебните услови:
  • да не им е изречена мерка забрана за вршење на професија, дејност или должност,
  • да ги исполнуваат безбедносните критериуми според Законот за класифицирани информации што ги утврдува надлежна Служба во Министерството за одбрана, и
  • успешно да го положат тестот за физичка способност.

Прашање 6: Дали ако имам 21 година и неколку дена на денот на поднесување на документите се смета дека сум постар/а?
Да. За постари од 21 година се сметаат сите кандидати кои на денот на поднесување на докумените имаат полни 21 година и уште еден ден. Овие лица не ги исполнуваат општите услови и нема да можат да бидат дел од процесот на селекција.

Прашање 7: Дали ако имам завршено средно образование или дел од средното образование во странство имам право на конкурирам на конкурсот?
Да. Право на учество на Конкурсот имаат и кандидатите државјани на Република Македонија кои средното образование или дел од средното образование го завршиле во странство. Тие треба да достават документ за нострификација на сведителство или дипломата добиена во странство, издаден од надлежно министерство.

Прашање 8: Кои се критириумите за избор?
При изборот за запишување на кандидатите на прв циклус на студии, покрај општите и посебните услови се земаат во предвид и следните критериуми:

  • општиот успех на кандидатите по сите предмети,
  • успехот од државната матура,
  • успехот постигнат на проверката на компетенциите (физичка способност).

Вреднувањето на критериумите за запишување се изразува во поени.

Прашање 9: Кој е максималниот број на поени кои можам да ги освојам?
Кандидатите кои положиле државна матура, меѓународна матура, училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено стручно средно образование со четиригодишно траење можат да освојат максимум 100 поени, вкупно за сите критериуми.
Кандидатите кои немаат положено државна матура или меѓународна матура можат да освојат максимум 65 поени, вкупно за сите критериуми.

Прашање 10: Кој е максималниот број на поени кои можам да го освојам за секој од критериумите?
Општиот успех постигнат во средното образование се вреднува максимум до 55 поени.
Успехот од државна или меѓународна матура се вреднува максимум до 35 поени.
Успехот од проверката на физичка способност се вреднува максимум до 10 поени.

Прашање 11: Како се пресметува успехот од средното образование?
Се собираат сите оценки што се внесени во сведителствата од сите години, добиениот збир се дели со бројот на оценки и вака добиениот среден успех се множи со 11. На ваков начин можат да се добијат максимум 55 поен.

Прашање 12: Кои предмети треба да ги изберам за државната матура за да ми се бодуваат при рангирањето?
За сите кандидати задолжителен екстерен испит од државната матура е предметот мајчин јазик (Е1), другите предмети (екстерни и интерни) кои се значајни за запишување на Академијата се следните:

  • Екстерен изборен предмет (Е2): математика (основно ниво), математика (напредно ниво) или странски јазик;
  • Интерни предмети (два предмети И1 и И2):

- за гимназија: математика (ако не е избран како екстерен предмет), странски јазик (ако не е избран како екстерен предмет), информатика, физика, хемија, историја, социологија и географија;
- за средно стручно образование: математика (ако не е избран како екстерен предмет), странски јазик (ако не е избран како екстерен предмет), информатика, физика, историја, хемија или бизнис и еден стручен предмет според образовниот профил на кандидатот (два предмети И1 и И2).

Прашање 13: Како се пресметува успехот од државната матура?
Се собираат оценките од двата екстерни предмети кои се полагаат во државната матура (Е1 и Е2) и добиениот збир се множи со коефициент 1,7 (максимум можат да се добијат 17 поени), се собираат оценките од двата интерни предмети (И1 и И2) кои се полагаат во државната матура и добиениот збир се множи со коефициент 1,5 (максимум можат да се добијат 15 поени), на збирот од вака освоените поени се додаваат поени за проектната задача (П) (оценката добиена на проектната задача се множи со коефициент 0,6. со што можат да се добијат максимум 3 поени). На ваков начин можат да се добијат максимум 35 поени.
Успехот од матура = ((Е1 + Е2) х 1,7) + ((И1 + И2) х 1,5) + (П х 0,6)

Прашање 14: Како се пресметува успехот од меѓународната матура?
За кандидатите што полагале меѓународна матура вреднувањето се врши на следниот начин: за шестте предмети се собираат оценките (со што се добиваат максимум 30) поени и се додава оценката од матурска тема (5 поени). На ваков начин можат да се добијат максимум 35 поени.

Прашање 15: Кои се дисциплините за проверка на физичката подготвеност?
Физичката подготвеност се проверува во следните дисциплини:

  • Скок во далечина
  • Згиб на вратило
  • Стомачни подигнувања
  • Трчање (мажи 1200 метри, жени 800 метри)

Прашање 16: Кои се нормите за поминување на проверката на физичката подготвеноста?
Проверката на компетенциите (физичката подготвеност) има елиминаторен карактер и во понатамошната постапка нема да се рангираат кандидатите кои што не ги задоволиле следните норми:

 

Скок во далечина Згиб на вратило Стомачни подигнувања Трчање
Мажи 180 см 3 репетици 25 1600 метри
за миксимум 8 минути
Жени 120 см 3 секунди
издржани во згиб
25 800 метри
за миксимум 6 минути

Со горенаведени норми се освојуваат 5 поени.

Прашање 17: Какви резултати треба да постигнам за да освојам максимален број на поени од проверката на физичката подготвеноста?
За да ги освоите максималните 10 поени потребно е да ги постигнете следните резултати:

Скок во далечина Згиб на вратило Стомачни подигнувања Трчање
Мажи 270 см 16 репетици 69 1200метри
за 6:20 минути
Жени 200 см 20 секунди

издржани во згиб

69 800 метри
за 4:20 минути

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail