АРМ

МИСИЈА HA APM

  • Како вооружена сила на граѓаните на Република Македонија, со постојаниот и резервниот состав, се организира, подготвува и оспособува за водење вооружена борба и борбени и други дејствија за остварување на својата уставна улога и функција за одбрана на Република Македонија, како и за учество во Мисии и задачи за одбрана и чување на мирот и безбедноста и за противтерористички дејства во земјата и странство, во содејство или во состав на колективните системи за безбедност и одбрана (НАТО, ЕУ, ПзМ).

МИСИЈА НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ HA APM

  •  ГШ на АРМ ги извршува оперативните и стручни работи во планирањето, организирањето, подготвувањето и командувањето со Армијата во целина или нејзини делови, при остварување на задачите кои произлегуваат од мисијата на АРМ.

ЗАДАЧИ НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ HA APM

  1. Планирање на организацијата и формацијата на Армијата:
  • му предлага на МО организација и формација на АРМ,
  • изработува долгорочни планови, планирање на воени кампањи и планирање на сили.
  • врши здружено планирање и координација со МО и други органи на власта,
  • ја формулира и објавува политиката на ГШ,
  • ги определува воените потреби и приоритети за планирање на силите и ги анализира врските меѓу воените потреби и достапните ресурси и советува за прашања во врска со НАТО стандардизацијата,
  • унапредување и развој на стратегии во областа на обуката, оперативните способности, готовноста, набавките и опремувањето, одржувањето на опремата, логистиката и стандардизацијата,
  1. Планирање употреба на Армијата:
  • му предлага на МО План за употреба на АРМ,
  • ги координира организациските, безбедносните, воено-стручните и други мерки и активности потребни за успешна реализација на мисијата на АРМ,
  • ја координира изработката на плановите на потчинетите команди,
  • планира мерки, активности постапки за подршка на силите на МВР во одстранување на асиметричните закани,планира воспоставување соработка со мултинационалните агенции и организации од областа на одбраната ,
  1.  Организира подготовки и извршување на мобилизацијата на АРМ:
  • изработува мобилизациска проценка,
  • изработува предлог за мобилизациски развој на АРМ,
  • подготвува план за мобилизација на АРМ,
  • извршува мобилизација на АРМ или нејзини делови,
  1. Предлага мерки за зголемување на борбената готовност на АРМ:
  • го организира и следи спроведувањето на мерките за готовност на АРМ и превзема мерки за нивно извршување,
  • ја следи и контролира борбената готовност на командите и единиците на АРМ и превзема мерки за нејзино подобрување,
  1. Планирање на финансиски средства за потребите на АРМ:
  • предлага годишен, среднорочен и долгорочен финансиски план за потребите на АРМ,
  • ги спроведува одобрените годишни, среднорочни и долгорочни финансиски планови за потребите на АРМ,
  • ја следи ефикасноста и наменската реализација на средствата согласно прописите донесени од министерот за одбрана,
  1. Планирање за опремување на АРМ:
  • му предлага на МО годишен, среднорочен и долгорочен план за опремување и модернизација на АРМ,
  • спроведува материјално обезбедување на АРМ, согласно планот за опремување на АРМ,
  1. Планирање на вежбовните активности на АРМ:
  • му предлага на МО годишен план на вежбовни активности на АРМ,
  • изведува вежбовни и други активности за оспособување на АРМ во согласност со годишниот план,
  • врши мобилизација (за обука) на одделни формациски состави на АРМ,
  1. Планирање и спроведување персонален менаџмент во АРМ во согласност со кадровската политика на МО:
  • доставува до министерот за одбрана предлози за поставување, унапредување и разрешување воени старешини на должности за кои се предвидува чин мајор и повисок чин,
  • поставува, унапредува и разрешува воени старешини заклучно со чин потполковник(професионалните војници се во надлежност на првопотчинетите команди),
  • произведува во почетен чин воени старешини – подофицери,
  1. Планира школување, стручно оспособување и усовршување на лицата на служба во АРМ:
  • доставува до министерот за одбрана годишен планови за школување, стручно оспособување и усовршување на лицата на служба во АРМ,
  1. Планира, организира и спроведува логистичка подршка во АРМ,
  • формулирање на логистичката политика на АРМ;
  • планира, оценува и ги координира силите со логистиката на МО на полето на снабдување, одржување, движење и транспорт, медицинска поддршка, инфраструктура и услуги,
  • договарање и следење на потребите за транспорт;
  • договарање на поддршка преку соодветната агенција во однос на набавките и употребата на ресурси ;
  • следење на критичните класи на материјали и превземање мерки за набавка,
  • организира подршка и одржување на потчинетите единици и времени состави,
  • ажурирање на логистичките потреби;
  • подготвува детален преглед на логистичките резерви и мирновремени залихи;
  • врши проценка на капацитетите на АРМ за одржување, обезбедување на услуги, објекти за складирање и друга инфраструктура,
  • координирање на операции за оддржување, реконструкција на инфраструктурата на АРМ;
  • координирање на оперативните логистички функции и потреби
  • определување на потребите од склучување договори и изработка на потребна документација;
  • изработува документација за подршка на Република Македонија како земја домаќин;
  1. Ги согледува потребите и организира планирање и спроведување на обуката за припадниците на АРМ, особено на планот на:
  • операции за справување со кризи
  • координација на обука на декларираните единици на АРМ во мултинационални операции и мисии за одржување на мирот и борба против тероризмот,
  • координација на проекти за обука и вежби со командните авторитети на НАТО земјите,
  • воена соработка која се фокусира на соработката меѓу земјите на НАТО и ПзМ, во врска со курсеви за англиски јазик (воена терминологија), посети на експертски тимови и други настани во текот на целата година.
  1. Организира и подготвува врски за командување и контрола,
  • координирање на информациите во рамките на АРМ,
  • развој на системи за управување со информации,
  • подготвува предлози за разрешување на прашања поврзани со К4 и автоматските информативни системи,
  • управуваат со определувањето на фреквенции за АРМ;
  • изработува делови од оперативните планови.
  1. Планира и спроведува криптозаштита на тајните податоци значајни за АРМ,
  • Ја планира, координира и набљудува употребата на процедурите и средствата за криптозаштита;
  1. Организира и спроведува противелектронско обезбедување, (доколку ЦЕИ остане во состав на ГШ на АРМ),
  2. Организира и спроведува набљудување, контрола и обезбедување на суверенитетот на воздушниот простор на Република Македонија
  • ја следи состојбата во поглед на обезбедување на суверенитетот на воздушниот простор на Република Македонија,
  1. Разузнување и контраразузнување во АРМ:
  • координира активности за разузнување и контраразузнување во АРМ,
  • координира откривање и учествува во спречување на терористички дејности насочени кон одбраната на Република Македонија,
  • врши информирање на персоналот на разузнувањето, тимовите за набљудување и организациите кои го подржуваат разузнувањето во врска со пријателските цели, намери, планови на ГШ, како и реализацијата на операциите на АРМ.
  • ги определува разузнувачки приоритети во АРМ,
  • обезбедување на соодветни и навремени разузнувачки податоци за потребите на МО и по потреба врши информирање на повисоките служби и национални агенции за тековната состојба, приоритетите и потребите на разузнувањето.
  • по потреба, доставува разузнувачки податоци на потчинетите команди,
  • изработува план за контраразузнување во АРМ,
  • изработува делови од оперативните планови.
  1. Планира заштита на силите во АРМ,
  • координира ангажирање на Воената полиција и изведување на инженериски работи заради обезбедување на лица, Команди и објекти одредени од министерот за одбрана, на просториите на кои се изведуваат вежбовните активности, како и регулирање и контрола на воениот сообраќај,
  • планира мерки, активности и постапки за заштита на тајните податоци во АРМ,
  1. Планира и координира активности за откривање и спречување на вршење кривични дела во АРМ,
  2. Планира и координира активности за уредување на територијата за потребите на АРМ
  3. Остварува соработка со странски армии, цивилни власти и организации, во согласност со планот на МО,
  • остварува соработката со цивилните власти и организации во земјата,
  • подготвува и организира обука, проценки и процедури за CIMIC,
  1. Донесува стручни правила и упатства што се однесуваат на употребата на единиците на АРМ, внатрешниот ред и односите во вршењето на службата во АРМ и други стручни правила и упатства од значење за работа во АРМ,
  • верифицира Правила и упатства за единици, родови и служби во АРМ,
  • ги запознава потчинетите команди за прашања поврзани со меѓународно хуманитарно право, Закон за воени конфликти, договори за статус на силите, други договори и други оперативни прашања како на пример правила за ангажирање и одредување на цели.
  1. Командува со единиците на АРМ, согласно прописите за командување донесени од Претседателот на Република Македонија,
  2. Регулира учество на единици од АРМ врз основа на наредба од Претседателот на Република Македонија, во:
  • одстранувањето на последиците од вонредна состојба,
  • заштита и спасување од поплави, пожари, земјотреси,
  • пронаоѓање, собирање и уништување на неексплодирани убојни средства
facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail