Македонија членка на Евроатлантски партнерски совет

Евроатлантскиот партнерски совет (EAPS), создаден во 1997 за да го замени Северноатлантскиот совет за соработка, ги вклучува 19-те сојузници и 27 партнери (1) во заеднички форум кој е средиште на редовни советувања и соработка. Советот се состанува периодично на амбасадорско ниво и на ниво на министри за надворешни работи и за одбрана.

Претседателите на држави и премиерите на 46-те земји-членки можат исто така да се состанат во посебни околности, како што се случи тоа во Вашингтон, во април 1999. ЕАПС Самитот во Вашингтон беше можност за отворени разговори меѓу лидерите на 44-те земји членки во врска со одбрамбената соработка во 21-ot век во рамките на ЕАПС. Лидерите се задржаа на клучните одбранбени предизвици во ЕАПС зоната, а пред се на ситуацијата на Косово.

Претседателите на држави и премиерите потпишаа два документа во врска со понатамошниот развој на Партнерството за мир. Првиот, наречен “Политичко-воена рамка за ПзМ операции предводени од НАТО”, се однесува на ангажираноста на земјите партнери во политичките консултации и во донесувањето одлуки, во оперативното планирање и во командните аранжмани за идните операции предводени од НАТО, во кои тие партиципираат. Вториот документ е таканаречениот “Кон партнерство за 21-от век – Зајакнато и пооперативно партнерство”. Овој документ ги истакнува главните елементи чија намена е зголемување na оперативностa на Партнерството за мир (ПзМ).

ЕАПС играше мошне значајна улога како форум за консултации за време на косовската криза. Се одржаа повеќе вонредни состаноци со цел партнерите да бидат информирани во врска со плановите и подготовките на НАТО за можната воена опција на Косово и заради размена на мислења со партнерите во врска со развојот настаните.

Основа

Активностите на ЕАПС се опфатени со двегодишниот работен план кој е фокусиран врз консултации и соработка во врска со голем број политички и одбрамбени теми, вклучително регионални прашања, контрола на трговијата со оружје, меѓународен тероризам, зачувување на мирот, одбрамбено-економски прашања, планирање во цивилно-вонредни состојби, научни и еколошки прашања.

Речиси сите ЕАПС земји кои не се членки на НАТО воспоставија дипломатски мисии акредитирани при НАТО, со што се продлабочија контактите меѓу НАТО и партнерите и се зголеми подготвеноста и ефикасноста на соработката. Едно од важните достигнувања на ЕАПС беше воспоставувањето на Евроатлантскиот координативен центар за одговор при катастрофи (EADRCC) во Седиштето на НАТО, а по предлог на Руската Федерација.

Центарот беше инаугуриран во јуни 1998 и веднаш беше повикан да му помогне на Високиот комесар за бегалци на ОН во неговите напори за згрижување на бегалците кои од Косово се упатуваа кон Албанија. Како одговор на ескалацијата на бегалската криза во регионот кон крајот на март 1999, НАТО и партнерите организираа координирана хуманитарна помош. Исто така, EADRCC имаше значајна улога во координирањето на хуманитарната помош за поплавените подрачја во Западна Украина кон крајот на минатата година.

ЕАПС, исто така, помогна во зајакнувањето на практичната регионална безбедносна соработка преку локални семинари кои се дел од неговиот Акционен план. Првиот ваков регионален семинар за соработка се одржа во Грузија, во октомври 1998. Оттогаш слични семинари се одржаа во Литванија и во Словачка, со два дополнителни семинара планирани за 1999 во Бугарија и во Узбекистан.

Беа разгледани повеќе предлози за идни практични иницијативи, вклучувајќи ги и можните начини преку кои ЕАПС би ги поддржал хуманитарните акции против мините, како и средствата за контрола на илегалната трговија со малото оружје.

Белешка:

1. Албанија, Ерменија, Австрија, Азербејџан, Белорусија, Белгија, Бугарија, Канада, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Италија, Ирска, Казахстан, Киргишката Република, Летонија, Литванија, Луксембург, Молдавија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Русија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Таџикистан, поранешната Југословенска Република Македонија (2), Турција, Туркменистан, Украина, Велика Британија, САД, Узбекистан

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail