Мисии

ПОЛИТИКАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА УЧЕСТВО ВО МИРОВНИ ОПЕРАЦИИ

Со политичкиот консензус на сите политички субјекти во РМ како и на целокупната македонска јавност во поглед на подршката на на Коалицијата за борба против тероризмот, Република Македонија зема активно учество со испраќање на свои единици во мисиите „Слобода за Ирак” и „ИСАФ”.

Правна основа за донесување на Одлуката за испраќање на единиците на Армијата на Република Македонија за учество во мировните операции во Ирак и Авганистан е членот 41 став 3 од Законот за одбрана според кој одлуката за испраќање на единица на АРМ надвор од територијата на Републиката за учество во мировни мисии донесува Собранието.

Врз основа на своите законски овластувања Собранието на Република Македонија донесе одлуки за испраќање на свои единици во мисиите „Слобода за Ирак” и „ИСАФ” и тоа за периодот од јануари 2003 до денес и тоа за секоја мисија посебно на секој 6 месеци од времетраењето на мандатот на мисиите.

Во мај 2006 година со измените и дополнувањето на Законот за одбрана се направи измена во делот за испраќање на единици за учество во мировни операции. Во согласност со ратификуван меѓународен договор, одлука за испраќање на единици на Армијата за учество во мировни операции за колективна одбрана надвор од територијата на РМ предводени од НАТО, донесува Владата на РМ. Овој изменет член ќе се применува по приемот на РМ во членство во НАТО.

За Република Македонија учеството во меѓународни мировни мисии со сопствени сили и капацитети во реално воено опкружување е незаменливо искуство. Учеството во операциите ИСАФ и “Слобода за Ирак”, остануваат на агендата на Република Македонија.

ФИНАНСКИСКИ ТРОШОЦИ ЗА МИСИИТЕ

За мисијата ИСАФ во Авганистан за период 2005-2006 се потрошени околу 2.800.000 американски долари.

За мисијата “Слобода за Ирак” за период 2005-2006 се потрошени околу 5.000.000 американски долари.

Финансиските трошоци за учество во мисии во 2005 и 2006 изнесуваат околу 7.800.000 американски долари.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail