SEEBRIG – South East European Brigade (Бригада на Југоисточна Европа)

SEEBRIG – South East European Brigade (Бригада на Југоисточна Европа)

Правна рамка за функционирање на SEEBRIG.

Бригадата е формирана во 1999 врз основа на Спогодба за ММСЈИЕ потпишан од страна на Министрите за одбрана на 26 септември 1998 во Скопје.

Во моментов Штабот на SEEBRIG (до средина на 2020) е лоциран во Грција. Во период од средина на 2020 до средина на 2026 домаќин на Штабот на SEEBRIG ќе биде Република Северна Македонија.

Шестиот дополнителен протокол беше потпишан на Состанокот на ЗНГШ (DCHODs) на земјите-членки на SEDM процесот, кој се одржа на 12.06.2019 година во Скопје.

SEEBRIG е составена од четири механизирани пешадиски баталјони, една механизирана чета, една извидувачка чета, еден извидувачки вод и единици за инжинериски намени. Единиците се декларирани во Бригадата од земјите-членки, меѓутоа остануваат на своите постојани домашни базични локации и се обврзани со принципот на наменски сили за вежби и операции по одлука на земјите учеснички и соодветната директива од Политичко-воениот управен комитет (ПВУК).

Во моментов командант на SEEBRIG е романскиот бригаден генерал Тудорица Петраке.

Република Северна Македонија во SEEBRIG придонесува со:
1.Механизирана пешадиска чета – во рамките на турскиот баталјон.
2. Инженериски вод – функционира во рамките на Инженериските наменски единици (сите земји-членки на SEEBRIG придонесуваат со свои капацитети во Инженериските наменски единици во SEEBRIG).
3. Штабни офицери
a)       Заменик началник на штаб за поддршка, (местото е на мултинационална ротациона основа);
b)       Администратор/возач на Заменик началник на штаб за поддршка, (местото е на мултинационална ротациона основа);
c)    Началник на секцијата Г-7 Инженерија (местото е на тригодишна ротациона основа меѓу Македонија и Албанија); -
d)    Администратор/возач во секцијата Г-7 Инженерија (местото е на тригодишна ротациона основа меѓу Македонија и Албанија);

Претстојни активности:

-       Преселба на Командата на SEEBRIG од Лариса, Грција во Куманово, Република Северна Македонија, втора половина на јули 2020 година,
-       Вежба Seven Stars 20, РСМ, октомври 2020 година,
-       Вежба SEESIM 20, Грција, октомври 2020 година.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail