Коментари на дел од лицата што поминале низ транзициските семинари

Начинот на работа за време на транзициските семинари со слушателите е интерактивен, со посебен акцент на пактични вежби во кои слушателите ќе можат искуствено да осознаат одредени работи земајќи ја предвид нивната старосна структура и образованото ниво.

Со цел подобрување на квалитетот на работата на предавачите како и доближување на содржините опфатени на овој семинар до крајните корисници т.e кандидатите за транзиција, на третиoт ден од семинарот се пополнуваат прашалници за евалуација во кои се оценува работата на самите предавачи, корисноста на содржините опфатени во семинарот, условите во кои се изведувааат содржините, користењето на посебни технички помагала и слично.

Во самите прашалници слушателите имаат можност да го искажат своето мислење за семинарот во однос на гореспоменатите сегменти, да дадат нивни лични видувања за тоа како го доживеале семинарот, како и нивни предлози за нови тематски содржини за идните семинари кои би предизвикале поголема заинтересираност.

Во следните редови ви пренесуваме дел од коментарите што слушателите на тродневниот транзициски семинар ги запишаа во писмена форма на самите листи за евалуација.

Транзициски семинар во период од 22.11 до 24.11.2006 година

„Многу квалитетни предавања, за мене лично и многу корисни. Нешто ново што до сега не сум слушнал, а сега добив можност“.
„Одлично организиран семинар, јас лично би сакал повеќе предавања од областа на менаџментот“.
„Семинарот е одличен и ќе го препорачам на сите оние кои ги знам“.
„Прирачникот да се достави порано до слушатели кои ќе одат на семинарот како би имале можност истиот да го проучат , и за време на семинарот поголем дел од времето да биде посветен на практични вежби“.
„Го препорачувам семинарот бидејќи содржините во него се интересни, а и самиот пристап со слушателите од страна на предавачите е високо професионален“.
Пофалба за целиот тим, за организацијата, љубезностa и за посветеноста, благодарам.

Транзициски семинар одржан во периодот од 06.12. до 08.12. 2006 година

„Би го препорачал на сите колеги кои одат во пензија.Семинарот беше доста добро организиран, со запознавање на нови непознати содржини во досегашната работа“.
„Би требало да има видео материјал за целиот циклус, од првиот транзициски семинар, пред почетокот на обуката, по завршување на обуката.Исто така доколку некој се вработи, да има (видео снимка) за да може да се види пред другите слушатели“.
„Да се организира овој семинар пред да се оди во пензија“.
„Презадоволен, мислам дека научив работи со кои порано не сум имал можност за да се сретнам, и да ги слушнам“.
„Семинарот е одлично организиран, пружа можности многу да се научи“.
„Прекрасни сте; Благодарам; Ќе ве известам за ефектот од овој семинар; Предавачите се одлични;Просторот е одличен; Останатиот персонал е одличен“.

Транзициски семинар во период од 20.12. до 22.12.2006 година
во Центар за транзиција во Кичево

„Го поздравувам одржувањето на транзицискиот семинар. Министерството за Одбрана се покажа како добар работодавач кој се грижи за неговите вработени и по престнокот на службата“.
„Одлична организација и реализација“.
„Повеќе предавања од областа на развој на сопствени бизниси прилагодени за општина Кичево и регионот“.
„До сега не сум присуствувал на семинари од ваков тип, навистина се корисни особено за справување со процесот на транзиција“.

Транзициски семинар во период од 16.01.до 18.01.2007 година

„Апсолутно препорачлив семинар за сите предвремено пензионирани воени лица, со задолжително овозможување на натамошно дошколување- курсирање на заинтересираните“.
„Корисно за согледување на нашето знаење (незнаење) Секој имаше можност да го види снименото интервју и да ги согледа своите добри и лоши страни за понатамошна корекција.Особено е корисно усвоеното знаење за пишување на ЦВ и писмо на мотивација“.
„Оваа обука потребно е да ја посетува секој што оди во пензија од АРМ“.
„Семинарот е одличен , јас само сакам да дадам едена моја препорака која се однесува на вежбата за ситуциско снимање на интервју, Пред да почне снимањето да се прочита во вид на оглас работното место за кое се конкурира“.
„Убава, замисла, прекрасна реализација, едно големо благодарам“.

Транзициски семинар во период од 23.01 до 25.01.2007 година

„Љубопитноста поради која дојдов да видам што е сега ова, се претвори во вистинска заинтересираност за содржините и корисноста од истите презентирани за време на семинарот“.
„Мислев дека имам каква таква цел за тоа што ќе работам по завршувањето на службата.За време на овој семинар се проширија моите видици за нови можности“.
„Првото нешто што ми падна на памет дека можам да работам како обезбедување бидејќи немам соодветна диплома за во цивилство, повеќе не го гледам како моја слаба страна него како моја јака страна , а за тоа е најзаслужен транзицискиот семинар“.

Транзициски семинар во периодот од 20.02. до 22.02.2007 година
во Центар за транзиција во Штип

„Го препорачувам на сите што завршуваат со војничка кариера особено на пфв“.
„Семинарот е без дилема одличен( само да беше порано организиран)“.
„Во текот на презентацијата да има повеќе практични примери, и поактивно учество на слушателите“.
„Избор на теми на изучување од ниво на реални услови во смисол теми за бизнис од насиот регион.Избор на теми за презентација од ниво на условите во општина Штип“.

Транзициски семинар во период од 27.02 до 01.03.2007 година

„Повеќе примери и повеќе вежби; Кандидатите да бидат стварно заинтересирани за семинарот“.
„Ова што се научи на семинарот е одлично, но битна е и економската оправданост, законската регулатива да биде соодветна и стимулативна за развој на сопствен бизнис“.
„Да има правни толкувања на законите во врска со пензионирањата и дополнителните вработувања“.

Транзициски семинар во период од 27.03 до 29.03.2007 година

„Правовремено обавестување на единиците и установите како би биле на време известени за можностите што ги нуди програмата Лепеза“.
„Големо благодарам до предавачите но останува еден горчлив впечаток зошто е потебно сево ова, и зошто е дојдено до тоа да луѓето во својата полна животна зрелост се оставени сами на себе .Но благодарение на ЛЕПЕЗА има „светло во тунелот“
„Ова е за поздравување само што за отварање на сопствен бизнис потребно е и финансиска поддршка“.
„Лутината што ја имав на почеток поради тоа што јас сум на списокот за предвремена пензија преку разработување на темите промена и транзиција како и справување со транзиција истата ја надминав и мислам дека ако не дојдев на овој семинар суште ќе бев лут, и не ќе можев да ги согледам моите вистински капацитети и можностите што ги нуди и цивилниот пазар на трудот“.

Транзициски семинар во период од 02.10. до 04.10.2007 година

„Да се продолжи со активностите, бидејќи во иднина нејзиното значење и помош на припадниците на АРМ ќе биде од суштинско значење“.

„Ми беше задоволство што бев дел од групата, и се надевам дека ќе ми биде од полза во моето понатамошно работење.Им се заблагодарувам на целиот тим“.

„Содржините се одлични , времетрањето на семинарот да се продолжи на 5 работни дена“.

„Ако семинарот се одржи во единицата додека се уште не сме отидени во пензија, мислам дека поголем број на воени лица ќе сакаат да одат предвреме во пензија и да ја пробаат својата шанса за втора кариера“.

„Им благодрам на сите што учествуваа во осмислувањето и рализацијата на оваа програма“.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail