Најчесто поставувани прашања

Ви презентираме одговори на дел од досега најчесто поставувани прашања:

1. П: Дали ќе биде пролонгиран рокот за пријавување на Огласот за купување на стан, 20.11.2015 година, со оглед на последните најавени промени во условите за учество на истиот?
О: Во досегашниот период не се планира пролонгирање на рокот за пријавување на Огласот, а сите измени и дополни ќе бидат навремено објавени како дополна на тој Оглас на сите огласни места и web страната на МО.

2. П: Дали доколку некој припадник или цивилно лице на служба во АРМ не се пријави на овој оглас го губи правото за пријавување на идните огласи?
О: НЕ, во рамки на овој оглас ќе бидат објавени конечни листи за секој тип на стан, во рамки на овој оглас, а после секој нареден оглас истите ќе се дополнуваат со новопријавените. Огласите ќе се објавуваат на различни временски периоди, согласно потребите се до целосна реализација на овој проект, кој ќе го реализираме се додека има заинтересирани купувачи на стан во лична сопственост.

3. П: Дали доколку припадник на АРМ во моментот на објавување на Огласот е на извршување на своите задачи во меѓународна мировна мисија или е упатен на школување во странство, во негово име може да аплицира член на неговото семејство?
О: ДА, секој полнолетен член на семејното домаќинство кој е наведен во Изјава – Прилог бр.4 (родители, брачен другар, син или ќерка постари од 18 години и сл.) може да аплицира во име на припадникот на АРМ. Истото ќе се реализира на следниов начин:
• Лицето кое е во странство ќе испрати известување на е-маил: armmojvistinskidom@morm.gov.mk со име и презиме на лицето кое го овластува во негово име да аплицира на Огласот.
• На истиот – маил ќе достави скенирана – потполнета и своерачно потпишана Изјава – Прилог бр.4
• Комисијата ќе ги провери изнесените податоци, и доколку констатира невистинити информации, ќе бидете дисквалификувани исто како да сте поднеле Изјава заверена на Нотар.
• Полномошникот не е задолжен Изјавата – Прилог бр.4 да ја заверува на Нотар, туку истото ќе се регулира по Вашето враќање во Република Македонија.
• Ваша обврската е веднаш по враќање во Република Македонија да ја заверите Изјавата – Прилог бр.4 и истата да ја доставите до Комисијата.

4. П: Дали доколку потенцијалните купувачи се пријават дека ќе уплатат 100% од сумата на станот, ќе имаат предност при бодирањето односно рангирањето?
О: НЕ, јасно се објавени критериумите за бодирање, а висината на учеството не е дел од нив.

5. П: Дали доколку уплатам 100% од цената на станот, истиот можам да го отуѓам или дадам под закуп пред истекот на рокот од 20 години?
О: ДА, но во случај на продажба ќе треба да се побара предходна согласност од МО, а пред добивање на таа согласност ќе треба да го вратите полниот износ на до тогаш искористените субвенции. Во поглед на рокот од 20 години, ги разгледуваме сите опции за негово симнување на 10 години.

6. П: Дали може станот да се оттуѓи или даде под закуп?
О: Станот ќе може да се оттуѓи или даде под закуп согласно условите од Член 28 од Правилникот бр.01-5270/1 од 22.08.2015 година, односно при продажба треба да се вратат до тогаш искористените субвенции на МО, а при закуп во период на траење на закупот нема да користите субвенции за камата на кредитот.

7. П: На што се однесува точка 5 од Изјава – Прилог бр.4, за поседување на стан во лична сопственост, дали само на апликантот или на сите членови од семејното домаќинство кои се наведени во точка 1 од истата Изјава?
О: Одговорот се однесува на сите членови од семејното домаќинство. Доколку Ваш родител или брачен другар поседува стан во лична сопственост ќе се изјасните дека припаѓате на категорија б.од точка 5, а доколку некој од наведените во точка 1 добил стан под повластени услови, без разлика кога и со колкава квадратура, ќе се изјасните за припадник на категорија в.од точка 5.

8. П: Дали доколку не аплицирам на овој Оглас, го губам правото на закупнина кое го користам во моментов?
О: НЕ, тоа право се губи само во оној момент кога припадникот на АРМ е станбено обезбеден под повластени услови.

9. П: Дали доколку по утврдување на листите се утврди дека лицето не е кредитоспособно за тој тип на стан за кој аплицирал, ќе може да му се провери кридитоспособност за помал стан и да добие таков стан за кој е кредитоспособен?
О: ДА, доколку се лицето кое аплицирало не е кредито способно да купи стан за кој аплицирал, ќе може да ја извести комисијата дека аплицира за помал стан, а комисијата ќе го стави на листа на чекање со истиот број на бодови, а ќе добие можност за повторна проверка на кредитоспособноста после објавување на нов оглас. Доколку сите лица од конечната листа кои добиле помал стан, станбено се обезбедат, тогаш лицето од листата на чекање ќе биде упатено на повторна проверка на кредитоспособноста и ќе му биде доделен помал стан.

10. П: Дали доколку купам стан го губам правото на превоз кој го користам во моментов и што во случај да добијам прекоманда, дали ќе ми се обезбеди превоз?
О: Во врска со правото на организиран превоз, Ве информираме дека се цени мометот кога сте службено распоредени на работно место во некој од гарнизоните на АРМ, пред купување на станот или по купување на станот. Ако сте распоредени пред купување на станот, тогаш Ви останува правото на превоз на дестинацијата на која Ви е истиот одобрен до тој момент, но доколку се преселите во новиот стан во Скопје, нема да имате право на организиран превоз од Скопје до местото на служба. Во иднина, после купување на станот, без разлика дали сте се преселиле во истиот или не, доколку бидете упатени на служба во друго место, ќе Ви следува право на организиран превоз.

11. П: Дали може да поднесам апликација за сите четири видови на станови, па за тој за кој сум кредитоспособен да ми биде доделен?
О: ДА можете, но во барањето наведете за кој типови на станови аплицирате. Доколку веќе сте аплицирале, до Комисијата за спроведување на огласот поднесете писмена дополна кон барањето или електронски на е-маил: armmojvistinskidom@morm.gov.mk.

12. П: Дали ако аплицирам за стан во Скопје на овој оглас, а покасно објавите друг оглас со можност за купување на стан во друга општина, ќе може да се пријавам и на тој оглас?
О: ДА, но зависно од тоа дали веќе сте потпишале договор за купување на стан во Скопје. Доколку сте на листата, нема да има проблем да се пријавите на некој од идните огласи за купување на стан во друго место.

13. П: На служба сум во гарнизонот Велес, а  аплицирам на огласот за здобивање со стан во Скопје. Немам сопствен стан, а живеам под кирија во Прилеп. Го користам службениот превоз на релација Прилеп-Велес и обратно, и согласно законот не остварувам право на закупнина за стан од АРМ. Дали со мојот договор за закуп остварувам право на бодовите што следуваат согласно точката „Користам стан под закуп, надоместок на трошоци за закупнина на стан“?
О: НЕ, само оние кои примаат закупнина од Министерството за одбрана се дел од тој критериум и имаат 40 бодови.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail