Министерство

Министерството за одбрана е надлежно и одговорно за ефективно функционирање на националниот систем за одбрана, подготовките за одбрана, сеопфатна поддршка на Армијата на Република Македонија, стратегиско одбранбено планирање, ефикасно управување со одбранбените ресурси, развој на воените способности за спроведување на одбранбените мисии, меѓународна одбранбена соработка, интеграција во НАТО, учество во Европската безбедносна и одбранбена политика и континуиран придонес во меѓународни операции.

Организациска структура на МО (.pdf)

КРАТКА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОДГОВОРНОСТИТЕ НА СЕКТОРИТЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА

I. СЕКТОР ЗА ПОДДРШКА НА МИНИСТЕРОТ

Секторот за поддршка на министерот врши правни, административни, и технички работи кои се однесуваат непосредно на работата на министерот.

II. СЕКТОР ЗА КОМУНИКАЦИИ, АНАЛИТИКА И ОПЕРАТИВНА ПОДДРШКА 

Главните одговорности на Секторот за комуникации, аналитика и оперативна поддршка се однесуваат на односите со јавноста, издавачката дејност на Министерството, анализите и истражувањата на јавните информации, планирањето и реализацијата на обуките за односи со јавноста во Регионалниот центар за односи со јавноста и протоколарната поддршка на работењето на министерот, заменик-министерот и државниот секретар во Министерството.

III. СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА

Главни одговорности на Секторот за  внатрешна ревизија се работите кои се однесуваат на процена на усогласеност на работењето на Министерството во согласност со законите, подзаконските акти  и договори, како и темелна процена на функционирањето на системот на внатрешна контрола.

IV. СЕКТОР ЗА ИНСПЕКЦИЈА ВО ОДБРАНАТА

Секторот за инспекција во одбраната врши инспекциски надзор на спроведување на законитоста во работењето на Министерството, Генералштабот и Армијата, а по одделни содржини од интерес за одбраната и во органите на државната власт, локалната самоуправа, организациите и трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби од значење за одбраната, во согласност со закон и Правилникот за инспекциски надзор во областа на одбраната.

V. СЕКТОР-СЛУЖБА ЗА ВОЕНА БЕЗБЕДНОСТ И РАЗУЗНАВАЊЕ

Сектор-Службата за воена безбедност и разузнавање врши работи во врска со планирањето, организирањето и спроведувањето на разузнавањето, контраразузнавањето и заштитата на силите во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.

VI. СЕКТОР ЗА ПОЛИТИКА И ПЛАНИРАЊЕ

Секторот за политика и планирање, како основна задача ја планира, раководи и насочува работата во врска со организирањето и подготвувањето на системот на одбраната, соработката со Европска унија и учеството во Европската безбедносна и одбранбена политика, остварува соработка со другите сектори во МО и ГШ на АРМ во изработката на стратегиските документи од областа на одбраната, го  подготвува  Планот  за одбрана на Републиката, врши процена на можните воени и други опасности со кои се загрозува суверенитетот, самостојноста и територијалниот интегритет на Републиката и функционирање на Министерството во воена состојба и врши работи во врска со контрола на вооружувањето и менаџирањето на одбранбените ресури и планирањето на Буџетот  за одбраната.

VII. СЕКТОР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Главните одговорности на Секторот за меѓународна соработка се да ја планира, раководи и насочува меѓународната соработка во областа на одбраната на Министерството  за одбрана, ја спроведува политиката на Министерството во областа на мултилатералната, регионална и билатералната соработка со НАТО и ПзМ земјите, обезбедувањето на стандардите на НАТО и работа околу подготовките на стандардите на НАТО и работите околу подготовките и организациите врзани за операциите и вежбите од страна на НАТО и ПзМ земјите.

VIII. СЕКТОР ЗА ЦИВИЛНО – ВОЕНА СОРАБОТКА СО РЕГИОНАЛНИ ЦЕНТРИ ЗА ОДБРАНА

Секторот за цивилно-воена соработка ги врши работи и задачи во врска со подготовките на одбраната, популаризацијата на воениот позив, воената евиденција и пополнувањето со резервен состав, а особено работи и задачи кои се однесуваат на планирање, анализирање и следење на реализирањето на лекарските и други прегледи и психолошки испитувања за утврдување на здравствената способност за воена служба, регрутирањето и упатувањето на  доброволно служење на воениот рок.

IX.СЕКТОР ЗА ПРАВНИ РАБОТИ

Секторот за правни работи ги врши работите што се однесуваат на изработување на предлози за донесување на закони, нацрти и предлози на закони од областа на одбраната, како и уредби, одлуки и решенија кои Министерството ги предлага на Владата за нивно донесување; правилници, упатства, наредби, решенија, планови и програми од надлежност на Министерството и Генералштабот на Армијата.

X. СЕКТОР  ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Секторот за човечки ресурси ги врши работите што се однесуваат на работите во врска со кадровскиот менаџмент во Министерството. Секторот ги анализира состојбите со кадровскиот потенцијал на Министерството и предлага можни решенија за персоналот, изработува аналитички материјали со предлози за измена на постојната законска регулатива. Секторот за човечки ресурси ја организира и координира работата во врска со образованието и обуката на вработените во МО и АРМ и развива политики и процедури за следење и оценување на работата на вработените врши евалуација на наставните планови за обука во АРМ.

XI.СЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ

Секторот за финансии врши буџетирање и анализа на буџет; утврдување и донесување на финансиски план на Министерството; реализација на финансиски средства утврдени со буџетот на Министерството и финансискиот план. Секторот ги анализира состојбите во врска финансиските ресурси и буџетирањето во Министерството и предлага можни решенија за надминување на можните проблеми.

XII. СЕКТОР ЗА ЛОГИСТИКА

Секторот за логистика го организира и подготвува логистичкиот систем и предлага мерки за развој, доградба и негово усовршување.  Секторот за логистика, соработува со соодветни институции и државни органи по прашања од материјата која се вградува во стручните правила и прописи; ги следи законските и подзаконските акти кои се однесуваат на логистичкото обезбедување и истите ги применува во пракса.

XIII. СЕКТОР ЗА НЕДВИЖНОСТИ

Секторот за недвижности врши работи што се однесуваат на подготвување на нормативни акти од областа на недвижностите што ги користи Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија; изготвување извештаи, анализи, информации и други материјали за Министерството за одбрана, Владата на Република Македонија и органите на државната управа.  од областа на прометот, замената и давањето на користење на недвижностите на кои корисник е Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија и друго.

XIII-а. СЕКТОР ЗА УСЛУГИ И ТУРИЗАМ, ВОЗЕН ПАРК И ОДРЖУВАЊЕ

Секторот за услуги и туризам, возен парк и одржување, ја организира и координира работата на домовите на Армијата во Републиката и угостителските објекти на Министерството; планира тековно одржување на објектите, обновување на инвентарот и пополна со потрошни и други материјални средства.

XIII-б. СЕКТОР ЗА НАМЕНСКО ПРОИЗВОДСТВО

Секторот за наменско производство, врши стручно и квалитативно работење во областа на наменското производство, поточно во делот на одржување на специјални возила и опрема, нивна редовна контрола и сервисирање.

XIV. СЕКТОР К-4

Секторот К-4 врши работи што се однесуваат на: планирање и учество во изработка на правила и упатства од областа на информатиката, телекомуникацијата, фреквентниот менаџмент и информациска документација. Секторот врши планирање и спроведување на развојот на целокупниот комуникациско информатички систем за потребите на одбраната во координација со Ј-6 на ГШ на Армијата. Секторот К-4 изработува годишни планови за архивски знаци за распоредување на актите во Министерството и ГШ на Армијата, годишни планови за архивска граѓа од трајна вредност за Министерството и ГШ на Армијата и годишни планови за документарен материјал со рокови на негово чување за Министерството и ГШ на Армијата.

XV. СЛУЖБА ЗА ИСТОРИЈА – МУЗЕЈ НА МИРОВНИ И БЕЗБЕДНОСНО -ОДБРАНБЕНИ ИСТРАЖУВАЊА (ВОЕН МУЗЕЈ)

Служба за историја – Музеј на мировни и безбедносно-одбранбени истражувања,  ги врши работите и задачите во врска со изучување на воената материја на македонскиот народ, осовременување на воената историја како специфична воена наука, воспоставување на соработка со конзорциумот на воената историја со земјите членки на НАТО, размена на историски материјали (оружје, орудија, архивска документација) и други материјали со земјите членки на НАТО, набавка, заштита, конзервирање на музејскиот материјал, организирање на изложби и презентација на музејскиот материјал.

XVI. СЕКТОР - ВОЕНО ВОЗДУХОПЛОВЕН АВТОРИТЕТ

Секторот  – воено воздухопловен авторитет врши стручни и управни работи од областа на военото воздухопловство кои се однесуваат на безбедноста на летањето, воздухопловното инженерство, издавање на специјални воздухопловно–технички билтени за измени во градба на воздухоплови, воздухопловниот персонал, проверка на квалитетот на образованието и обуката на воените пилоти и воените контролори на воздушниот сообраќај; воздухопловниот менаџмент, менаџмент на воздухопловниот простор, кој опфаќа активности во врска со проверка на процедурите за летање на воените и мешовити аеродроми.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail