АРМ мој вистински дом

„АРМ МОЈ ВИСТИНСКИ ДОМ“ – ЗАВРШЕН ПРОЕКТОТ ЗА ПРВАТА ЗГРАДА

Согласно плановите за реализација на проектот „АРМ мој вистински дом“изработен е основен проект за првата зграда. Зградата се состои од Подрум+Приземје+4 ката. Во подрумот се сместени гаражи, на приземјето предвиден е деловен простор, а на четирите ката се становите за потребите на припадниците на АРМ. Покрај гаражите, недостатокот од паркинг простор согласно правилникот за проектирање на станбени згради е решен со паркинг места во рамките на градежната парцела.
Според структурата на становите во оваа зграда има 3 вида на станови, и тоа:
- Еднособни станови;
- Двособни станови и
- Трособни станови.

При изработката на проектна документација за останатите згради покрај горенаведената структура на станови ќе бидат предвидени и четирисобни станови со површина од околу 100 м2.

Оглас за купување стан во лична сопственост.pdf

Измена на Оглас за купување стан во лична сопственост.pdf

Правилник за станбено обезбедување на активниот воен и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија со купубање на стан во лична сопственост.pdf

Најчесто поставувани прашања

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail