Поддршка за KFOR

Земајки ги во предвид приоритетите во делот на логистика не само во национални рамки, но и повеќе во сооднос со побарувањата и потребите на Алијансата, Координативниот центар за поддршка од земја домаќин започна со работа во април 2005 како дел од НАТО седиштето во Скопје, проект имлементиран за прв пат со земја членка на Партнерството за мир. Проектот на почетокот беше имплементиран на предлог на генералот Блис, кој во тоа време беше командант на НАТО силите во Скопје. На почетокот, проектот вклучуваше 11 офицери на АРМ, кои успешно ја завршија обуката за обврските поврзани со давање поддршка од земјата домаќин. Промовирајќи ја сопствената стручност и постигнувања, во 2006 година овие офицери станаа основата на Координативниот центар, кој постепено ги започна подготовките за превземање на задачите за поддршка на КФОР.

Во јуни 2007, со оглед на големото значење и на проектираните цели, Координативниот центар беше вклучен во формацијата на Командата за логистичка поддршка при ГШ на АРМ. На овај начин како додаток на учеството во Мисијата во Ирак, Авганистан, БиХ и Либан, АРМ учствува и во мисија за поддршка на Косово.

До сега повеќе од дваесет офицери на АРМ се обучени да работат во Координативниот центар, што од голема корист за планирањето и поддршката на слични мисии во блиска иднина за нас.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail