Меѓународна соработка

Меѓународната димензија на политика на одбраната на Република Македонија е интегрален дел од општата меѓународна политика на државата. Со естаблирањето на Република Македонија како независна, самостојна и суверена држава, меѓународна политика на одбраната на Република Македонија се градеше врз јасни принципи.

Република Македонија уште од самиот почеток својата стратегија ја заснова и насочува, пред се, кон структурите на евроатлантските политичко-безбедносни интеграции, со желба за нејзино целосно вклучување во нив, а тоа се Европската Унија и НАТО, но, и другите меѓународни организации како што се Обединетите Нации, ОБСЕ, Западно-Европската Унија, Советот на Европа, итн. Активното учество на Република Македонија во сите овие структури, е долгорочна цел на државата, и таа своето место го гледа како рамноправен член на новиот европски политичко-безбедносен систем.

Република Македонија, покрај градењето на сопствен одбранбен систем, одлучи својата одбранбена стратегија да ја заснова и со членувањето во колективните системи на безбедност и одбрана, затоа што, како дел од европскиот безбедносен механизам, тоа е единствениот начин, да се постигне поголема ефикасност и висока борбена готовност, како и заштита на сувереноста и територијалниот интегритет на земјата.

Тоа се основите врз кои се темели желбата на Република Македонија за полноправно членство во Алијансата, на што во изминативе години се работеше интензивно на неколку полиња. Република Македонија воспостави целосна цивилна контрола врз одбраната, извршена е трансформација на вооружените сили според стандардите на НАТО, усвоени се принципите на раководење и командување во Алијансата, обуката и школувањето на офицерите се изведуваат според критериумите на НАТО, изграден е проект за компатибилен комуникациски и информациски систем, како и студија за компатибилен систем за заштита на сувереноста на нашето небо.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail