Катедра за воени науки и воени вештини

д-р Ненад Танески, потполковник

Nenad Tanevski- Доцент д-р Ненад Танески, потполковник, е роден на 30.03.1975 во Скопје, каде го завршил основното и средното образование со континуиран одличен успех. Во учебната 1995/96 година се запишал на Воената Академија – Генерал Михаило Апостолски, а дипломирал во август 1999 година. Во 2010 година магистрирал на Филозофскиот факултет-Скопје, Институтот за Безбедност, одбрана и мир. Во 2013 година се стекнал со научно звање доктор од областа на безбедноста.

Во периодот од 1999 до 2008 година ги извршувал следните должности во Баталјонот на Воената полиција во Скопје: командир на воено полициски вод; командир на воено полициски вод за техничка заштита и обезбедување; командир на прва воено полициска чета; офицер за операции. Во перидот од 2008 до 2012 година е припадник на Воената служба за безбедност и разузнавање при Министерството за одбрана. Од 2012 година до денес е припадник на Воената Академија „Генерал Михајло Апостолски“- Скопје каде ја извршувал должноста, Раководител на одделение за стручна и административна служба. Моментално ја извршува должноста, Раководител на Катедра за воени науки и воени вештини.

За постигнатите високи професионални резултати во досегашната работа повеќепати е пофалуван од Командантот на Воена Полиција по повод 7-ми Мај Денот на Безбедноста и Полицијата (2002, 2004, 2006 и 2007 година) и од Командантот на Специјалните сили по повод „Денот на Независноста“ (2003 година). Како посебни стимулативни мерки кои се доделени како признание за постигнати високи стручни достигнувања во работата се:  Парична награда од Министерот за Одбрана од 20.000 денари – Мај 2005 г., Пофалница од Министерот за Одбрана – 2010 година.

На 01.06.2010 година успешно ги завршил студиите со одбрана на магистерскиот труд под наслов „Ефективни стратегии за борба против тероризмот во современите демократски држави“, со што се стекнал со академскиот назив Магистер од областа на безбедноста, субспецијалност – Национална Безбедност.  Во 2013 година ја одбранил својата докторска дисертација на тема „Влијанието на асиметричните закани врз трансформација на водењето и суштината на војната во XXI век“ во која се користи со методолошките пристапи на проучување на безбедносните проблеми и теориите својствени во проучувањето на воените науки и се стекнал со научен степен Доктор од областа на безбедноста, по што е избран во наставно-научно звање – доцент во наставно–научната област: Безбедносни закани и ризици, Современо војување, Воени вештини.

Во наставата на ВА вклучен е во првиот и вториот циклус на студии (магистратура и специјализација за кшд) по предметите: Тактика на родот пешадија, Национална безбедност и безбедносен систем, Тероризам и асиметрични закани.

Учествувал и во повеќе комисии во Министерството за одбрана, Генералштабот на АРМ и Воената академија, а во текот на својата досегашна кариера учествувал на бројни домашни и меѓународни научни конференции. До сега има објавено повеќе стручни и научни трудови во земјава и во странство, а во 2012 година ја објавил и својата прва стручна монографија со наслов „Нова ера на војувањето“. Истотака бил вклучен и во неколку проекти од кои како позначаен ќе го издвоиме проектот за изготвување на Национална стратегија на Република Македонија за борба против тероризмот, септември – 2010 година и Извештај за процена на ранливост од климатски промени за Република Македонија, мај – 2012 година.

- Ненад Танески, „Атентатите и нивната генеза I – Операции за обезбедување и заштита“, Штит – Година II, број 14, Министерство за Одбрана на Република Македонија, Октомври 2010, Скопје,

-  Ненад Танески, „Атентатите и нивната генеза II – Методи на напад и оружје што се користи при атентатите“, Штит – Година II, број 15, Министерство за Одбрана на Република Македонија, Ноември 2010, Скопје,

-  Ненад Танески, „Радикалниот ислам: Реална закана за безбедноста на Балканот“, Безбедносни Дијалози, Број 2, Година I, Филозофски факултет, Институт за безбедност, одбрана и мир, 2010, Скопје,

-  Ненад Танески, „Чекор пред непријателот-Обезбедување и заштита на ВИП личности“, Штит – Година III, број 17, Министерство за Одбрана на Република Македонија, Јануари 2011, Скопје

-  Ненад Танески, „Democracy as a mechanism in prevention of asymmetrical secyrity threats“, International scientific conference: securyty in the post-conflict (western) balkans, Ohrid, 27-28 May, 2011,

-  Ненад Танески, „Методи за сузбивање на модерниот тероризам“, Безбедносни Дијалози, Број 4, Година II, Филозофски факултет, Институт за безбедност, одбрана и мир, 2011, Скопје,

-  Ненад Танески, „Со експерти против експерти – одбрана од сајбер закани“, Штит – Година IV, број 32, Министерство за Одбрана на Република Македонија, Април 2012, Скопје,

-  Nenad Taneski, „Radikalni islam kao pretnja regionalnoj bezbednosti na Balkanu“, VI Naučni skup: Dani bezbjednosti „Drustvena reakcija na savremene oblike ugrozavanja bezbjednosti“, Banja Luka, 25.05.2012,

-  Nenad Taneski, „Year of revolutions – awaking of middle east and fear of arab’s revolutionary spirit“, Annual International Scientific Conference, Global Security and Challenges of the 21st Century, Makedonski Brod, MIT University, 09 June 2012,

-  Drage Petreski, PhD; Andrey Iliev, PhD; Nenad Taneski, МА; Zoran Cikarski, Chronological development of post-conflict peacebulding, ISBN 978-9989-134-07-4, Third international campus, Pepelishte, Republic of Macedonia, July 02-July 12.2012,

-  Andrey Iliev, PhD; Drage Petreski, PhD; Nenad Taneski, MA, Retrospective of the stages of post-conflict peacebulding, ISBN 978-9989-134-07-4, Third international campus, Pepelishte, Republic of Macedonia, July 02-July 12.2012,

-  Urim Vejseli, MA, Zanet Ristoska, PhD;  Aleksandar Glavinov, PhD; Nenad Taneski, MA, The significance of the civil-military cooperation, ISBN 978-9989-134-07-4, Third international campus, Pepelishte, Republic of Macedonia, July 02-July 12.2012,

-  Rina Kirkova, Nenad Taneski, „Homegrown terrorism – new challenge for the security sector of the Republic of Macedonia“, International Scientific Conference „Security sector reforms in the the Republic of Macedonia and their impact on crime curbing“, European University – Republic of Macedonia, Skopje, September, 2012,

-  Андреј Илиев, Драге Петрески, Ненад Танески, „ Асиметричните закани како предизвик за реформите во безбедносниот сектор на РМакедонија“, Европски универзитет – Р. Македонија, Скопје, Септември, 2012,

-  Ненад Танески, „Тајната линија на фронтот“, ШТИТ – Година IV, број 39, Министерство за Одбрана на Република Македонија, Ноември 2012, Скопје,

-  Ненад Танески, „Бунтовништвото и неговата мутирачка природа во XXI век“, Безбедносни Дијалози, Број 2, Година III, Филозофски факултет, Институт за безбедност, одбрана и мир, 2012, Скопје,

-  Nenad Taneski, Glavinov Aleksandar, „Transformation of the Al Qaeda threat as new security challenge“, VI. International scientific conference, 6th – 7th February 2013, Banská Bystrica, Slovak Republic,

-  Nenad Taneski, Glavinov Aleksandar, „Asimetricne pretnje i njihova refleksija u medjunarodnoj bezbednosti“, IV međunarodni naučni skup, Multikulturalnost i savremeno društvo, 01.03.2013, Fakultet za pravne i poslovne studije dr Lazar Vrkatić, Novi Sad, Srbija.

-  Nenad Taneski, Glavinov Aleksandar, The power of Globalization and Asymmetric War, SHAPING THE SECURITY ENVIRONMENT: WESTERN BALKANS AND BEYOND, monograph, ISBN 13: 978-9989-2851-4-1, 2013, Skopje,

- Александар Главинов, Ненад Танески, Драге Петрески, „Проценка на штети од елементарни и други непогодо – поплави“, меѓународна научна конференција „Промените во глобалното општество“, Европски универзитет – Скопје, јуни 2013 година,

- Ненад Танески, „Глобалното исламско движење и неговото влијание врз современите демократски држави“, меѓународна научна конференција „Промените во глобалното општество“, Европски универзитет – Скопје, јуни 2013 година,

- Rina Kirkova, Nenad Taneski, „Two years after the arab spring – on the long road to democracy“, International scientific conference „THE BALKANS BETWEEN PAST AND FUTURE: SECURITY, CONFLICT RESOLUTION AND EURO-ATLANTIC INTEGRATION“, University “St. Kliment Ohridski”- Bitola, Faculty of Security- Skopje, Ohrid, june 2013,

- Ненад Танески, „Заканата од недржавни актери во XXI век низ призмата на тројството на Клаузевиц“, Безбедносни Дијалози, Број 1, Година IV, Филозофски факултет, Институт за безбедност, одбрана и мир, мај 2013, Скопје,

- Ненад Танески, Драге Петрески, „Моќта на Ал Каеда пред и по смртта на Осама Бин Ладен“, меѓународна научна конференција „Влијанието на научно – технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија“, Универзитет „ЕВРО-БАЛКАН“ – Скопје, Република Македонија, декември 2013 година,

- Nenad Taneski, Tanja Milosevska, Global Hybrid Asymmetric Threats – Terrorism, Crime, Insurgency“, VII International scientific conference, BEZPEČNOSTNÉ FÓRUM – SECURITY FORUM 2014, februára 2014 – Banská Bystrica, Slovak Republic, ISBN 978-80-557-0678-8.

 

 Активно се занимава со боречки спортови. Носител е на црн појас (I DAN), мајстор во боречката вештина Реален аикидо и член во Клубот за Реален аикдо „Маруи“ – Скопје.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail