Министер за одбрана на Република Македонија

Д-р Зоран Јолевски

Slika -biogr-.Д-р Зоран Јолевски,
роден на 16.7.1959 година во Скопје.

Работно искуство:

Од 19.06.2014 година, Министер за одбрана во Владата на Република Македонија

дипломатско искуство:

Од 12.3.2007 г. е вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во САД. На 22.10.2010 година именуван е за нерезидентен вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Мексико, а на 6.4.2011 г. именуван е за нерезидентен вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Бразил. На 20.10.2011 година е именуван за постојан претставник на Р. Македонија во Организацијата на Американските Држави.

Од 1.1.2000 г. до 1.6.2004 г. е генерален секретар на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија. Како генерален секретар е задолжен за стратешки анализи, обезбедување поддршка за реализација на приоритетите на Претседателот, давање индивидуални и колективни насоки на вработените во Кабинетот со цел да се реализираат целите на Претседателот и др.

Од 1.1.1988 до 1.1.2000 година работи во Министерството за надворешни работи. Од 15.10.1994 г. до 1.9.1998 г. е прв секретар на Постојаната мисија за Република Македонија во Женева. Во периодот од ноември 1995 г. до март 1996 г. со одлука на Владата бил одговорен за подготовка на Меморандумот на Република Македонија за пристапување во Светската трговска организација.

друго работно искуство

Од 9.10.2006 година до 12.3.2007 г. е директор на “Проектот за подобрување на деловната клима во Македонија”, Booz Allen and Hamilton, Вашингтон, проект финансиран од УСАИД.

Од 1.6.2004 до 15.3.2006 г. е директор на “Проектот за усогласување на Македонија со Светската трговска организација”, Booz Allen and Hamilton, проект финансиран од УСАИД.

Позначајни преговарачки функции:

- во ноември 2008 г. е именуван за специјален пратеник во разговорите околу разликите во името под покровителство на ОН;
- во 2000 г. и 2001 г. по налог на претседателот Трајковски ги водеше преговорите за обновување на на дипломатските односи со НР Кина;
- во периодот 2000-2004 г. Владата на Република Македонија го именува за заменик национален преговарач и специјален советник на министерот за економија за пристапување на Република Македонија во Светската трговска организација;
- Од 1992 до 1994 г е секретар на Координативната група за сукцесија и Економската работна група при Меѓународната конференција за поранешна Југославија.

Позначајни меѓународни функции:

- Заменик претседавач на Комитетот за трговија на Економската комија за Европа на Обединетите нации ( од 2005 г. до 2007 г.)
- член на Групата специјалисти за развој на претпријатието преку интерент – Економска комисија за Европа на ООН (од 2000 г. до 2005 г.)
- Член на Бирото на Комисијата за странски инвестиции на UNCTAD (1998/1999 г);

Членство во Управни одбори на невладини организации:

- Член на управниот одбор на Macedonia 2025 (2007- )
- Основач и прв претседател на Институтот за економски стратегии и меѓународна политика „Охрид“ (2006 – 2007)
- Член на Претседателството на Евро-атлантскиот клуб во Македонија (2005 – 2007)
- Член на Центарот за стартешки истражување на МАНУ (2006 – 2007 г.)
- Претседател на Управниот одбор на Меѓународната офндација Борис Трајковски (2004-2005)
- Член на Комитетот „Е-Македонија за сите“ основан и раководен од Претседателот на Република Македонија (2000-2004)
- Член на Претседателството на Македонско-јапонско друштво на пријателство (1990-1994)
- Член на Претседателството на Туристички сојуз на Скопје (1988-1990)
- Член на Претседателството на Пливачки клуб „Вардар“

Образование:

Зоран Јолевски докторира во областа на меѓународни економски односи на Економскиот факултет во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во февруари 2001 г. Се стекна со звање магистер на правни науки (меѓународно трговско право) на Правниот факултет во Скопје во 1991 г. Дипломира на Економскиот факултет во Скопје во 1983 г. а во 1993 г. се стекна со постдипломска диплома од областа на меѓународните односи и развој на Институтот за општествени студии во Хаг – Холандија. Во 1994 г. го посетува IV-от Специјализиран курс од областа на трговската политика и регулативата на GATT, во Женева – Швајцарија.

Академски звања:

Во јануари 2007 година д-р Јолевски е избран во звање вонреден професор на Европскиот универзитет во Скопје, по предметите Меѓународни економски односи, Надворешна трговија и политика на Европската унија во економската сфера. На 9 јули 2003 г. е избран за доцент.

Објавени книги:

Министерот Јолевски е автор на две книги:
1. „Светскиот трговски систем“ Матица, Скопје, 2006 г.
2. „Мултинационалните корпорации: предизвик на современата економија” Еconomy Press, Скопје 1997 г.

и главен уредник на следниве публикации:
1. „Извештај за надворешната трговија на Република Македонија за 2005 и 2006“ – главен уредник и автор на неколку глави, Скопје, 2005 г и 2006 г.
2. Мандат за лидерство: Принципи за водење со Македонија во периодот 2006-2010, главен уредник, Институт за економски стратегии и меѓународни работи “Охрид“, Скопје, октомври 2006 г.

Воедно е автор на поголем статии.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail