Градење Интегритет

ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ И КУЛТУРА НА ИНТЕГРИТЕТ

Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, во континуитет спроведуваат мерки и активности за унапредување на доброто владеење и јакнење на културата на интегритет.

Во 2018 година, со експертска поддршка од НАТО започна да се спроведува Програмата „НАТО Обука на обучувачи од областа на интегритетот“. Програмата е насочена кон јакнење на институционалните капацитети и формирање на самоодржлив систем за обука на вработените, кој треба да овозможи континуирано унапредување на културата на интегритет. Во ноември 2019г. во седиштето на НАТО во Брисел беа промовирани 16 обучувачи од Република Северна Македонија кои од 2020г. ќе започнат со редовно спроведување на обуки од областа на интегритетот за вработените во Министерството за одбрана, Армијата и Воената Академија.

Во февруари 2019 година, во Вашингтон, заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, учествуваше на НАТО Конференција за градење интегритет.

На Конференцијата за градење интегритет која се одржа под мотото „Градење силни и отпорни институции за јакнење на нашите партнерства“, на панел дискусија со помошникот генерален секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика – амбасадорот Алехандро Алваргонзалез, Шекеринска се осврна на предизвиците поврзани со транспарентноста, отчетноста и интегритетот во областа на одбраната.

“Ова е многу позитивен знак што, токму на оваа тема, НАТО не’ повика да зборуваме за политиките неопходни за да градиме интегритет во државата и во одбраната, политики кои создаваат доверба кај граѓаните. Според истражувањата на цивилниот сектор, Министерството за одбрана за една година направи крупен скок и се вброи меѓу првите три институции во државата според транспарентност, отчетност и интегритет, што е најдобар доказ за успешноста на реформите и најефикасен начин за борба против корупцијата“, рече министерката.

Во април 2019 година, во Регионалниот центар за односи со јавност се реализираше пилот НАТО курс – Градење на интегритетот во областа на односи со јавноста. Спроведувањето на пилот курсот токму во Република Северна Македонија е потврда за постигнатиот напредок и изградбата на капацитети од областа на интегритетот.

Повеќе на следниот линк: https://parc.mk/building-integrity-in-public-affairs-course/

Паралелно со соработката со НАТО, во континуитет се спроведуваат и други активности за јакнење на културата на интегритет и промоција на доброто владеење.

Во периодот 22-26 јануари 2018г. во просториите на Регионалниот центар за односи со јавност (РЦОЈ),  се реализираше циклус на Обуки за градење интегритет за највисокото и високо раководство од Министерството за одбрана и Армијата. Целта на обуките, кои се реализираа со поддршка на Воената Академија на Обединетото Кралство беше да се истакне улогата на највисокото раководството во изградбата на системот на интегритет и да се потенцираат областите подложни на ризик од корупција.

Обуката ја отвори министерката за одбрана  Радмила Шекеринска, која во своето обраќање истакна: „Градењето на интегритет е политика која нема алтернатива, политика која ќе нè направи помоќни како држава. Интегритетот создава доверба и силни системи, кои и во моменти на криза даваат резултати. Треба да создадеме систем на принципи кој нема да зависи од тоа кој е министер, и ќе биде имун на секој обид на злоупотреба на службената должност. Задоволна сум  што успеавме за релативно кусо време да го создадеме и оној дел од веб-страницата на Министерството кој што се вика „Јавноста има право да знае“, зашто навистина е така – јавноста има право да знае што правиме со стратешките цели во државата, јавноста има право да знае што правиме со парите кои што граѓаните ги одделуваат и ги плаќаат во буџетот на Македонија. Транспарентноста не е секогаш лесна, секогаш доаѓа со одредена цена, но на долг рок секогаш позитивно се враќа“.

Повеќе на следните линкови:

http://www.mod.gov.mk/?mainnews=obuka-gradenje-integritet-za-akovodstvoto-vo-mo-i-arm-22-01-2018&lang=mk

http://www.mod.gov.mk/?mainnews=building-integrity-obuka2-10-06-2019&lang=mk

Историјатот на градење интегритет започна уште со потпишување на заедничка изјава на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на „SEDM“, во октомври 2012 година. Република Македонија формално пристапи кон иницијативата на НАТО за градење на интегритет во 2012 година. Во 2013 година, за прв пат беше отворена бесплатната телефонска линија и е-маил адреса за пријавување сомнежи за корупција. Во февруари 2014 година Република Македонија кон пакетот Партнерски цели ја додаде и Партнерската цел Г 0204 – Развој на интегритет која предвидува: самопроцена на интегритетот, развој на план за интегритет, развој на базен на експерти кои ќе спроведуваат обуки од областа на интегртетот во националните центри за обука и континуирано унапредување на свесноста за интегритетот помеѓу вработените.

Во  јуни 2015 година, Министерството за одбрана, ја заврши првата фаза од самопроцената на интегритет и до НАТО го предаде Прашалникот за самопроценка на интегритет. Во периодот од 5 до 8 октомври 2015 година група експерти од НАТО (Peer Review Team) ја посети Република Македонија и реализираше интервјуа со надлежните раководители на Сектори поврзано со предадениот Прашалник – Peer Review Process. Во јануари 2016 година, до Република Македонија официјално е доставен Конечниот извештај од НАТО (NATO Peer Review Report) со што заврши процесот на Самопроценка на интегритет.

Во 2015 година беше формирана работна група за изработка на План за интегритет за Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија. Врз основа на забелешките од Извештајот на НАТО (Peer Review Report) и обврските од Државните програми за превенција и репресија на корупција и судир на интереси, работната група изработи План за интегритет за Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија кој беше усвоен во февруари 2016 година.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail