Катедра за воена логистика

Катедра за воена логистика

БИОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ
д-р ДРАГЕ ПЕТРЕСКИ
1. Општи податоци.

Основното и средното образование, д-р Драге Петрески ги завршил во Скопје и Белград. Дипломирал на Воената техничка академија во Загреб, 1989 година. Магистрирал на Машинскиот факултет во Скопје, 2001 година. Кандидатот д-р Драге Петрески е вработен на Воената академија “Генерал Михајло Апостолски” – Скопје, како соработник при Катедрата за воена логистика во наставната област Теоретски основи на класичното вооружување и воедно е раководител на Катедрата за Воена логистика. Доктор е по техничките науки и е со чин потполковник. Успешно ја изработи и одбрани докторската работа на ден 05.10.2005 г. со наслов “Динамичка анализа и компјутерска симулација на осцилаторните движења на механизмите кај автоматските оружја” од областа на компјутерската симулација на движења на механизмите од класичните оружја.

Д-р Драге Петрески е избран за наставник од 2006 година на Воената академија во научната област Теоретски основи на класичното вооружување во наставно научното звање доцент.

Има напишано повеќе научни и стручни трудови и наставни лекции кои се користат во наставниот процес со питомците на Воената академија и студентите на Факултетот за безбедност – Битола.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail