Лепеза

ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА ПРОГРАМАТА „ЛЕПЕЗА“

Водени од чувството за одговорност и солидарност кон секој поранешен припадник на Армијата на Република Македонија, Министерство за одбрана реализира повеќе мерки и активности кои се насочени кон овозможување на квалитетна поддршка во процесот на подготовка за враќање во цивилен живот.

На оваа веб страница ќе ги најдете потребните информации од процесот на подготовка за враќање во цивилен живот. Деталните информации корисниците на Програмата ќе ги добијат со вклучувањето во процесот.

На Веб страницата корисни информации ќе добијат и работодавачите кои се заинтересирани за вработување на поранешен воен персонал.

На Шемата за транзиција, прикажан е целокупниот процес на подготовка за враќање во цивилен живот.

ВЕСТИ
  • СООПШТЕНИЕ ЗА ОБЈАВЕН ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ

    23-01-2012

    Се известуваат сите поранешни професионални војници, на кои службата во Армијата им престанала со навршени 38 години возраст, дека Агенцијата за вработување на Република Македонија на ден 17.01.2012 година објави оглас за финансиска поддршка за самовработување (обезбедување на неповратни финансиски средства за започнување на сопствен бизнис, во висина од 185.000 денари и помош во трошоците […]

  • МБТИ-прашалникот се воведува во советувањето за втора кариера

    lepeza-19-12-1119-12-2011

    Во периодот од 13 – 15 декември 2011 година, во Центарот за транзиција во Скопје се реализираше обука на обучувачи за професионално советување на тема „Задавање и интерпретирање на резултати од МБТИ (Myers-Briggs Type Indicator) прашалник“. Цел на обуката беше да се подобрат советодавните вештини на советниците за транзиција и психолозите преку користење на МБТИ […]

  • Професионалните војници добија поддршка за вработување и самовработување

    20-02-2011

    На двесте и седмата седница на Владата на Република Мaкедонија одржана на 01.02.2011 година усвоен е Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување за 2011 година. Согласно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Министерството за одбрана, Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија, професионалните војници постанаа посебна целна […]

останати вести >>

МЕСТО ВО СТРУКТУРАТА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА

Програмата ја имплементира Одделението за транзиција при Секторот за човечки ресурси во Министерството за одбрана. Во рамките на одделението за транзиција функционираат центрите за транзиција во Скопје, во Штип и во Кичево.

СТРУКТУРА НА СИСТЕМОТ ЗА ТРАНЗИЦИЈА ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА

Во Одделението за транзиција се вработени повеќе профили на кадри со кои се обезбедува советување, помош и поддршка во различни области од транзицијата. Структурата на Одделението на транзиција е прикажана на шемата.

Почитувани работодавачи,

Отварањето на нови, модерни бизниси секојднедно ја зголемува потребата од квалификувана, добро обучена и мотивирана работна сила. За развојот на вашиот бизнис ви требаат квалитетни кадри, не само со формална квалификација, туку и со други вештини и способности, како и со соодветно работно искуство. Како да се најдат вистинските луѓе за слободните работни места и како да се направи избор од понудата на пазарот на работна сила.

Ние имаме база на податоци за невработени поранешни професионални војници, со квалификации, вештини и способности, интереси и работното искуство кои тие ги поседуваат.

Покрај тоа, ќе ви заштедиме и време и финансиски средства за ангажирање на агенција која би извршила селекција на кадарот кој ви е потребен во компанијата. Ќе организираме посредување за вработување, при што ќе можете да ги изберете лицата кои најмногу ќе одговараат на потребите на вашата компанија.

ЗОШТО ДА ВРАБОТИТЕ ВОЕН ПЕРСОНАЛ?
КАКВИ КВАЛИТЕТИ ПОСЕДУВА ВОЕНИОТ ПЕРСОНАЛ?

Воената служба е традиционално една од најчесните и најценетите служби во секое општество, а воените лица се негова најлојална структура. Припадниците на Армијата на Република Македонија со сите свои квалитети и способности, чесно и одговорно се во служба на државата, подготвени за професионално извршување на задачите.

Ниту една работна организација нема можност да ги обучи луѓето толку темелно. Секоја должност во рамки на вооружените сили индивидуално овозможува стекнување на одредени знаења и вештини корисни и во цивилните институции, како и можност за работа на технолошки најсовремена опрема.

Припадниците на Армијата на Република Македонија, како специфична категорија на работна сила, се одликуваат со исклучително високи човечки и професионални квалитети и способности.

Општа карактеристика на секое воено лице се високите лидерски и организациски способности. Поради специфичноста на системот на работа во Армијата, воените лица поседуваат високи работни и морални квалитети, како и специфични знаења, вештини и способности применливи во цивилни институции.

Одговорен, дисциплиниран и мотивиран – се особини поради кои стекнатите вештини воениот персонал може максимално да ги искористи во секоја ситуација.

Исполнителен и точен – само луѓе со искуство може да се снаоѓаат и да се организираат навреме, со целосно прилагодување на новонастанатите ситуации.

Широк дијапазон на обученост – воениот персонал е научен задачите да ги извршува точно, успешно и навремено, согласно со стандардите и прописите.

Способен за тимска работа – без истрајност и способност за тимска работа во група, ни наједноставните воени активности неможат да се изведат.

Делегира задачи и контролира – е една од основните карактеристики на работата, при што сите припадници мора да знаат и да умеат на најбрз и најефикасен начин да ги извршуваат поставените работни задачи.

Одлучен – е една од најважните особини на секое воено лице која подразбира секојдневно соочување со најсложените ситуации и донесување бројни одлуки.

Сигурен и приспособлив – овие особини се развиваат низ долгогодишната работа во Армијата, со стекнатото работно искуство и животната мудрост.

Доверлив и истраен – успехот на одредена работна задча, како и животите на војниците, често пати зависат и од доверливоста на воениот персонал, како и од степеност на истрајноста.

Посветен кон работата и насочен кон целта – кон поставените задачи пристапува максимално и сериозно кон остварување на целта.

Коректен во однесувањето – контактите со разни профили на луѓе во текот на воената кариера, ги изградуваат комуникациските способности на секое воено лице.

Ваквите карактеристики како и многу други бројни квалитети на професионалните војници се посакувани и добредојдени во голем дел од професиите во цивилниот живот.

Дополнителни информации за квалитетите на воениот персонал можете да најдете во брошурата „ВРАБОТЕТЕ ГИ НАЈДОБРИТЕ“. Истата можете да ја преземете овде.

ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕНЕФИЦИИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ НА ПОРАНЕШЕН ВОЕН ПЕРСОНАЛ?

Доколку вработите поранешни професионални војници, покрај добивањето исклучително квалитетен персонал, Вашата компанија може да искористи и субвенција за вработување.

Висина на субвенционирањето:

Финансиската поддршка за секој вработен поранешен професионален војник изнесува 15.000,00 денари месечно, за период од 6 месеци. Со добивањето на субвенцијата превземате обврска овие лица да ги задржите на работа најмалку уште 12 месеци, односно вкупно 18 месеци. Уверени сме дека за тоа време ќе се уверите во квалитетите на лицата.

Како до субвенции?

Субвенционирањето при вработување на професионални војници се остварува преку Агенцијата за вработување на Република Македонија. Потребно е да аплицирате на огласот за субвенционирање во најблискиот Центар за вработување до седиштето на Вашата компанија. Агенцијата за вработување ќе ги спроведе сите потребни процедури и ќе изврши поврзување со апликантот-поранешниот професионален војник, до конечното потпишување на договор за негово вработување.

КАКО МОЖЕТЕ ДА ВРАБОТИТЕ ПОРАНЕШЕН ВОЕН ПЕРСОНАЛ?

Доколу Ве уверивме во квалитетите на воениот персонал и донесовте одлука да вработите поранешен професионален војник Ве молиме за следното:

  • Пополнете барање за вработување на професионални војници, кое може да го најдете on-line на нашата Веб страница, кое може да го преземете овде.
  • Испратете го барањето по електронска пошта на e-mail адреса lepeza.skopje@morm.gov.mk/portal, директно во центрите за транзиција, преку факс, или на адресите наведени во делот за контакти;
  • По разгледувањето на барањето, ќе бидете контактирани од страна на одговорното лице за утврдување на термин за посредување при вработување;
  • Реализацијата на посредувањето при вработување се врши во центрите за транзиција или во Вашата компанија, во присуство на лице од Министерството за одбрана;

По извршената селекција на професионалните војници од Ваша страна, да не известувате за изборот кој сте го направиле, поради ажурирање на нашата база на податоци на вработени професионални војници.

КАКО И КАДЕ ДА СЕ ИНФОРМИРАТЕ ЗА ПРОГРАМАТА

Сите информации поврзани со Програмата за подготовка за враќање на воениот персонал на служба во АРМ во цивилниот живот -„ЛЕПЕЗА“ и со процесот на транзиција може да се добијат во Центарот за транзиција со посета на просториите на центарот или телефонски.

Директно писмо може да напишете на долу наведената е-mail адреса. Во кус период ќе ги добиете бараните информации.

ЦЕНТАР ЗА ТРАНЗИЦИЈА СКОПЈЕ

Адреса: Касарна „Гоце Делчев“ објект бр.55 нас.„ Аеродром “-Скопје
Телефон: 02/3283-873
Фах: 02/3283-880
lepeza.skopje@morm.gov.mk/portal

Полковник Ѓорѓи Митриновски
Раководител на Одделението за враќање во цивилен живот
Телефон: 02/328-3861
E-mail: gmitrinovski@morm.gov.mk/portal


Раде Васовски
Советник за развој на проекти
Телефон: 02/328-3872
E-mail: rade.vasoski@morm.gov.mk/portal


Татјана Атанасовска
Советник за психолошки подготовки
Телефон: 02/328-3817
E-mail: tatjana.atanasovska@morm.gov.mk/portal


Бурханудин Хасани
Помлад соработник за информирање
Телефон: 02/328-3873
E-mail: burhanudin.hasani@morm.gov.mk/portal


Младен Петров
Советник за правни прашања
Телефон: 02/328-3863
E-mail: mladen.petrov@morm.gov.mk/portal


Лидија Јованчевска
Соработник за посредување при вработување
Телефон: 02/328-3891
E-mail: lidija.jovancevska@morm.gov.mk/portal

ЦЕНТАР ЗА ТРАНЗИЦИЈА ШТИП

Адреса: Касарна „Јане Сандански“ – Војнички клуб
Телефон: 032/207-002
Фах: 032/204-643
lepeza.stip@morm.gov.mk/portal


Мајор Коста Димитров
Советник за транзиција
тел: 032/207-002
E-mail: kosta.dimitrov@morm.gov.mk/portal

ЦЕНТАР ЗА ТРАНЗИЦИЈА КИЧЕВО

Адреса: Касарна „Чеде Филиповски-Даме“- Зграда на командата
Тел: 045/216-690
Фах: 045/216-692
lepeza.kicevo@morm.gov.mk/portal


Мајор Лазо Петров
Советник за транзиција
тел:045/ 216-690
E-mail: lazo.petrov@morm.gov.mk/portal

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail