Одлучна поддршка

Република Македонија останува посветена на придонесот во операциите предводени од НАТО. Почнувајќи од 01.01.2015 година, Република Македонија учествува во мисијата на НАТО во Авганистан наречена „Одлучна поддршка“ (“Resolute Support”), и тоа со сили за обезбедување, штабен персонал и ментори.

 Во операцијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, придонесуваме со 39 лица и тоа:

  • Штабен персонал од 13 лица (12 офицери и 1 подофицер) во заедничката мисија со силите на Република Турција, во Регионалната команда Кабул;
  • 5 лица – инструктори и експерти за обука и советување во заедничката мисија со силите на СР Германија во Регионалната команда Север;
  • Единица за сили од 20 лица воен персонал за обезбедување на командата на мисијата „Одлучна поддршка“;
  • 1 лице, штабен персонал во рамките на заеднички контингент на САД-Јадранската повелба, во Регионалната команда Север.

 Нов квалитет на учеството на Република Македонија во НАТО мисијата во Авганистан е фактот дека Македонија покрај придонесот со контингент за заштита на силите, дава придонес и со штабни офицери.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail