Односите меѓу Русија и НАТО

Во декември 2000 г. во рамките на седниците на Постоjаниот смесен совет на министрите за одбрана и за надворешни работи на земjите-членки на НАТО тие се сретнаа со нивните руски колеги маршал Игор Сергеjев и министер Игор Иванов. Учесниците го поздравиjа напредокот остварен во диалогот помеѓу Русиjа и НАТО по седниците одржани во маj и jуни кога беа воспоставени и првите званични контакти на Постоjаниот смесен совет на ниво министри по воздушната кампања на соjузниците. Овие состаноци го забележиjа и унапредувањето на работните врски на Русиjа со НАТО по едногодишниот прекид предизвикан од разликите во врска со кризата на Косово.

И министрите за одбрана‚ и министрите за надворешни работи jа потврдиjа своjата спремност да работат за успоставувањето на jака и стабилна соработка преку Постоjаниот смесен совет со цел заjакнување безбедноста и стабилноста во евро-атлантската зона како што е записано во Основувачкиот договор од 1997 г. за односите меѓу НАТО и Русиjа (види понатаму). Во своjа изjава на состанокот на министрите за надворешни работи генералниот секретар на НАТО лорд Џорџ Робертсон укажува на тоа дека “основната порака на овоj документ останува и понатаму валидна” и дека Постоjаниот совет е “една од наjважните институционални структури настанети во периодот по студената воjна”.

Министрите за одбрана кои се сретнаа на 5 декември се сконцентрисаа врз приоритетите во сферата на одбраната и воjната активност. Тие постигнаа споразум во врска со работна програма поврзана со откривањето и спасувањето во море и ги размениjа мислења во врска со реформата во одбраната и преструктурирањето на вооружените снаги на одделните држави при што се договориjа да ги продолжат дискусиите и да размислат за можните начини за унапредување соработката во таа сфера. Министрите го поздравиjа постоjаниот напредок во соработката меѓу официрите на НАТО и Русиjа во SHAPE и се споразумеа да започнат консултации со цел отварање Воjна мисиjа за врски на НАТО во Москва.

На состанокот коj што беше одржан на 15 декември министрите за надворешни работи го одбележиа со задоволство широкиот опфат на теми кои се од интерес и за НАТО и за Русиjа и кои биле разгледувани во рамките на Постоjаниот смесен совет во текот на претходните шест месеци. Овие прашања вклучуваат стратегиjа и доктрина‚ контрола на наоружувањето‚ ширење на наоружувањето‚ воjна инфраструктура‚ проблеми на атомското оружjе‚ преквалификациjата на воjните лица ослободени од воjна служба‚ како и операциите за откривање и спасување на море. Со тоа да се искористат резултатите од натрупаната инерциjа‚ министрите jа одобриjа конструктивна работна програма со смерници за консултации и соработка меѓу Русиjа и НАТО во рамките на Постоjаниот смесен совет во 2001 г. Министрите се договориjа да се отвори Информативна служба на НАТО во Москва. Размената на писма во врска со таа тема меу Генералниот секретар на НАТО и министерот за надворешни работи на Русиjа ги создадоа услови службата да се отвори на 20 февруари.

Заеднички напори за заштита мирот на Балканот

Ситуациjата во бивша Jугославиjа беше основен елемент во дискусиите во текот на состаноците и на министрите за одбрана и на министрите за надворешни работи кои ги поздравиjа позитивните перспективи коjи што настанаа како резултат од мирните и демократски промени во Соjузна Република Jугославиjа во октомври минатата година. Министрите високо оцениjа одличната соработка меѓу единиците на НАТО и на Русиjа во Босна и Херцеговина и во Косово‚ при што jа потврдиjа своjата решеност да ги исполнат клаузулите на Мирниот договор од Деjтон и на Резолуциjата 1244 на Советот за сигурност на ООН.

Во овоj момент Русиjа го одржува контингент од 1 200 луѓе како и контингент од 3 150 луѓе во составот на КФОР со вкупна броjчаност од 42 500 луѓе. И покраj разликите до кои што беше доjдено во текот на воздушната кампања на Соjузниците‚ воената соработка меѓу единиците на Русиjа и НАТО продолжи во Босна и Херцеговина каде што SFOR под раководството на НАТО деjствува за успоставувањето на траjна основа за мирот и стабилноста. По краjот на 78 дневната кампања Русиjа прифати да испрати значителен контингент во Косовските снаги (KFOR) под раководството на НАТО на коj ООН му го даде мандат да го спречи обновувањето на конфликтот и да ги создаде услови за мир.

Основувачкиот договор за односите меѓу НАТО и Русиjа

Основата за соработка меѓу НАТО и Русиjа беше создадена со Основувачкиот договор за односите‚ соработката и безбедноста меѓу НАТО и Русиjа коj што беше потписан во Париз во маj 1997 г. Овоj документ беше одраз на напредокот постигнат во развитокот на односите меѓу НАТО и Русиjа по придружувањjето на Русиjа кон новосоздадениот Северноатлантски совет за соработка во 1991 г. (трансформиран во 1997 г. во Евро-атлантски совет за партнерство) и кон програмата Партнерство за мир во 1994 г. Основувачкиот договор е одраз на траjните обврски преземени на наjвисоко политичко ниво за заеднички активности во изградбата на траен и сеопфатен мир во евроатлантската зона. Согласно Основувачкиот договор беше создаден и Постоjанен совет како форум за консултации и соработка коj што овозможи на НАТО и Русиjа да се зафанат со една сериозна програма во сферата на безбедноста и соработката во областа на одбраната. Постоjаниот совет е одраз на билатералните обврски во изградбата на стабилен‚ сигурен и единствен континент на основата на партнерството и заемниот интерес.

Постоjан смесен совет НАТО – Русиjа

Постоjаниот смесен совет е нераздвоен дел од рамката на соработка создадена со Основувачкиот договор. Советот чиjа прва седница беше одржана на 18 jули 1997 г. се претвори во точка на пресекување на напорите за изградба на поверење‚ за надминување на неразбирањето и за создавање на график за регуларни консултации и соработка. Основната цел на Постоjаниот смесен совет е да jа заjакне соработката меѓу НАТО и Русиjа и да ги определи можностите за заеднички активности. Регуларните состаноци на ова тело кои почнаа да се одржуваат речи си секоj месец доведоа до воспоставувањето на нов начин на диjалог и до подигнувањето на претходните контакти до безпрецедентно ниво. Состаноците се одржуваат со заемната договореност дека двете страни го задржуваат правото да ги донесуваат одлуките независно една од друга. Во состаноците учествуваат претставници на различни нива‚ вклучително државни и владини раководители‚ министри за одбрана и надворешни работи и амбасадори. Началниците на штабови и воени претставници на НАТО и Русиjа исто така се сретнуваат под покровителството на Постоjаниот смесен совет. Покраj ситуациjата на Балканот и прашањата поврзани со мисии за одржување на мирот‚ дискусиите ги опфаќаат и неширењето на оружjето за масовно уништување‚ контролата на наоружувањата‚ реформите во сферата на одбраната‚ операциите за откривање и спасување на море‚ планирањето во услови на елементарни незгоди‚ научна соработка и проблеми на човековата околина.

Овоj текст не е званично одобрен документ на НАТО и затоа не е задолжително да представува званичните ставови на владите на одделните земjи-членки по сите разгледувани политичка прашања.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail