Воен Музеј

СЛУЖБА ЗА ВОЕНА ИСТОРИЈА-ВОЕН МУЗЕЈ

voen-muzej-header

Воениот музеј на Република Македонија е основан во 2006 година како прв специјализиран национален музеј во 28 вековната воена историја на Македонија со кој се манифестира осамостојувањето на Република Македонија и борбата за слобода и стекнување на државна независност. Воениот музеј свечено е отворен на 1 август 2006 година на локација во Касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром.Заради приближување на содржините на Воениот музеј кон пошироката јавност и збогатување на културно-историската понуда за домашните и странските посетители со Одлука на Владата на Република Македонија во 2008 година Воениот музеј е дислоциран во централно градско подрачје на просторот под Скопската тврдина Кале. Со позиционирање на Воениот музеј како специјализирана национална институција за истражување на воената историја на Македонија во центарот на Скопје се зајакнува меѓуинституционалната соработка и се докомпонираат содржините прикажани на спомениците на видни војсководачи и идеолози на македонската борба за државност и самостојност поставени во централното градско подрачје, како и содржините на Музејот на македонската борба за државност и самостојност – Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим, Археолошкиот музеј на Македонија, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, Музејот и гробот на Гоце Делчев во „Црквата Свети Спас“, Музејот на Македонија и другите институции од областа на културата, образованието и науката сместени во јадрото на најатрактивните туристички понуди во престолнината на Република Македонија.Административните простории и внатрешен изложбен простор на Воениот музеј се сместени во објектот во Стара скопска чаршија кој заеднички го користат Национална Установа Музеј на Македонија, Национален Конзерваторски центар на Република Македонија и Воениот музеј во состав на Министерството за одбрана на Република Македонија. Воениот музеј го користи расположливиот капацитет на објектот во кој се сместени Кино сала, Продавница на сувенири, Централно депо, Конзерваторкски лаборатории и простор за времени изложби. Музејската поставка на отворено за Воениот музеј на Македонија е проектирана под Скопската тврдина Кале.Во 2012 година Воениот музеј станува постојан член на реномирана Меѓународна мрежа на музеите за мирот со седиште во Хаг, Холандија како прв и единствен национален музеј од Балканот и регионот на Југоисточна Европа заедно со Нобеловиот Мировен Центар од Осло, Музејот на Меѓународниот Црвен крст од Женева и други познати светски музеи чија главна мисија е промоција на мирот во светот (линк http://www.inmp.net). По влегувањето во меѓународната мрежа на музеите за мирот Воениот музеј организационо се трансформира во Музеј на мировни и безбедносно-одбранбени истражувања во состав на Министерството за одбрана на Република Македонија.Воениот музеј досега организирано го посетиле голем број детски градники, основни и средни училишта и студенти, како и странски воени делегации и бројни посетители речиси од целиот свет.

ИСТОРИЈАТ НА ФОРМИРАЊЕ

  • 1995-2005 Научно-истражувачка и образовна дејност во рамките на предметите Воена историја на Македонија и Воена историја на додипломските студии и предметот Еволуција на војувањето на командно штабна академија на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје
  • 1997 Во Скопје е потпишан Протокол за соработка во областа на воената историја, воените архиви, воената музеологија и воените публикации, помеѓу Генералштабот на Армијата на Република Македонија и Генералштабот на Армијата на Република Турција
  • 1997 Остварено најголемо откритие во областа на воената историја на Република Македонија – во Воениот музеј на Турските вооружени сили во Истанбул д-р Ванче Стојчев како член на воена делегација на Министерството за одбрана го откри оригиналниот примерок на Црешовото топче употребено во Илинденското востание при одбрана на Крушевска Република во август 1903 година.
  • 2000 Министерството за одбрана ја објави за прв пат во историјата на Македонија книгата на тема „Воена историја на Македонија“ од автор проф. д-р Ванче Стојчев, која во истата година ја доби државната награда „13 Ноември“.
  • 2002 Во Скопје е реализирана средба и размена на искуства со Центарот за Воена историја на Армијата на САД.
  • 2002 Учество на претставник на Министерството за одбрана на меѓународен научен симпозиум во организација на Конзорциумот на Партнерството за мир одржан во Софија, Република Бугарија, на тема „Воена политика на Европа од 1870-1914 година“ со труд „Одбранбена политика на Балканот и поделбата на Македонија во 1913 година“.
  • 2002 Делегација на Министерството за одбрана од областа на Воената историја оствари средба и научноистражување во Службата за воена историја на армијата на Република Франција во Париз.
  • 2003 По повод јубилејот „100 години од Илинденското востание“ Министерството за одбрана го реализира временото донесување и изложување на оригиналниот примерок на „Црешовото топче“ во Скопје и Крушево. Во периодот од јули до септември 2003 година оригиналното Црешово топче беше најголемата атракција при одбележувањето на јубилејот и притоа го видоа голем број граѓани на Република Македонија и посетители од странство. Денес овој вреден експонат, во согласност со строгите меѓународни акти и домашни закони во Р. Турција кои ја регулираат музејската дејност се чува во Воениот музеј во Истанбул.
  • Министерството за одбрана финансиски го поддржа снимањето на документарниот филм за Црешовото топче во соработка со Македонска радиотелевизија.
  • 2003 Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје е одржана научна трибина по повод „100 години од Илинденското востание“ и презентирани се резултатите од научноистражувачкиот проект “Информатичка поддршка на наставата по Воена историја“. На научниот Симпозиум организиран во Македонската Академија на Науките и Уметностите по повод 100 години Илинденското востание учествуваа и гостите на Министерството за одбрана од Службата за воена историја на армијата на Република Франција.
  • 2004 Министерството за одбрана ја преведе и свечено ја промовира книгата „Воена историја на Македонија“ на англиски јазик
  • 2005 Експертски тим од Министерството за одбрана предводен од полковник проф. д-р Ванче Стојчев го изработи проектот за формирање на Воениот музеј
  • 28 јуни 2006 Одлука на Владата на Република Македонија за почеток со работа на Воениот музеј
  • 1 август 2006 Свечено отворен Воениот музеј во Касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, Општина Аеродром

МИСИЈА
Воениот музеј е особено важна специјализирана национална институција која:
- открива, собира, истражува, конзервира и чува предмети, документи и други сведоштва поврзани со Воената историја на Македонија.
- организира постојани и времени изложби
- организира едукативни програми и настаниОсновни задачи на Воениот музеј се:
- афирмација на Армијата на Република Македонија и военото минато на земјата
- едукација на младите
- јакнење на националната свест низ обединување на граѓаните околу културното наследство на државата

ОРГАНИЗАЦИЈА
Во согласност со законските прописи и интерните организациски акти на Министерството за одбрана Воениот музеј е специјализиран национален музеј во состав на Министерството за одбрана директно хиерархиски одговорен пред министерот за одбрана.

Д-р Александар Стојчев

A. Stojcev_web

Роден на 05.04.1975 година во Белград
Свето крштение на 01.10.1975 во храмот на МПЦ „Св. Никола“ во Штип

Работно искуство:

  • Од 2006 Раководител на Служба за воена историја-Воен музеј во Министерството за одбрана
  • 2002 – 2006 Асистент по Воена историја на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје

Академски звања и наставно работно искуство:

  • 2013 Вонреден професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје за област Воена историја
  • 2009 Доцент по Воена историја на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје
  • Од 2012 Наставник по предметот „Балканските војни и Првата светска војна“ на Универзитетот Гоце Делчев во Штип
  • Од 2009 Наставник по предметот „Воена историја“ на Воената академија „Генерало Михаило Апостолски“ во Скопје

Образование и обука:

  • 2012 Сертификат за учество на Програма за лидери за меѓународни посетители (IVLP) на тема „Разрешување на конфликти“ во организација на Стејт департментот на повеќе локации во САД.
  • 2009 Доктор по историски науки на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Докторска дисертација на тема „Македонскиот фронт 1915-1918 година“ одбранета во Институтот за национална историја-Скопје.
  • 2006 Магистер по историски науки на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Магистерска теза на тема „Дојранските позиции на Македонскиот фронт 1915-1918 година“ одбранета во Институтот за национална историја-Скопје.
  • 2002 – 2003 Школо за резервни офицери на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје.
  • 2002 Семинар на Партнерството за мир на тема „Употреба на интернетот од страна на учесници во меѓународна безбедносна политика“, организирано од Владата на Швајцарија и Кабинет на Претседател на Република Македонија
  • 2001 Дипломиран професор по историја, Филозофски Факултет – Оддел за Историја, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Објавени книги и публикации:

  1. Александар Стојчев, Ванче Стојчев, Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година, Институт за национална историја, Скопје, 2013.
  2. Александар Стојчев, Студија за формирање на Музеј на Првата светска војна во Дојран во рамките на проектот „Претворање на линиите на поделба во точки на спојување“ на ИПА за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија – Општина Ќустендил и Општина Дојран, Дојран 2012.
  3. Александар Стојчев, Нобеловците и АРМ за мирот, Воен музеј, 2011.
  4. Александар Стојчев, Дојран 1915-1918 (Воени операции), Институт за национална историја, Скопје, 2007.
  5. Vanče Stojčev, Aleksandar Stojčev, Military History of Macedonia Maps, Military Academy “General Mihailo Apostolski”, Skopje, 2004.

Д-р Александар Стојчев е автор на повеќе музејски изложби и публикации, член на организациони одбори и учесник на повеќе меѓународни научни конференции во Република Македонија и во странство, учесник во меѓународни научноистражувачки проекти, автор на повеќе научни и стручно-апликативни трудови, како и автор на текстови за сценарио и говорник во повеќе документарни и популарни телевизиски емисии од областа на историската наука.

Zbirka_Artefakti

Република Македонија

  • 2009-2011 Поддршка за комплетирање на музејски збирки на Музејот на македонската борба за државност и самостојност – Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим
  • 2010 Учество во проект за деминирање на водите на Охридското езеро и идентификација на откриеното военоисториско наследство
  • 2011 Работилница во Воениот музеј за изработка на идејно решение за нови гардиски униформи на Армијата на Република Македонија
  • 2011 Во соработка со Општина Аеродром изложен е експонатот млазе авион Т-33 Локид од америкаснко производство во паркот на Општина Аеродром
  • 2012 Поддршка со филмски реквизити за проект на Министерството за култура за снимање на филм “До Балчак“
  • 2013 Во соработка со Национална установа Завод и Музеј Битола во екстериерот на битолскиот музеј се изложени музејски експонати борбени оклопни возила и артилериски орудија од гарнизонот на АРМ во Битола.

Меѓународни

  • 2010 – 2014 Во тек се подготовките за издавање заедничка публикација на Министерството за одбрана на РМ и Генералштабот на вооружените сили на Република Турција на тема „Турско-македонските односи низ историјата“.
  • 2013 – 2018 Учество на Република Македонија во одбележување на стогодишнина од настани од Првата светска војна во Република Македонија и во меѓународни рамки на билатерално и мултилатерално ниво

Антика и среден век

Илинден

НОБ

 Контакт:
Адреса: Ул. Јосиф Михајловиќ бр. 7, 1000 Скопје
Телефон: +389 2 3118 421
Факс: +389 2 3227 835
е-пошта:voenmuzej@morm.gov.mk
Работно време:
Изложби:
„Нобеловците и АРМ за мирот“
Секој ден од 9-17 часот освен во понеделник и за празници„Спомен соба на Генералот Михаило Апостолски“ – со најава
Администрација: понеделник-петок 8.30 – 16.30 часот
Цена на влезница: слободен влез
Локација на музејот:

lokacija na muzejot

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail