ПРИЈАВИ СЕ! БИДИ ДЕЛ ОД АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

voen-muzej-header

Почитувани граѓани на Република Македонија,

Армијата на Република Македонија е одлична можност за секој од вас кој ги исполнува условите да биде дел од безбедносниот систем на Македонија, но и да ја развива својата кариера и да има уникатни можности да ги унапредува своите знаења, вештини и капацитети преку програмите и обуките во Република Македонија и во земјите-партнери.

Што е она што АРМ го нуди за вас?
- стручно усовршување, стекнување на нови знаења и вештини;
- можност за напредување во кариерата;
- изучување на странски јазици: англиски, германски, италијански, грчки, француски јазик, на курсеви во Република Македонија и земјите-партнери;
- можност за работа во меѓународни мировни мисии на НАТО, на ЕУ и на ООН, како и вежби во повеќе партнерски земји, како претставници на Република Македонија;
- можност за стекнување на непроценливи искуства, посетување на земји и развој на познанства и пријателства;
- континуирано подобрување на вашата физичка подготвеност, развој на спортот и спортскиот дух и учество на меѓународни воени спортски натпревари;
- обезбедено постојано вработување во државните институции за професионалните војници по завршување на законски предвидената горна граница за служба во Армијата како војник.

Повеќе информации за можностите да бидете дел од Армијата преку доброволното служење воен рок, приемот за професионални војници и Воената академија можете да најдете подолу.

Динамичен план за популаризација на воената професија во средните училишта во Република Македонија (прва фаза)

И Н Ф О Р М А Ц И Ј А
за начинот и постапката за доброволно служење на воен рок во Армијата на Република Македонија

Почитувани граѓани на Република Македонија,

во продолжение можете да се информирате за начинот и постапката за доброволно служење на воениот рок во Армијата на Република Македонија. Ве повикуваме да бидете дел од Армијата и да го отслужите доброволниот воен рок, кој е основен услов за пријавување на јавните огласи за прием на кандидати за професионални војници во Армијата на Република Македонија.

Согласно член 62 од Законот за одбрана („Службен весник на РМ“ број 185 од 30.12.2011 година) сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за воена служба можат доброволно да се упатат на служење воен рок по наполнување на 18 години, но не подоцна од наполнети 26 години.

За доброволно служење воен рок во АРМ се поднесува барање и тоа право го има секој државјанин на Република Македонија од машки и женски пол и за поднесување на истото нема определен рок.

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ И ПОСТАПКА

Барањето за доброволно служење на воен рок во АРМ се поднесува лично од страна на граѓанинот до Министерството за одбрана – Одделението за одбрана во местото на живеалиште односно престојувалиште на граѓанинот, односно каде се води во воената евиденција. (Одделенија за одбрана за региони – градови и општини во Република Македонија).

Образецот од Барањето за доброволно служење на воен рок во АРМ на Република Македонија може да се преземе тука, како и на шалтерите во Одделенијата за одбрана во Република Македонија.

По приемот на барањата за доброволно служење на воен рок, Одделенијата за одбрана во Република Македонија формираат евиденција, по што се организира спроведување на лекарски прегледи и психолошки испитувања.

Одделенијата за одбрана во Република Македонија по добивањето планот и списоците со одредени термини за извршување на лекарските прегледи и психолошките испитувања ги известуваат, односно повикуваат граѓаните кои веќе поднеле барање.

Лекарските прегледи и психолошките испитувања се извршуваат во Воено медицинскиот центар во Скопје и вообичаено траат до 2 дена.

По завршувањето на лекарските пргледи и психолошките испитувања граѓаните кои од страна на Военолекарската комисија на Министерството за одбрана се оценети со оценката „исполнува критериум за воена служба“ веќе се кандидати за доброволно служење воен рок и истите се планираат да бидат упатени на доброволно служење на воен рок во АРМ.

Упатувањето на доброволно служење на воен рок во АРМ се врши врз основа на прикажани потреби на Армијата и во случај на надминување на потребниот број во одреден упатен рок, тогаш се применува принципот на редослед на пријавување, а останатите граѓани ќе се планираат да бидат упатени во наредниот упатен рок.

Доброволното служење на воен рок во АРМ се врши во три упатни рокови: февруари, јуни и октомври, во една календарска година, во времетраење од 3  месеци и се служи во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес.

Согласно членот 7 од Правилникот за времето и начинот на упатување на граѓаните на отслужување на воениот рок и постапката за прекин на служењето на воениот рок и отпуштање на војниците од АРМ („Службен весник на РМ“ бр.44/2007), кандидатот може да се откаже од служењето на воениот рок, од денот на поднесувањето на барањето до денот на приемот на поканата за упатување на служење на воен рок.

Кандидатот на кој му е врачена поканата за упатување на служење на воен рок, може да се откаже од служењето, најдоцна 10 дена од денот на приемот на поканата.

Кандидатот може да се откаже од служењето на воениот рок со поднесување на лична изјава за откажување.

КОНТАКТ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРАШАЊА

Се информираат граѓаните на Република Македонија за целосни и навремени информации и одговори на прашања во врска со начинот и постапката за доброволно служење на воен рок во Армијата на Република Македонија може и треба да ги добијат во Одделенијата за одбрана во Република Македонија во местото на живеење и на телефонскиот број:02/328-2535.

Со почит,

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА

 

ОБРАСЦИ

Барање за доброволно служење воен рок во АРМ

Барање за издавање уверение за регулирана воена обврска

Барање за одложување доброволно служење воен рок во АРМ

ИНФОРМАЦИИ

за пријавување на кандидати на јавни огласи за прием на професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија

Почитувани граѓани на Република Македонија,

Министерството за одбрана на Република Македонија, објави Јавен оглас за прием на кандидати за професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија.

Кандидатите за професионални војници на јавниот оглас може да се пријават на електронска пошта во Министерството за одбрана javenoglaspfv@morm.gov.mk со пополнување на образецот Пријава за пријавување на кандидати за професионални војници на служба во АРМ. Пријавата може да се  преземе тука.

За дополнителни информации во врска со јавните огласи кандидатите може да се информираат на телефонскиот број 02/328-2535 во Министерството за одбрана.

Јавен оглас за прием на професионални војници

Пријава

Прашалник со изјава за морална, материјална и кривична одговорност за точноста на дадените податоци – образец
(Пополнетиот прашалник  лично се доставува во хартиена форма во Одделението за одбрана во местото на живеење)

ВОЕНА АКАДЕМИЈА „ГЕНЕРАЛ МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ“

– ЗНАЕЊЕ, ЧЕСТ, СЛУЖБА, ТАТКОВИНА –

Почитувани граѓани на Република Македонија,

Во рамките на Министерството за одбрана функционира и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, која е уникатна воена високообразовна институција која продуцира офицери за Армијата на Република Македонија, но и за дел од армиите на земјите од регионот.

Со приемот на студии во Воената академија вие се здобивате со ексклузивна можност за стипендирано високо образование, како и интернатско сместување, исхрана и одлични услови за работа согласно сите стандарди за едукација на воени офицери.

Воената академија нуди високо квалитетна едукција преку различни акредитирани програми (4+1+3), специјалистички студии и курсеви за различни специјалности кои се неопходни за потребите на Министерството за одбрана и за Армијата на Република Македонија. Академијата нуди и континуирано изучување на странски јазици во текот на целото ваше школување, како и користење на најсовремени технологии и размена на искуства со студенти и питомци од други држави од регионот и пошироко. Преку развиената соработка со различни престижни воени академии од Европа и од САД, вие имате атрактивна можност да поминете дел од вашето школување, во рамките на тие академии.

Академијата нуди и можности за стручно усовршување, стекнување на нови знаења и вештини преку континуирана обука реализирана во рамките на Академијата, но и различни меѓународни вежби и активности реализирани со своите партнери во и надвор од НАТО-Алијансата.

Во текот на студиите посебно внимание се посветува на одржувањето на физичката подготвеност преку задолжителни спортски активности, но и обезбедени обуки во земјата и во странство и тоа во скијање, пливање, веслање, како и преку учество на различни национални и меѓународни натпревари и турнири.

По завршувањето на студиите вие се стекнувате со офицерски чин и гарантирано работно место во Армијата на Република Македонија, а имате можност и да го продолжите вашето школување во Центарот за обука на пилоти со цел да бидете воен пилот.

Подолу можете да ги најдете подеталните информации за пријавување на прв, втор и трет циклус на студии на Воената академија.

Ве очекуваме!

Информации за запишување на прв циклус на студии на Воената академија

Информации за запишување на втор циклус на студии на Воената академија

Информации за запишување на трет циклус на студии на Воената академија

Информации за запишување слушатели на стручно оспособување и усовршување за родот авијација на Воената академија

Пријавни листови

Доброволно служење воен рок
Професионални војници
61-Shtit_mak 1

61-Shtit_mak 1

61-Shtit_mak 1

61-Shtit_mak 1

61-Shtit_mak 1

61-Shtit_mak 1

61-Shtit_mak 1

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail